Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО
СДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?
1Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО
2СДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?
3Серафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходи
Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
1Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
ЗабаваТинејџерка од Хаваи е прогласена за Мис на САД (ФОТО)Килани Аруда од Кауаи, Хаваи е крунисана за тинејџерскиот избор за Мис на САД, со што стана втораста хавајска победничка на натпреварот што се одржува секоја година.Финалето на натпреварот, кое требало да се одржи на пролет, но било одложено поради пандемијата на коронавирус, се одржа во саботата во Мемфис, а било прикажано во живо на Фејсбук страницата на Мис на САД. #MissTeenUSA 2020 is....Hawaii!!! #MissTeenUSA is LIVE from @visitgraceland on the Official Miss USA Facebook Page. https://t.co/SooOI1wUm3 pic.twitter.com/xFwNlGGdUV — Miss Teen USA (@MissTeenUSA) November 8, 2020 Miss Teen USA 2005, Али Лафорс и Miss USA 2019 Чесли Крајст биле водителки на шоуто. Панелот на поранешните победници на Мис Универзум, заедно со sвездата на ТикТок, Сара Ешегареј, ја избрале победничката, пишува Си-Ен-Ен. The official portrait of #MissTeenUSA2020 Ki'ilani Arruda wearing the @mouawad #powerofhope crown. ✨👑 pic.twitter.com/8jyFIbMdfJ — Miss Teen USA (@MissTeenUSA) November 8, 2020 Тинејџерките од сите 50 држави плус една од Колумбискиот округ се натпреварувале за круната. Победила 18-годишната Аруда, бруцош од универзитетот Пугет Саунд, која студира молекуларна и клеточна биологија и се надева дека ќе стане дерматолог. Девојката добила бројни комплименти на социјалните мрежи, каде што луѓето пишуваат колку е убава и паметна. View this post on Instagram What a day! I had so much fun at @missteenusa registration and fittings! Thank you so much #Graceland @guesthousegraceland for hosting us this year! Only 3 days to go until preliminaries! Here we go Hawai’i, I love you! ❤️🌺👑 #misshiteenusa #confidentlybeautiful #roadtomissteenusa A post shared by Ki'ilani Arruda (@misshiteenusa) on Nov 3, 2020 at 6:08pm PST Дијагнозата на аутизмот на нејзиниот помлад брат ја инспирирала да се залага за свесност за аутизмот. View this post on Instagram I just finished my interview for @missteenusa !!!👑✨I am so grateful for the opportunity to compete for this title and I can’t wait to be in #Graceland for the final show!!! #roadtomissteenusa #confidentlybeautiful #misshawaiiteenusa A post shared by Ki'ilani Arruda (@misshiteenusa) on Oct 23, 2020 at 12:57pm PDT Последната личност од Хаваи што победила на Мис тинејџер на САД била Кели Ху во 1985 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКОГрција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат на кандидатурата на Преспанското езеро за вклучување на листата на светско наследство на УНЕСКО.Иницијативата првично беше покрената од грција во 2014 година, но сега во неа се вклучуваат и Албанија и Македонија, кои го делат езерото со Грција. Процесот ќе биде поддржан и од Европската унија. Министрите за култура на трите земји — Лина Мендони од Грција, Бленди Гонџа од Албанија и Седат Сулејмани од Македонија — следниот петок ќе се сретнат во грчката општина Преспа, каде што ќе разговараат за следните чекори. На средбата ќе присуствува и Михалис Рокас, шеф на дипломатската мисија на европската комисија во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?На заедничка прес конференција во Скопје, во Владата, Претседателката на Европската комисија кажа: местото е во Унијата. Останува еден чекор - да се отвори првиот кластер, Основи. И рече јасно: Европа ја пречекува С.Македонија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик. Културата и јазикот ја прават Унијата побогата. Мотото е различност и обединетост. Тоа е реченицата што Мицкоски во кампањата ја продаваше како предадена. Никогаш Северна. Укинување на Преспански договор. Враќање на името. Па дојдоа на власт. Е откако дојдоа Преспа ја нанарече ремек-дело на дипломатијата. Силјановска рече: јазикот, културата и национален идентитет се заштитени. Тимчо рече: НАТО никогаш подобра работа за бизнисот. Сега и Фон дер Лајен, пред камери, пред арамијата: ве чекаме со вашиот идентитет и ваш јазик. Што остана од патриотизмот? Бугарските пасоши во редовите на ВМРО. Фирмите во Бугарија. И обвинението дека другиот работи по налог на Радев. Латас - Гебелс. Чекорот што го бара ЕУ не е предавање. Основите се: судство, обвинителство, борба против корупција. Истиот чекор што Мицкоски го запира две и пол години. Второт рок истече. 1 јуни беше ветување. Ниту глас. А пред членство - Лаура Ковеши. Затоа вели „не по секоја цена“. Не поради јазикот, не поради идентитетот. Поради истрага и страв од одговорност. Патриотот нема што да каже. Идентитетот го потврди Брисел. Вратата ја држи тој. СДСМ го кажа ова уште пред избори. Денеска го рече и Фон дер Лајен. Лагата остана кај бандата. Скопје, 02.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходиГо поддржуваме органското производство да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.Го поддржуваме органското производство да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој денес во Куманово ги отвори деветтиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2026“ и петтиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак 2026“. „Органското земјоделство е современ, прецизен и контролиран начин на производство што бара знаење, следливост и одговорност кон животната средина и здравјето на луѓето. Органскиот производител заслужува систем што ќе го препознае неговиот дополнителен труд и ќе го заштити од погрешно декларирани производи и нелојална конкуренција“, истакна министерот Серафимовски. Тој нагласи дека политиките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се насочуваат кон засилена контрола, сигурна сертификација, потврден квалитет и поголема видливост на домашните органски производи. „Добриот производ се создава на нива или на фарма, но неговата вредност се потврдува на пазарот. Новата механизација, дигиталните решенија, прецизното наводнување и современата опрема за преработка им овозможуваат на производителите порационално да ги користат ресурсите, да ги намалат загубите и да создаваат повисок квалитет“, порача министерот Серафимовски. Организатори на „Органска трпеза 2026“ и „АгроМак 2026“ се здружението „Живот“, Комората на органски производители на Македонија и Општина Куманово, а на манифестациите учествуваат производители, изложувачи и гости од земјата и од странство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter