КултураТетовската библиотека доби рок од Владата за преместувањеТетовската библиотека доби рок од Владата за преместување, вработените и понатаму бараат посоодветни услови за работа. Во тетовската библиотека „Кочо Рацин“ пристигнале владините одлуки за нивно преместување во други простории на Центарот за култура, но вработените бараат заедно со Министерството за култура да се најде посоодветно решение. Вработените повторно јавно реагираат и алармираат за несоодветните услови за работи кои би ги имале соседните простории каде Владата им наложи да се преместат. -Ние не сме против да се преселиме, ама да бидат реални услови за библиотека. Ги замолувам од Министерството за култура да формираат комисија заедно со нас вработените, да ги видиме реалните ситуации и да се договориме што да правиме. Не само да брзаме. Ако почнеме, хипотетички зборам, да носиме книги и рафтови, таму едноставно нема да не собере и ќе останеме на улица. Само овде има над 90 илјади книги и над 50 илјади книги во пакети има во два магацини во Центар за култура. Се плашам дека и рафтовите нема да ги собере сите. Чим не ги собира рафтовите и книгите нема да ги собере, изјави Махи Муртезани, вработен во библиотека. Вработените потсетуваат дека во соседните простории кои се исто во рамки на Центарот за култура имаа помалку квадратни метри. Наместо досегашните 156 квадратни метри добиваат нови простории кои досега се користеле како училници и со помала квадратура. - На хартија имаме 148 квадрати, ама од тие 13 метри квадратни, се ходници и скали. Мала просторија која не може да се користи за ништо. Две простории се ниски. Нашите рафтови се 230, 230 и 250 сантиметри високи, а тие се со пониски тавани, како ќе има циркулација на воздухот, ќе се задушуваме таму. Таму се само две простории на приземен дел има некакви услови за работа ама треба да се рушат ѕидови. Со овие рафтови нема да не собере. Нема тоалет. Нема место за хигиенски производи. Не сме против да не преселат, доброволно ќе одиме но барем да ги имаме условите како овде додека да се направи библиотеката нова. Овде сме сите, сите вработени и магацин, и весници, и категоризација на книгите, на 158 квадрати функционираме сите оддели на библиотеката. Сега е лошо, ако почнуваме со преселување ќе биде хаос со читателите, почна учебна година, имаме над 5600 активни читатели, изјави Муртезани. Одлуката на Владата за преместување е од 29 август, а имаат рок од 15 дена кој изминува. Од Министерството за култура за проблематика веќе посочија дека во континуитет ги увидуваат потребите на националните установи кои се во негова надлежност, како што се Центарот за култура и библиотеката. - Во соработка со нив, Министерството е насочено кон соодветно решавање на просторното прашање на Библиотеката. Можното дислоцирање ќе биде со исполнување на соодветни услови за нејзино функционирање, стои во одговорот од службата за односи со јавноста. За надминување на просторните проблеми на библиотеката во Тетово постои трајно решение. Од 2014 година почна со изградба на нов објект каде треба да се сместат библиотеката и Тетовски театар. Од Министерството велат дека годинава за тој објект во нивниот буџет се обезбедени 116.979.000 денари. - Времетраењето на изградбата на објектот наменет за театар и библиотека во Тетово е предвидена со динамиката за обезбедената согласност за повеќегодишна јавна набавка. Согласно заклучок на Владата, динамиката на изведбата е продолжена до 2027 година. Во тек е изведба на градежни, градежно занатски работи и инсталатерски работи. Според доделениот договор и според продолжувањето на динамиката, објектот се очекува конечно да биде завршен и пуштен во употреба во 2027 година, информираат од Министерството за култура. Тетовската библиотека дневна фреквенција од 300 до 500 читатели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕстонија се подготвува да ја затвори границата со Русија по обидот за саботажаЕстонскиот премиер Кристен Михал нареди подготовки за евентуално целосно затворање на границата со Русија по обидот за напад врз компанија што произведува воени дронови.Естонските безбедносни служби се сомневаат дека руската воена разузнавачка служба ГРУ стои зад обидот за саботажа, објави естонскиот јавен радиодифузер „ERR“. Во сабота, 14 ноември, осум латвиски државјани беа приведени по обид за провала во фабриката „Треод Системс“ во Виимси, северно од Талин. Според естонските власти, целта на нападот била да се предизвика експлозија и да се запали објектот, кој, меѓу другото, произведува дронови за извидување со долг дострел и борбени летала. Премиерот нареди подготовки за затворање на границата Михал денес објави дека разговарал за евентуалното затворање на источната граница со министерот за внатрешни работи Игор Тара. Тој им наложи на министерството и владините оддели да ги подготват сите потребни мерки за да може границата да се затвори доколку безбедносната ситуација дополнително се влоши. Естонскиот премиер предупреди дека руските разузнавачки служби ги експлоатираат граничните премини за да дејствуваат против Естонија. Затворањето на границата, според него, би ги намалило безбедносните ризици и би испратило порака до Москва дека нападите врз естонската одбранбена индустрија не се прифатливи. Веќе втор напад врз одбранбената индустрија Најновиот инцидент не е прв ваков случај во Естонија. Во август, беше извршен прикриен напад врз компанијата „Милрем Роботика“ во Талин, која се занимава со развој на беспилотни воени возила и други одбранбени технологии. Естонската служба за внатрешна безбедност проценува дека обидот за напад врз „Треод Системс“ бил извршен по наредба на руската ГРУ. Премиерот Михал рече дека целта на ваквите операции е да се заплаши населението и да се ослабне поддршката за Украина. Естонија, нагласи тој, нема да ја намали својата помош за Киев, туку ќе продолжи да ја зајакнува соработката со сојузниците и да го зголемува притисокот врз Русија. Граничните премини работат со намален капацитет со месеци Естонија во моментов има три отворени гранични премини со Русија: Нарва, Лухамуа и Коидулу. Сите се отворени од 7 до 19 часот, а ноќни затворања се воведени за зајакнување на граничната безбедност и поефикасен надзор. Владата во август одлучи дека ограниченото работно време ќе важи до понатамошно известување. Во тоа време, министерот за внатрешни работи рече дека нема доволно причини за целосно затворање на границата, но најновиот безбедносен инцидент го отвори повторно ова прашање. Естонските власти сè уште не го објавија датумот на евентуалното затворање, ниту потврдија дека е донесена конечна одлука. Извор: Индекс.хрТагови: Естонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55