Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Шоу бизТимоти Шаламе: Филмот што најмногу ме погоди не е голем блокбастер (ВИДЕО)Од објавувањето на филмот „Викај ме со твоето име“ од Лука Гвадањино, Тимоти Шаламе стана еден од најпрепознатливите актери на својата генерација.Како и Леонардо Дикаприо во средината на 1990-тите, Шаламе ја освои публиката ширум светот со својот актерски талент и препознатливата виткана коса. Неговата улога како Ели, млад човек кој ја доживува својата прва голема љубов со малку постариот Оливер, му ја донесе првата номинација за Оскар. Истата година, тој беше забележан и во „Лејди Берд“, а неговата кариера вртоглаво порасна. Од Дино до независни драми: актер со визија Оттогаш, тој последователно добиваше улоги во сè поголеми и поразновидни проекти - од емотивната драма „Убаво момче“, до костимската адаптација на „Мали жени“, до „Француската диспечерска служба“ на Вес Андерсон и мегахитот „Дино“. Во меѓувреме, тој ги играше и Вили Вонка и Боб Дилан. Но, покрај комерцијалните успеси, Шаламе селективно влезе во поризични проекти како што е романтичната хорор-драма „Коски и сите“, што ја покажува неговата посветеност на уметноста на киното. Од самиот почеток на својата кариера, тој соработувал со големи режисерски имиња, како што се Кристофер Нолан во „Интерстелар“ или Џулија Харт во независниот филм „Госпоѓица Стивенс“. Филмот што го обликуваше Не е ни чудо што неговиот омилен филм е интимен, помалку познат наслов: „Џејмс Вајт“, во режија на Џош Монд, со Кристофер Абот и Синтија Никсон во главните улоги. Во разговор со режисерот Ксавиер Долан за списанието VMan, Шаламет рече: „Мојот омилен филм е „Џејмс Вајт“ на Џош Монд и тоа најмногу кажува за начинот на кој е снимен - не знаев каде завршува режијата, а каде почнува животот. Се чувствуваше како документ за вистинска личност. Џош навистина разбира што значи да се биде жив денес.“ Тој додаде дека најмногу се плаши од приказни што ги повторуваат истите шеми. „Не се плашам да бидам лош во нешто затоа што знам дека понекогаш ќе бидам лош, и тоа е во ред. Но, се плашам да бидам здодевен, да бидам дел од приказни што ми се премногу познати или цинични филмови што се цинични само заради тоа што се цинични“, вели тој. Во филмот се појавуваат и музичарот Кид Кади (вистинско име Скот Мескуди), кој работеше на саундтракот, како и актерите Рон Ливингстон и Скот Коен. Заплетот го следи младиот Џејмс додека се обидува да се справи со фактот дека неговата мајка умира од сериозна болест, а воедно се бори и со сопствените проблеми и губењето на контролата врз сопствениот живот. При пишувањето на сценариото, режисерот Монд се потпрел на своето лично искуство со губењето на мајка си. Иако „Џејмс Вајт“ не е лесен филм за гледање, неговата искреност и емоционална голотија оставија силен впечаток врз Шаламе. Токму ова прикажување на сложеноста на човечката болка и ранливост длабоко го инспирирало - и како актер и како личност.Тагови: филм Шаламе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Автопортет: Има само една банда - ВМРО-ОКГ и нејзиниот шеф арамија МицкоскиШефот на организираната криминална група ВМРО, Христијан Мицкоски, вчера изрече една реченицата која ќе остане како автопортрет на оваа власт:„Нема веќе банди, нема веќе криминал, нема рекетирање, нема веќе марихуана економија, нема веќе провизии од Лотарија… Нема...“ Нема мали банди точно, има само една голема, таа контролира се. Нема повеќе улични банди- има партиска. Нема рекет од страна - рекетот сега има печат, кабинет и прес-конференција. Нема повеќе провизии од Лотарија „на црно“ - има систем во кој државата е плен, 5,5 милиони евра а Лотаријата се води како приватна фирма на ВМРО-ОКГ. Нема повеќе марихуана економија како изговор - има монопол на лажната приказна дека криминалот исчезнал затоа што сега тие го водат. Затоа пет тони марихуана поминуваат граница и царина кон сестринската СНС и Вучиќ без задржување, уште и со полициска придружба. Криминалот и корупцијата сега имаат име и презиме: арамија Христијан Мицкоски. Мицкоски не објави резултат. Објави капитулација на институциите. Кога шефот на владата излегува и вели дека криминалот го нема, тоа не е биланс. Тоа е легализација на криминалот и корупцијата. ВМРО-ОКГ две години ја градеше државата како криминална мрежа: свои луѓе во тендери, свои луѓе во судството и обвинителството, свои луѓе во безбедност - МВР и АНБ, свои луѓе во игри на среќа, свои луѓе во енергетика, свои луѓе поставени низ целиот државен апарат. Потоа излегува премиерот и вели - нема банди. Бандата е на власт. Нема конкуренција на улица кога улицата ја држи кабинетот. И додека Мицкоски ги раскажува своите економски бајки, граѓаните ги плаќаат сметките и гледаат како власта си купува слика на лажен ред, а одговорноста за аферите секогаш завршува кај претходните. Класичен метод на организирана криминална група: укради го наративот, па укради ги и доказите. Криминалот не исчезнува со изјава. Исчезнува со истрага која не застанува пред презиме, функција и партиска книшка. 5,5 милиони евра од лотарија, милиони во енергетика, во јавни набавки и безбедносни служби не се ПР-теми. Тоа се канали низ кои ВМРО-ОКГ ја држи државата. Кој денес тврди дека „нема банди“, утре ќе тврди дека нема ни жртви. Нема повеќе банди. Има една. Се вика ВМРО-ОКГ и седи во владата. СДСМ ќе ја именува. Ќе ја гони политички. И нема да прифати дека Македонија е „чиста од криминал“ само затоа што шефот на бандата така рекол. Уште малку. Доаѓа време на вистина и правда. Граѓаните ќе ја вратат власта во свои раце, а оваа банда ќе одговара - пред независно судство и пред европско обвинителство. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МетеоДенес сончево и посвежоВремето денес ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени. Во текот на новата седмица ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Температурите ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00