Тие се само деца, а влегуваат во рингот само за да го прехранат семејството - Канал 5

Тие се само деца, а влегуваат во рингот само за да го прехранат семејството

Сисакет е мал град во тајландската провинција Исан, о толпа народ се собира околу несмасно изградениот ринг за да ги следи големите борби.

Тие се само деца, а влегуваат во рингот само за да го прехранат семејството
Борбата можеби е голема, но борците не се. Во рингот силите ги одмеруваат 12 – годишниот Нонг Ем и 11 – годишниот Нат Танарак.

И додека за остатокот од светот такво нешто е незамисливо, борбите на деца (некои од нив имаат само седум години), е вообичаена појава во Тајланд. Уште е пошокантно тоа што станува збор за тајландски бокс, една од најтешките боречки вештини, а статистиките покажуваат дека во Тајланд има околу 30 илјади млади борци.

Британскиот Ченел 4 во најновиот документарец се занимава со проблемот на малолетните борци кои од мали нозе влегуваат во ринг за да ги прехранат своите сиромашни семејства, а притоа се изложуваат на опасност од сериозни повреди на мозокот кои може да се споредат со оние кои ги доживуваат лицата што преживуваат сообраќајни несреќи.

И покрај ризиците, борбите не се нелегални, потребна е само дозвола од родителите.

Иако по правило треба да носат заштита, тоа ретко кога се прави, а потенцијалната заработувачка е голем предизвик.

„Нивните мозоци се уште се развиваат. Кога ќе доживеат некоја повреда таа е многу посериозна за разлика од кај возрасните“, вели професорот Џирапорн Лаотаматас.

Нат Танарак е едно од тие момчиња. Доаѓа од сиромашно семејство, а од парите што ги заработува во борбите зависи дали тој месец ќе јаде или не. Секој ден тренира минимум по четири часа, држи строга диета и ретко има време да си игра.

За да се подготви за борба мора да намали три килограми (има 25), па секој ден трча повеќе од 8 километри на голема горештина и тоа под будното око на неговиот татко кој тврди дека ова е најважната борба во неговата кариера.

„Ако не се бори ќе мора да се вработи во Бангкок како и мојата сопруга и да им праќа пари ан своите деца. Сиромашни сме и мораме да позајмуваме пари“, вели неговиот татко и објаснува дека е свесен за ризикот и дека не сака неговиот син да се бори, но дека Нат го обожава боксот.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ван Дајк ги открива планови за иднината- Дали летово ќе го напушти Ливерпул?

Капитенот на Ливерпул, 35 годишниот Вирџил ван Дајк призна дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра за славниот англиски клуб од Енфилд Роуд следната сезона.

Ван Дајк ги открива планови за иднината- Дали летово ќе го напушти Ливерпул?

Договорот на холандскиот централен дефанзивец истекува во јуни 2027 година, а во интервју за „Скај Спортс“ (Sky Sports), тој не ја исклучи можноста да го напушти „Енфилд“ по речиси една деценија.

Ван Дајк дојде во Ливерпул од Саутемптон во јануари 2018 година и со клубот освои две титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите.

„Најважно за мене е да се чувствувам добро и да се грижам за себе. Верувам дека можам да играм уште многу години. Ќе видиме што ќе се случи по оваа сезона. Ако некој тврди дека знае што ќе правам следната сезона, тоа не е точно, бидејќи во моментов, ни јас самиот немам поим“, изјави Ван Дајк.

Тој објасни дека не сака премногу да размислува за иднината и дека моментално е фокусиран на натпреварите што му претстојат на Ливерпул: „Ова беше неверојатно патување за мене. До летото ќе поминат речиси десет години откако пристигнав, а Ливерпул стана огромен дел од мојот живот. Засекогаш ќе бидам благодарен за сè што доживеав. Дали ќе го продолжам договорот – ќе видиме. Ако не, ќе се збогувам на лето“.

Оваа сезона, Ван Дајк останува еден од најважните играчи на Ливерпул; под водство на Андони Ираола, тимот моментално се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата по десет одиграни кола, со освоени 18 бода. Холанѓанецот ги одигра сите 900 минути во лигата досега, а во неделното дерби против Манчестер Јунајтед би можел да го забележи својот 350-ти настап во Премиер лигата. Ливерпул оваа сезона има остварено пет победи, три нерешени резултати и два пораза, со што заостанува девет бода зад лидерот на табелата, Арсенал.

Во одбраната, Ван Дајк најчесто игра во тандем со 21-годишниот Жереми Жакет, кого клубот го доведе од Рен. Холанѓанецот го пофали својот млад соиграч, истакнувајќи дека – и покрај неговата возраст – тој веќе покажал зрелост неопходна за натпреварување на највисоко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во ноќен клуб во Никозија – гости останале заробени на балкон

Пожар избувнал во ноќен клуб во Никозија, при што повредено е едно лице. 

Пожар во ноќен клуб во Никозија – гости останале заробени на балкон

Поради чадот околу 50 лица останале заглавени во објектот и се засолниле на балконите каде што останале до гаснењето, при што биле безбедно евакуирани.

Портпаролот на противпожарната служба на Кипар, Андреас Кетис, информираше дека околу 2:45 часот добиле пријава за пожар на влез на ноќен клуб во кипарскиот главен град, а од пожарот биле уништени тепихот и паркетот со кои бил обложен влезот на објектот.

„Поради чадот, што се прошири на првиот кат, околу 50 лица (гости) останаа заробени во објектот. Еден маж се здоби со изгореници при обид да го изгасне пожарот“, изјавиле од противпожарната служба.

Повредениот бил пренесен во болница, а во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила со екипи од противпожарните станици во Никозија.Причините за пожарот треба да ги покаже истрагата, а кипарските медиуми пожарот најверојатно бил подметнат, бидејќи извори од полицијата посочиле дека на влезот била пронајден запалива материја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот претседател на српското собрание Чупиќ поканет на Самитот во Брисел, но одбил да присуствува

Новиот претседател на српското собрание, Александар Чупиќ, кој привремено ја извршува и функцијата претседател на Србија добил покана да учествува на Самитот на Европската унија и Западен Балкан, што ќе се одржи на 25 ноември во Брисел.

Новиот претседател на српското собрание Чупиќ поканет на Самитот во Брисел, но одбил да присуствува

Од делегацијата на Европската унија во Србија информирале дека Чупиќ изразил жалење што нема да може да присуствува на состанокот, но не ја наведуваат точната причина за тоа. Поканата ја упатил претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во писмото тој навел дека самитот ќе биде можност за разговор за клучните прашања поврзани со соработката меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан.

Инаку, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ одби да учествува на Самитот во Брисел во декември 2024 година, незадоволен од тогашната одлука на Европската унија да не го отвори кластерот 3 во пристапните преговори со србија, кој се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер