ТФТ - МЗТ Скопје во финалето на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“ - Канал 5

ТФТ - МЗТ Скопје во финалето на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“

 Екипата на ТФТ е вториот финалист на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“, ТФТ.

ТФТ - МЗТ Скопје во финалето на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“

Организаторот на турнирот вчеравечер во полуфиналето го совлада Кожуф со 82:76.

Претходно во текот на денот, МЗТ Скопје Аеродром во првото полуфинале беше поуспешен од Тиквеш со 71.67.

Финалето се игра вечер од 19:30 часот, претходно (17 часот) за третото место ќе играат Кожув и Тиквеш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода обезбедува бесплатни униформи за сите 5500 ученици од основните училишта од овој дел на градот

Обезбедени се бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици.

Општина Кисела Вода обезбедува бесплатни униформи за сите 5500 ученици од основните училишта од овој дел на градот

Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода ја потврдува својата силна поддршка за семејствата со деца во основното образование. Обезбедени се бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици.

Дополнително, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од Општина Кисела Вода ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училишен прибор.

Овие мерки претставуваат директна институционална поддршка за значително олеснување на семејните буџети.

-Децата се нашата најисплатлива инвестиција. Со обезбедувањето на бесплатни униформи за сите 5500 основци од нашите основни училишта, како и комплетно опремени ранчиња за нашите првачиња, ние директно го штитиме и олеснуваме семејниот буџет. Преку овие системски чекори се креира образовен амбиент ослободен од социјални разлики, во кој единствениот фокус на учениците останува воспитно-образовниот процес и нивната лична надградба. Сакаме родителите да бидат спокојни, а секое дете да се чувствува подеднакво вреднувано, достоинствено и прифатено. Општина Кисела Вода останува стабилен партнер на секое семејство, континуирано креирајќи мерки кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите наши жители- изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Научници откриле неверојатни видови во Атлантскиот Океан

За време на експедицијата што траеле речиси еден месец, научниците во Атлантикот откриле суштества кои совршено би се вклопиле во ново продолжение на филмскиот хит-серијал „Осмиот патник“.

Научници откриле неверојатни видови во Атлантскиот Океан

Пипци долги осум метри и проѕирната глава....

Станува збор за исклучително вредни научни откритија. Неочекувани изненадувања ги пречекаа истражувачите на околу 1.300 километри од брегот на Бразил, во една од најмалку истражените области на Атлантскиот Океан.

Најголемо внимание привлече ретката лигња со големи перки, чии тенки пипала налик на нишки можат да достигнат должина и до осум метри.

Научниците успеаја да ја снимат на длабочина од 3.634 метри, што ја прави најдлабоко забележаната лигња во светот. Големо изненадување претставуваше и рибата *Winteria telescopa*, позната под прекарот „риба-привидение“ (spookfish).

Таа има проѕирна глава и необични, цевчести очи насочени нанапред, благодарение на што може да го регистрира и најслабиот траг од светлина во темните океански длабочини.

Научниците откриле и две досега непознати хидротермални полиња кои изобилуваат со живот.

Во една од нив откриле 23 хидротермални извори, вклучувајќи 13 активни, таканаречени „црни оџаци“, од кои избиваат прегреани течности со температура до 280 °C.

Околу нив, изненадувачки, се наоѓаат морски ежови, ракови и илјадници слепи ракчиња на кои не им е потребен ниту еден зрак сончева светлина за да преживеат.

„Ова откритие покажува зошто истражувањето е сè уште толку важно. Дури и денес постојат места каде што првиот детален поглед открива нешто сосема ново“, изјави водачот на експедицијата, д-р Арон Микалеф од Институтот за истражување при Аквариумот во Монтереј Беј во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започнува преместувањето на мигрантите во Сеута

Шпанската национална полиција и Цивилната гарда денес започнаа операција за преместување на мигрантите од плажата Ел Трамполин во Сеута во прифатните центри што ги основа шпанската влада.

Започнува преместувањето на мигрантите во Сеута

Владата подготви два објекта за сместување на 1.800 лица, со планови за проширување на овој капацитет наскоро.

Први што ќе бидат преместени ќе бидат мигрантите што моментално се наоѓаат на плажата Ел Трамполин и во областа Лома Колменар, пишува Паис.

Во соопштението од шпанското Министерство за инклузија се наведува дека во координирана акција на безбедносните сили, владата на Сеута спроведува доброволно преместување на мигрантите во овие објекти.

Претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуан Мануел Морено, објави дека денес ќе пристигне во Сеута.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер