Тежок пораз од Шведска на нашите ракометари на СП во Египет - Канал 5

Тежок пораз од Шведска на нашите ракометари на СП во Египет

Македонските ракометари тешко се поразени на првиот натпревар на СП во Египет со 20:32 од Шведска.

Тежок пораз од Шведска на нашите ракометари на СП во Египет

Македонските ракометари претрпеа тежок пораз на стартот на Светското првенство . Особено лоша беше играта во второто полувреме , кога Швеѓаните постигнаа уште поголема гол разлика од почетните + 5 на почетокот на полувремето.

Првото полувреме се водеше речиси изедначена битка , но по израмнувањето со 8: 8 , нашите ракометари попуштија, а Швеѓаните ја искористија шансата за серија од пет гола.

Потоа веќе нашите репрезентативци, не успеаја да направат преврат или барем да ја зачуваат помалата разлика.

Следната шанса е во сабота на натпреварот со Египет , за потоа во понеделник да му се спротистават на Чиле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони: Треба да го зголемиме притисокот врз Русија

 Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес изјави дека Европа мора да продолжи да ја поддржува Украина и да го зголеми притисокот врз Русија, откако нејзината влада ѝ претстави нов пакет санкции на Москва пред самитот на Европската унија.

Мелони: Треба да го зголемиме притисокот врз Русија

„Ја поддржуваме одбраната на Украина. Нашата позиција останува непроменета. Поддршката на Киев и одржувањето на притисокот врз Москва останува единствениот начин за започнување преговори, затоа го поддржуваме 21-от пакет европски санкции“, рече Мелони, пренесува АНСА.

Таа додаде дека Европа треба да избере „авторитативна личност“ која ќе учествува во можните идни преговори за прекин на војната во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: „Русија наскоро ќе одржи избори - безбедноста мора да се обезбеди“

Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече претстојните избори за Државната дума исклучително важни, пренесува РИА Новости.

Путин: „Русија наскоро ќе одржи избори - безбедноста мора да се обезбеди“

Путин одржа оперативен состанок со постојаните членови на Советот за безбедност, каде што разговараа за мерките за јавна безбедност во подготовка за Денот на обединувањето на државата.

Путин им посака среќа на кандидатите на изборите во 2026 година. „Парламентарните избори ќе се одржат во септември. Тоа е најважниот внатрешно-политички настан во земјата“, рече Путин.

Путин, исто така, истакна дека безбедноста за време на изборите ќе биде зајакната, објавува Russia Today (RT).

„Изборите ќе се одржат во септември, парламентарни избори, избори за Државната дума. Многу важен настан. Ќе разговараме за дополнителни мерки, мора да ја обезбедиме јавната безбедност“, рече рускиот претседател.

Изборите за Државната Дума се очекува да се одржат на 20 септември. Претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, истакна дека, врз основа на барањата на гласачите, Единствениот ден за гласање во 2026 година би можел да трае три дена. Вкупно, во овој период, ќе се одржат повеќе од 2.200 кампањи на различни нивоа, а се очекува да бидат пополнети 20.700 пратенички места и изборни позиции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баркли ги навреди Спарс: „Најглупавиот тим во историјата на цивилизацијата“

Легендата на НБА, олимпискиот шампион од Барселона, Чарлс Баркли, ги нападна Сан Антонио Спарс откако ја изгубија предноста од 29 поени во четвртиот натпревар од големото финале  против Њујорк.

Баркли ги навреди Спарс: „Најглупавиот тим во историјата на цивилизацијата“

Спарсите го имаа тоа водство во третата четвртина од натпреварот против Никсите во Њујорк, но сепак беа поразени со 107:106. Сега Никсите водат во серијата со 3-1 и имаат три „меч-топки“ за шампионската титула, први по 53 години.

Баркли ги нарече Спарси „најглупавиот кошаркарски тим во историјата на цивилизацијата“ по натпреварот.

Сан Антонио имаше целосна контрола во поголемиот дел од натпреварот. Во еден момент, Спарс водеа со 71:42, а на почетокот на последната четвртина имаа повеќе од 20 поени предност. Херој на Никс беше Ануноби, кој го искористи промашувањето на Џејлен Брансон на малку повеќе од една секунда до крајот и го постигна решавачкиот кош за победата.

Неговиот гол предизвика ерупција од возбуда во распродадениот „Медисон Сквер Гарден“ и го одведе Њујорк на еден чекор од првата титула во НБА од 1973 година. Овој триумф на „Никс“ го надмина познатиот пресврт на Бостон против „Лејкерс“ во 2008 година, кога „Селтикс“ ја надминаа негативата од 24 поени, и до овој натпревар беше најголемиот камбек во историјата на финалето на НБА. Петтиот натпревар од финалето е закажан за Сан Антонио во недела наутро во 2:30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер