Тинејџер избоде момче на Божикен базар во Германија - Канал 5

Тинејџер избоде момче на Божикен базар во Германија

Момче (16) е тешко повредено во напад со нож на божиќен базар во германскиот град Херфорд.

Тинејџер избоде момче на Божикен базар во Германија

Повреденото момче веднаш било однесено во болница, каде што бил итно опериран, објави Билд.

Иако неговата состојба била критична, лекарите успеале да го стабилизираат.

По неколку часа интензивно пребарување, полицијата успеала да го уапси осомничениот.

Момчето е 15- годишник од Ирак, а статусот на неговата дозвола за престој во моментов е нејасен.

Полицијата ја продолжува истрагата и во моментов се верува дека двајцата се познавале пред нападот.

Се сомнева дека мотивот за судирот била расправија меѓу двајцата, а се истражува и дали некој друг бил вклучен во нападот.

Злосторството на Божикниот базар се третира како обид за убиство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум лица се лишени од слобода од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Седум лица се лишени од слобода од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 29.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека 69-годишна жена кај нив пријавила дека била физички и психички малтретирана од нејзината ќерка.

На 29.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападнат од нејзиниот вонбрачен сопруг А.Н..

На 29.06.2026 во 05:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Д.(34) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата партнерка.

На 30.06.2026 во 01:00 часот во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Т.С.(31) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство и оштетил дел од покуќнината.

На 29.06.2026 во 15:00 часот во СВР Тетово, 51-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 12:00 часот во семејната куќа, нејзиниот сопруг упатил закани на неа и нејзината ќерка, по што се обидел да ја запали куќата.

На 29.06.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода И.М.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 19:00 часот физички ја нападнал во семејниот дом. И.М. е задржан во Полициска станица Гостивар.

На 30.06.2026 во 05:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.Ќ., постапувајќи по претходна пријава од неговата 42 - годишна сопруга дека околу 04:00 часот со патничко возило ја скршил влезната врата од домот на нејзините родители, со тврд предмет скршил прозорец од куќата и физички ја нападнал. При извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.

На 29.06.2026 во 21:40 часот во СВР Куманово, 44- годишна жена од Куманово пријавила дека нејзиниот поранешен партнер Н.М. ѝ се заканувал.

На 30.06.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(48) од Битола затоа што во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга.

На 30.06.2026 во 01:10 часот на ул.„Беровска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(43) од Прилеп затоа што упатувал закани на неговиот татко.

На 29.06.2026 во 14:50 часот на Градскиот пазар во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.В.(47) од с.Баница, струмичко, затоа што со дрвен предмет ја нападнал неговата сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студиска посета на делегација на Собранието на Црна Гора во Собранието на Македонија

Во состав на црногорската делегација беа пратениците Јасмин Ќоровиќ и Јевросима Пејовиќ, како и претставници од Службата на Собранието на Црна Гора.

Студиска посета на делегација на Собранието на Црна Гора во Собранието на Македонија

Во Собранието на Република Македонија денеска се одржаа повеќе работни средби меѓу членовите на Меѓупартиската парламентарна група против корупција, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и Комисијата за финансирање и буџет со делегација на Собранието на Црна Гора, која престојува во студиска посета на земјата.

Во состав на црногорската делегација беа пратениците Јасмин Ќоровиќ и Јевросима Пејовиќ, како и претставници од Службата на Собранието на Црна Гора, кои со своите домаќини разменија искуства и мислења за парламентарните практики, со акцент на механизмите за спречување на корупцијата и унапредувањето на парламентарниот надзор.

На средбата со претставниците на Меѓупартиската парламентарна група против корупција, копретседавачката Соња Мираковска, заедно со членовите Антонијо Милошоски, Славјанка Петровска и Фатмир Битиќи, ги претстави активностите и улогата на ова неформално парламентарно тело во Собранието. Мираковска истакна дека групата брои 51 член и функционира со двајца копретседавачи, со цел да се обезбеди широка меѓупартиска поддршка во борбата против корупцијата.

Претставниците на Собранието на Црна Гора информираа дека нивното соодветно парламентарно тело има формален статус, при што беше отворена дискусија за предностите и предизвиците на двата модели на функционирање, како и за можностите за понатамошно унапредување на меѓупарламентарната соработка.

Во рамките на студиската посета се одржа и средба со членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која присуствуваа претседателот на Комисијата, Миле Лефков, членката Калтрина Беќири и пратеникот Драган Недељковиќ. Средбата беше посветена на размена на искуства во областа на парламентарните процедури, примената на Деловникот и јакнењето на институционалниот интегритет.

Претседателот на Комисијата, Миле Лефков, ги запозна членовите на делегацијата со неодамна усвоениот Етички кодекс за пратениците во Собранието, при што ги образложи неговите основни принципи, целите и начинот на примена. Тој информираше дека во рок од 45 дена Собранието ќе формира работно тело задолжено за следење на неговата примена и почитување.

Претставниците на Собранието на Црна Гора го поздравија усвојувањето на Етичкиот кодекс, оценувајќи го како значаен чекор во насока на унапредување на парламентарните стандарди, транспарентноста и интегритетот на пратениците.

На средбата со членовите на Комисијата за финансирање и буџет, претседателката Сања Лукаревска, заедно со заменик-членовите Фериде Хаџиу и Мартин Стојановски, разменија мислења и искуства за улогата на парламентите во буџетскиот процес и во спречувањето на корупцијата.

Во фокусот на разговорите беа улогата на пратениците при донесувањето на Буџетот, препознавањето на ризиците од корупција во буџетскиот процес, постапката за донесување на Буџетот, како и соработката со Државниот завод за ревизија. Соговорниците разговараа и за разгледувањето на ревизорските извештаи, постапувањето по нивните наоди, како и за значењето на надзорните расправи и анкетните комисии во остварувањето на парламентарната контролна функција.

Претставниците на делегацијата на Собранието на Црна Гора ја истакнаа важната улога на парламентарните комисии во спроведувањето на антикорупциските политики, нагласувајќи дека успешната борба против корупцијата бара континуирана соработка меѓу сите релевантни институции и засегнати страни. Тие посочија дека усогласувањето на националното законодавство со законодавството на Европската Унија претставува еден од клучните приоритети во процесот на европската интеграција.

Пратениците од двете земји ја нагласија важноста од натамошно продлабочување на меѓупарламентарната соработка, оценувајќи дека ваквите средби придонесуваат за развојот на парламентаризмот, размена на искуства и добри практики, како и за зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.

Во текот на разговорите беше истакнато дека двете држави ги поврзуваат традиционално добрите билатерални односи и успешната соработка во повеќе области, особено во процесот на европските интеграции. Соговорниците оценија дека напредокот кон полноправно членство во Европската Унија претставува заеднички стратешки приоритет и предизвик.

На крајот од средбите беше заклучено дека ваквите форми на соработка треба да продолжат и во иднина со засилена динамика, со цел натамошно унапредување на парламентарната соработка, размена на добри практики и придонес кон демократскиот развој и просперитетот на двете пријателски земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗШВ: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство

Со предлогот на ребаланс на Буџет предвидени се дополнителни над 1,4 милијарди денари за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и околу 100 милиони денари за капитални инвестиции во водостопанство.

МЗШВ: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство

Со одговорни политики обезбедуваме поголема конкурентност и подобри услови за секој земјоделец.

Со вистинска поддршка на земјоделците придонесуваме за одржливо земјоделство.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер