1Штерјова: Нема чиста вода за граѓаните, нема струја, а Мицкоски и ВМРО за профит туркаат дата центри
Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
ЖивотТиктокер изеде 153 ќебапчиња во Нови Пазар: Ако ги изедам, не плаќам ништо? (ВИДЕО)Сермед Мактуф, Тиктокер од Травник во БиХ дошол во Нови Пазар и го направил невозможното.Во центарот на Нови Пазар поставил маса и чаршав, а Јонуз му донел 153 ќебапи кои ги изел како од шега. Дошол во ресторанот на Јонуз и го прашал колку ќебапи најмногу изел некој на истото место. Јонуз одговорил дека рекордот е поставен во 2007 година кога еден маж изел дури 53 ќебапи. Сермед слатко се насмевна како да си помисли „Што е тоа за мене“. -Ако рекордот беше 53, ќе ми направиш 153 ќебапи, јас ќе седнам таму напред да видат сите дека ќе ги изедам, но ако јадам ништо не плаќам. Дали е договорено? - го праша Сермед сопственикот на кафеаната. Ќевапи, дури 153, кајмак, лепчиња, сите беа поставени во центарот на Нови Пазар, убаво украсени. Јонуз му носи екцајг, кој Сермед го одбива. - Виљушка и ќебапи?Хаха не ни требаат виљушки – нагласи тој. Потоа тргна да го собори рекордот. Јадеше ќебап по ќебап со прсти, а на лицето му се гледаше воодушевување, очигледно беа вкусни. Меѓутоа, ентузијазмот полека го снема, кога дојде до последните три ќебапи. Му направиле вистинска мака, но успеал да ги изеде и тие, а поставил рекорд и изел дури 153 ќебапи.Ја оставил само пиперката. @sermedmaktouf Koliko vi mozete cevapa pojesti? ☺️ #foryou #foryoupage #foru #forupage #fyp #fypシ #fypシ゚viral #balkan #bosna #srbija #hrvatska #crnagora #makedonija #slovenija #novipazar #kodjonuza ♬ original sound - Sermed Maktouf Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: Нема чиста вода за граѓаните, нема струја, а Мицкоски и ВМРО за профит туркаат дата центриЕвропа се соочува со суша, со намалување на водните ресурси и пресушување на реките.Поради ниските нивоа на реката Дунав нарушено е производството на струја низ Европа, постои голем ризик за недостаток на струја што ќе доведе до значително покачување на цените. А Македонија повеќе увезува струја отколку што произведува. Додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со загадена вода. И во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги продадат водата и струјата на граѓаните за интереси на странски дата центри и сопствени тендерски профити. Во Еврпа и светот се стопира изградбата на дата центри, само Владата на Мицкоски продолжува да ги турка како завршена работа. Овие објекти за дата центри трошат огромни количини струја и чиста вода, додека економскиот бенефит во однос на нови работни места и даночни приходи е минимален. Еден голем дата центар троши меѓу 1 и 3 милиони литри вода дневно, колку што троши град со 15.000 до 30.000 жители. Нашата инфраструктура не може да ја издржи и носи ризик од рестрикции за вода и покачување на цените на струјата. А видовме што се случува и со водата, владата на Мицкоски не може да обезбеди доволно чиста вода за пиење а не повеќе! Македонија нема доволно електрична енергија за дата центри и ќе мора да се увезува. И клучното прашање колку поголем увоз на струја ќе биде потребен, бидејчи крајно повторно цената ќе ја платат граѓаните преку повисоки сметки за струја. Која вода ќе се користи, дали тоа значи дека ќе се загреваат реките и дали ќе има испуштање на затоплена вода во реките? Како тоа ќе влијае врз биодиверзитетот? Водата и струјата не може да бидат скапа авантура која ќе ги збогати блиските до Мицкоски и ВМРО – ОКГ на штета на граѓаните. Во повеќе американски држави и во Европа се стопираат ваквите инвестиции поради недостиг на вода, огромна потрошувачка на струја и влијанието врз животната средина. Само Мицкоски и неговата Влада ја туркаат оваа идеја. Граѓаните да плаќаат повисоки сметки за струја, да немаат вода – ама криминалната организација ВМРО да има полни џебови. СДСМ не е против дигитализациа. Дигитализацијата не значи само да се изгради дата-центар. Таа значи функционални електронски услуги, поврзани институции, помалку бирократија и држава која работи побрзо и поефикасно за граѓаните. СДСМ е против ставање на водата и струјата под ризик за бизнис интересите на власта. Бараме мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода. Прес конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски за Карпалак: 8 август е ден кога Македонија се сеќава на своите загинати синовиПремиерот Христијан Мицкоски, по повод годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак, упати порака дека 8 август останува засекогаш врежан во колективната меморија на македонскиот народ.Во објавата на Фејсбук напиша дека изминатите години не ја избришаа болката за загинатите кои ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Премиерот истакна дека Карпалак претставува заедничка рана, но и трајна обврска за градење држава во која почитта кон загинатите ќе биде над политиката. „Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме. Да не дозволиме имињата и жртвата на загинатите да бидат заборавени. Да градиме држава во која почитта кон оние што ја исполниле својата должност кон македонија ќе биде над времето, политиката и поделбите., стои меѓудругото во објавата на премиерот Мицковски. Тагови: Карпалак Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни се два пожара – гори кај Брњарци и ВолковоШест пожари на отворен простор се пријавени денеска, но ниту еден од нив не претставува посериозна закана и се очекува наскоро да бидат ставени под контрола.Според информацијата на Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на државата се уште се активни два пожари, а четири се веќе изгаснати. Активни се пожарите кај селото Брњарци во општина Арачиново и во населбата Волково во општина Ѓорче Петров, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во селото Бањица во општина Чашка, селото Биџево во општина Струга, селото Сенакос во општина Врапчиште и на депонијата во Делчево, информира ЦУК.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16