ТХП: Без правичност за помалубројните заедници, нема вистинска изборна реформа - Канал 5

ТХП: Без правичност за помалубројните заедници, нема вистинска изборна реформа

Од ТХП, апелираат, како што велат, во овие клучни дебати, кои го засегаат темелот на демократското уредување на државата, да се отвори сериозен простор и за немнозинските заедници.

ТХП: Без правичност за помалубројните заедници, нема вистинска изборна реформа

Во врска со изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дадена на собраниска седница, Партијата за движење на Турците (ТХП) ја изразува својата подготвеност да учествува во дебата за промени во изборниот модел и ја поддржува иницијативата за отворање на широк дијалог околу измени на Изборниот законик.

Сепак, како што се наведува во соопштението, останува отворено прашањето дали премиерот има јасна визија и план за тоа како ќе се обезбеди правичен и инклузивен изборен модел кој ќе овозможи реална и фер претставеност на помалубројните заедници во Собранието.

- Дали целта е навистина демократизација и еднаквост во изборниот процес, или пак повторно ќе се сведеме на модел во кој со 400–500 гласови ќе се избираат пратеници од дијаспората, додека гласот на помалубројните заедници останува занемарен, прашуваат од партијата.

Од ТХП, апелираат, како што велат, во овие клучни дебати, кои го засегаат темелот на демократското уредување на државата, да се отвори сериозен простор и за немнозинските заедници.

-Потребна е сеопфатна, инклузивна и транспарентна реформа, која ќе ја гарантира рамноправноста на сите граѓани – без разлика на бројноста на заедницата од која доаѓаат. ТХП ќе продолжи активно да се залага за изборен систем кој ќе ја одразува реалната мултиетничка структура на државата и ќе гарантира глас и претставеност на сите заедници во духот на вистинската демократија, се наведува во соопштението од партијата.

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари

Општина Битола објави повик за ангажирање на 30 невработени лица кои ќе бидат вклучени во работтата на Територијалната против пожарна единица.

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари

Од секторот за односи со јавност соопштија дека ангажманот е во функција на заштитата и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво, односно пошумување.

Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период од најмногу пет месеци, а кандидатите кои ќе бидат избрани ќе добиваат месечен надоместок од 24.000 денари со вклученоосигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа.

Кошта: Русија треба да се вклучи во финансирање на обновата на Украина по војната

Русија треба да ја финансира обновата на Украина кога ќе заврши војната предизвикана од инвазијата на Москва, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Кошта: Русија треба да се вклучи во финансирање на обновата на Украина по војната

-Обновата на Украина ќе бара огромни и континуирани напори од меѓународната заедница, соодветни на обемот на уништувањето и итноста на моментот, рече Кошта на конференцијата за обнова на Украина во Рим.

Тој истакна дека обновата мора да се темели и на правда, што подразбира, како што рече, дека Русија е одговорна за уништувањето што го предизвика, пренесе Анса.

-Агресорот ќе мора да ја преземе одговорноста за обновата на тоа што се обиде да го уништи, рече Кошта.

Европската комисија (ЕК) денеска, исто така, објави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина за да ѝ помогне да се обнови по штетите што беа предизвикани од руските напади.

Министерството за јавна администрација и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка

 Министерството за јавна администрација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка.

Министерството за јавна администрација и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка

Министерството за јавна администрација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува стратешко партнерство насочено кон модернизација на јавната администрација преку научна и академска поддршка.

Овој меморандум, како што се наведува во соопштението од Министерството за јавна администрација, претставува основа за зајакнување на соработката помеѓу јавниот сектор и академската заедница, со фокус на размена на знаења, искуства и заеднички развој на иновативни дигитални решенија.

-Целта е преку ангажирање на студенти, експертска поддршка, научноистражувачка дејност и заеднички проекти, да се унапредат административните процеси и да се изгради поефикасна, транспарентна и современа јавна администрација. Соработката предвидува организирање на обуки, работилници и практична настава, развој на апликации и прототипи, како и имплементација на заеднички истражувачки проекти. Посебен акцент ќе се стави и на иницијативи како што се Хакатони, Иновациска лабораторија на јавниот сектор и аплицирање на меѓународни програми, појаснуваат од Министерството.

Оваа иницијатива ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за градење на современа и компетентна администрација преку стратешка соработка и вложување во знаење и експертиза.

притисни ентер