Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
2Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
3Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
КошаркаТие што го поставија сега бараат негово разрешување, поднесена инцијатива за Вонредно собрание на МКФ Дванаесет клубови членови на Собранието на Македонската кошаркарска федерација, скоро истите 12 клубови кои пред 18 месеци му дадоа поддршка на претседателот Петер Наумоски, денеска поднесоа барање за одржување на Вонредно собрание на МКФ и смена на актуелниот престедател, најдобриот македонски кошаркар на 20 век Петар Наумоски.Во барањето подносителите ги одредија и точките на дневниот ред , а една од нив е и за разрешување на актуелниот претседател на МКФ Наумоски и избор на нов. За оваа функција неофицијално се споменува Бобан Јосифовски поранешниот комесар, кој пред две години токму од екипите подносители на барањето беше разрешен од комесарската функцијата која тогаш ја извршуваше, поради сомнежот од самите клубови околу методите на работата на Јосифовски како Комесар за натпреварување. Клубовите од Здружението на Првата лига тогаш му изгласаа недоверба на Јосифовски заради констатирање на неправилности во работата. Наумоски кој останува цврсто на ставот за поголема шанса на македонските играчи, сега има рок од 14 дена да го свика Вонредното собрание, во спротивно самите клубови иницијатори ќе можат да го организираат истото. Иницијативата е поткрепена со 12 потписи: од осум прволигаши (МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи, Работнички, Струмица, Пелистер, Кожув, Фени Индустри и Куманово), без Вардар и Охрид, три екипи од женската лига (Бадел 1862, Клубски-Делчево и МНА-Кавадарци) и од еден второлигаш (Радовиш). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
МакедонијаВо Брисел одржан првиот парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО Во заедничка организација на Парламентарното собрание на НАТО и НАТО, во Брисел на 26 октомври 2026 година за прв пат се одржа парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО/NAC.Во заедничка организација на Парламентарното собрание на НАТО и НАТО, во Брисел на 26 октомври 2026 година за прв пат се одржа парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО/NAC, на кој беа поканети шефовите на делегациите во ПС НАТО и претседателите на националните комисии за одбрана. Состанокот имаше за цел да ја нагласи ја суштинската улога што ја играат сојузничките парламенти во рамките на Алијансата во спроведувањето на клучните цели договорени на Самитот на НАТО во Хаг во 2025 година и на Самитот на НАТО во Анкара во 2026 година. Од Собранието на Република Македонија на состанокот учествуваа пратениците: Драган Ковачки, шеф на делегацијата на Собранието во ПС НАТО и Павле Арсоски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност. Состанокот претставуваше единствена платформа на која пратениците разменија мислења со Маркос Перестрело, Претседател на Парламентарното собрание на НАТО, Марк Руте, Генерален секретар на НАТО, Ник Кацарас и Тарја Јакола, помошници на Генералниот секретар на НАТО и со своите колеги од парламентите на земјите членки на НАТО. Споделени беа клучни пораки што парламентарците треба да ги пренесат на своите национални парламенти за да помогнат во забрзувањето на спроведувањето на приоритетите на Алијансата и да продолжат да градат посилна Европа во посилно НАТО. Заклучено беше дека само со заедничка акција на парламентите може да се преточат обврските на Алијансата во национални акции и планови во областите на инвестиции во одбраната, развој на капацитети, набавки и отпорност. Воедно, беа дискутирани модалитетите на соработка меѓу комисиите за одбрана во сојузничките парламенти, Парламентарното собрание на НАТО и НАТО. Претставниците на НАТО нагласија дека кредибилното одвраќање се потпира на сојузничката кохезија, одржливите инвестиции и брзата испорака на капацитети за одбрана. Трансатлантската врска останува камен-темелник на Алијансата, додека европските сојузници го зголемуваат својот придонес во конвенционалната одбрана и ги засилуваат напорите за исполнување на барањата за развој на капацитетите. Разменети беа најдобри национални практики во спроведувањето на 5% од Хашката обврска за одбрана, истовремено мобилизирајќи ги сојузничките парламенти за да се обезбеди НАТО да има одржлива политичка поддршка и ресурси што му се потребни за да одврати и да се брани од каква било закана на долг рок. Состанокот ја нагласи улогата што Парламентарното собрание на НАТО и националните парламенти ја имаат во поддршката на приоритетите на Алијансата и обезбедувањето на нивно навремено спроведување и ја истакна улогата на парламентарната дипломатија во подобрувањето на трансатлантските односи и градењето стратешко заедништво меѓу сојузниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компириВо вторник (20.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Велина Стаменковиќ.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. мали компири 3 лажици маслиново масло 30 гр. путер 3 парчиња пилешки стек 4 лажици кечап 4 лажици мајонез 1 лажиче сол половина лажиче бибер малку рузмарин, лук во прав и магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
ФудбалВидео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери. Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи. Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти. Galatasaray- Fenerbahçe maç sonu çıkan kavganın en net açısı… Archie Brown,Abdülkerim bardakçı’ya arkadan saldırıyor. Apoda gereğini yapıyor.. https://t.co/yGbH9p6utj — 1905𝑅 𝐼̇ 𝑇 𝐼̇ 𝑀 𓃬 (@1905ritim) October 26, 2026 Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани... Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook