3Во Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотрес
Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
2Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
НБАТимот на „Старс“ го победи тимот на „Страјпс“ во финалето на НБА Ол-стар натпреваротНБА Ол-Стар натпреварот 2026 се играше ноќеска во Инглвуд во салата на Лос Анџелес клиперс. Во финалето на мини-турнирот, „Старс“ ги победија „Страјпс“ со 47:21 Натпреварот траеше 12 минути. Најдобар стрелец на натпреварот беше бекот Тајрис Макси (од Филаделфија кој играше за „Старс“), постигна девет поени. Во групната фаза на Ол-Стар натпреварот, „Старс“ загубија од „Страјпс“ (40:42) и победија против „Ворлд“ (37:35 во продолжение). Натпреварот помеѓу „Страјпс“ и „Ворлд“ заврши со резултат од 48:45 во корист на американските кошаркари. Scottie Barnes with the finishing touches... USA STARS ARE YOUR 2026 NBA ALL-STAR CHAMPIONS 🏆 pic.twitter.com/MDmX1yp0BC — NBA (@NBA) February 16, 2026 За феноменална вечер, признанието МВП (најкорисен кошаркар) на Ол-стар натпреварот 2026 отиде кај Ентони Едвардс од Минесота кој настапуваше за „Старс“. Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотРускиот енергетски гигант „Гаспром“во првата половина од 2026 заработил милијарда долариРускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави нето-добивка од 78,4 милијарди рубљи – што е приближно една милијарда долари – за првата половина на 2026 година. Ова претставува значителен пресврт во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата забележа загуба. Во првите шест месеци од минатата година, „Гаспром“ книжеше загуба од 10,76 милијарди рубљи, односно 137 милиони долари. Оваа година, приходите на компанијата пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво, а бруто-добивката за 15 отсто, додека добивката пред оданочување остана стабилна. „Гаспром“ и понатаму е еден од најголемите светски производители на природен гас, но изгуби значителен дел од европскиот пазар по руската инвазија врз Украина. Европа брзо ја намали својата зависност од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи, а ЕУ планира целосно да го укине увозот на руски гас до 2027 година. Пред инвазијата, во 2021 година, Европа набавуваше околу 50 отсто од својот природен гас од Русија, главно преку гасоводи. Истовремено, приходите на Русија од енергенти не се целосно прекинати. Во првата половина на 2026 година, Европа увезе рекордни количества течен природен гас (LNG) од рускиот погон „Јамал ЛНГ“, со кој управува „Новатек“, а не „Гаспром“. Според податоците на „Кплер“ (Kpler), увозот од „Јамал“ достигна 9,89 милиони тони, што претставува зголемување од 18 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во последните месеци, Русија исто така најави планови за пренасочување на испораките на гас од европскиот пазар кон Азија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРоманија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централаНивото на водата на најдолгата европска река Дунав е најниско во последните 30 години. Романија го исклучува реакторот во нуклеарната централа. Романската државна компанија „Нуклеарелектрика“ (Nuclearelectrica) денес исклучи еден реактор во нуклеарната централа „Чернавода“ како мерка на претпазливост поради рекордно ниското ниво на водата во Дунав; Министерството за енергетика соопшти дека овој потег има за цел да го заштити системот за ладење. Реакторот е привремено исклучен за да се спречи евентуално оштетување на системот за ладење, кој зависи од водата од Дунав, истакнаа од министерството. Нивото на водата во романскиот дел на Дунав минатата недела падна на најниско ниво во последните три децении, што ги натера властите да ја ограничат употребата на речната вода за наводнување, според „Романија инсајдер“ (Romania Insider). „Нуклеарелектрика“ денес изјави дека реакторот во „Чернавода“ е исклучен во согласност со контролираните процедури за постапување при екстремно ниско ниво на реката, додавајќи дека мерката има за цел да обезбеди нуклеарна безбедност и сигурност во работата на централата. Компанијата наведува дека одлуката се заснова на најновите прогнози на Романскиот национален институт за хидрологија и управување со води, при што нагласува дека состојбата на Дунав внимателно се следи. Доколку нивото на водата дополнително опадне, компанијата може привремено да го исклучи и вториот реактор. Недостатокот ќе се надомести преку увоз. Според податоците на Светската нуклеарна асоцијација, нуклеарната централа „Чернавода“ располага со два реактора базирани на канадската технологија CANDU, секој со капацитет од 706 мегавати, и обезбедува приближно една петтина од потрошувачката на електрична енергија во Романија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Напредуваат градежните активности на затворениот базен[⤵️] Напредуваат градежните активности на затворениот базен на локацијата на поранешна „Ла Луна“, објави на Фејсбук, првиот човек на Кавадрци, Митко Јанчев.Овој затворен базен е со димензии 25×9 метри и длабочина од 1,20 метри. Истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани. Во моментов започна лепењето на плочките во базенот, паралелно се работи во машинската просторија, а интензивно се изведува и партерното уредување на просторот околу објектот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter