Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани
1Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани
ТехнологијаТиндер воведува нова функцијаДоколку користите Тиндер, новата функција дефинитивно ќе ве израдува.Станува збор за видео повици, а функцијата во рамките на апликацијата ќе се вика „Face to Face“. Првобитно во јули, оваа функција беше во тест фаза. Корисниците во неколку земји имаа можност да ја тестираат, но уште тогаш Тиндер најави дека ќе биде достапна за сите корисници. Секако, приватноста ќе биде заштитена, па така апликацијата ќе бара ваша дозвола пред да биде започнат видео повикот, а може е малце чудно што другата личност нема да знае дека сте активирале видео повик, додека самата тоа не го направи. Секако, во текот на виде- разговорот мора да се почитуваат правилата на Тиндер- без голотија, сексуални содржини, говор на омраза и слично. Екранот ќе биде поделен на два дела, па вашето лице ќе се појави горе, а лицето на соговорникот долу, пренесе „Дејли Меил“. Од Тиндер советуваат да се не брза со видео повиците. Според нив е подобро прво добро да се запознаат соговорниците пред да се прејде на ваква врста комуникација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настаниВладеачкото мнозинство во парламентот го изгласа новиот владин кабинет. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за туризам и култура Седат Сулејмани од ВРЕДИ, за министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, а за министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Мицкоски синоќа на крајот од расправата, непосредно пред гласањето на новиот, реконструиран владин кабинет, упати извинување за, како што рече, случувањата во Собранието, изразувајќи надеж дека такви настани нема да се повторат. Пратеничката група на СДСМ претходно ја напушти седницата и на вонредна прес-конференција рече дека премиерот и старо-новиот министер, Иван Стоилковиќ, за време на расправата ги навредиле пратениците на СДСМ, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Сепак, револтирани поради тоа што не го добија бараното извинување и од кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, пратениците на Социјалдемократскиот сојуз Демократската унија за интеграција и Алијансата за албанците ја напуштија седницата. Веднаш по ова, пратениците гласаа за реконструираниот владин кабинет, а осумтемина нови министри добија поддршка од 69-те присутни пратеници, без гласови против и без воздржани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
СветБазенот пред Меморијалниот центар на Линколн во Вашингтон испразнетАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави дека базенот пред Меморијалниот центар на Линколн во Вашингтон е испразнет поради поправки и дека „наскоро повторно ќе се наполни и ќе се пушти во употреба“. Тој го повтори своето тврдење дека вандали ја оштетиле облогата на базенот, правејќи големи засеци. Си-Ен-Ен потврди дека голем дел од базенот е испразнет, откривајќи исушен талог, алги и отпадоци на дното. Откако Трамп во април повика на реновирање на базенот, проектот – вреден над 14 милиони долари – се соочи со бројни проблеми, почнувајќи од појава на алги и зелена вода, па сè до лупење на дното на базенот и наводи за вандализам. „Исечениците беа долги 300 јарди“ „Денес го испразнивме прекрасниот Рефлектирачки базен за да ја поправиме штетата предизвикана од вандали пред две недели. Исечениците беа долги 300 јарди, а дното на базенот беше исечено и потоа насилно подигнато од тие хулигани“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“. Неговото најново тврдење дека оштетувањето на облогата се протегало на „300 јарди“ (приближно 274 метри) е значително поголемо од претходните проценки што ги изнел, а кои и онака се зголемувале со текот на времето. Првично, тој зборуваше за исеченица долга 250 стапки (околу 76 метри), но подоцна тврдеше дека „всушност имало повеќе исеченици долж делница од 350 стапки“ (околу 107 метри). „Службата за паркови мораше да го испразни водоотпорниот базен за да го поправи. Наскоро ќе биде повторно наполнет и повторно пуштен во употреба. Тој ѓубре што ја мрази нашата земја треба да плати висока цена за штетата што ја предизвика“, рече Трамп. Подоцна истата вечер, Трамп повторно проговори, критикувајќи ги медиумските извештаи за базенот и тврдејќи дека облогата била „исечена со нож или скалпел“ и дека дури и проблемите со алгите биле „предизвикани од вандали“. Во последните недели, најмалку три лица беа обвинети за уништување на имот откако наводно отстраниле дамки од сина боја од базенот. Сите се изјаснија за невини. Поранешниот олимписки кануист Дејвид Херн, кој исто така беше обвинет за истото кривично дело, се изјасни за невин минатата недела.Тагови: Вашингтон Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВремето денеска: Сончево со мала до умерена облачност и ветерВремето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови од земјата, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 11 до 21 Целзиусов степен, а дневната од 26 до 36 степени. И во Скопје денеска ќе има сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 17 степени наутро до 35 во текот на денот. За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утре во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook