Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот регион пријавил измама во која дал пари на странска фирма за набавка на роба, па открил дека е измамен по информација од германски служби. Тој нарачувал преку интернет.

- На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт. Според пријавеното, тој преку интернет порачал роба за потребите на неговата фирма, за која преку банкарски трансакции во неколку наврати платил околу 21 илјада евра, но на 17.04.2024 од компанијата за транспорт го известиле дека нарачката била блокирана во Германија. Како што е пријавено, Б.Ф. стапил во контакт со надлежна служба во Германија, од каде му било кажано дека кај нив нема регистрирано таква стока, по што сфатил дека е измамен, информира СВР Тетово.

Тетовската полиција работи на расчистување на случајот.

Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани

Триесет и деветгодишен маж загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Жената и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница.

Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.

Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, а од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје.

Увидот во несреќата е во тек. Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти.

На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица.

Прелиминарни резултати: Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател

Гласачите во Панама го избраа Хозе Раул Мулино за претседател, според прелиминарните резултати објавени доцна синоќа.

Мулино, кој е близок човек од доверба на поранешниот шеф на државата Рикардо Мартинели, сака да ја запре нерегуларната миграција низ џунглата Дариен на југот на централноамериканската земја кон САД.

Мулино освои околу 35 отсто од гласовите, соопшти изборната власт на земјата откако беа преброени повеќе од 90 отсто од гласовите.

Околу 3 милиони луѓе имаа право да гласаат на изборите, при што беа одржани гласања за вкупно 71 парламентарно место и речиси 800 локални канцеларии.

Уставот на Панама забранува директен реизбор на актуелниот претседател, пренесува ДПА.

Меѓу осумте претседателски кандидати беа Хозе Габриел Каризо од владејачката партија ПРД, поранешниот претседател Мартин Торијос, поранешниот конзул во Вашингтон, Рикардо Ломбана и поранешниот министер за Панамскиот канал, Ромуло Ру.

Мулино (64) ќе ја преземе функцијата шеф на државата и премиер на 1 јули.

Баерн почна преговори со Тен Хаг

 Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг може да ја продолжи кариерата во Баерн, објави на социјалните мрежи новинарот Флоријан Плетенберг.

Според Плетенбург, во последните недели се воделе преговори меѓу клубот и застапници на холандскиот фудбалски стручњак.

Иднината на тренерот во Манчестер јунајтед сè уште не е одредена. Тен Хег би сакал да го одработи договорот до 2025 година. Но, доколку мора да ја напушти функцијата на крајот од сезоната, тој е подготвен да го води Баерн.

Претходно беше објавено дека сегашниот тренер на Баварците, Томас Тухел планира да го напушти Баерн. Сепак, на 4 мај во медиумите се појави информација според која Германецот би можел да остане во германскиот клуб.

Баерн не ја одбрани титулата во Бундеслигата, додека по 34 кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е на 6. место.

притисни ентер