МакедонијаТетовци од денеска може да се возат со градски автобуски превоз Јавниот градски автобуски превоз во Тетово почна да се одвива денеска со промотивно возење на една од линиите. Претставници од општинскиот Совет и од јавни претријатија, како и новинарски екипи, со автобус на „Тетово транспорт" поминаа делница од автобуската станица, преку булеварите „Видое Смилевски-Бато" и „Маршал Тито" и „Илинденска" се до Универзитетот на Југоисточна Европа и назад. Возењето почна околу 9.30 часот – дел од денот кога има сообраќаен метеж, најпрво кај пазарот, а потоа и на булеварот „Илинденска" каде мораше да се вози полека во колона и во прва брзина. Од автобуската станица до Универзитетот на ЈИЕ автобусот мораше да застане четири пати зашто не можеше да го продолжи патот поради неправилно паркирани возила. За за помине од автобуската станица до плоштадот му беа потребни речиси осум минути, а од Универзитетот па назад до автобуската станица му требаа 22 минути со едно застанување на автобуска постојка кај Шарена џамија. -Завршува голем проект со јавен превоз во градот Тетово, една долга приказна заврши како успешна мисија. Заслуга е на градоначалничката, советниците од Советот, администрацијата и Министерството за финансии. Голем ден е денес за Тетово, сите граѓани да се возат со градските автобуси со цел да имаме помалку метеж во сообраќајот и така да ги чуваме автобусите, изјави претседателот на Советот Беким Мемети. Директорот на општинското претријатие „Тетово Транспорт" Дарко Спировски објасни дека досега се работело на административни, технички и оперативно аспекти со цел да се воспатават линии, да се расчистат патишта со цел движење на автобусите. -Ќе имаме соработка со полицијата да се обезбедат реални услови автобусите да се движат регуларно и за определениот рок да стигаат од станица до станица. Во наредните 10 дена ќе има период на прилгодување на нас кон граѓани и од граѓаните кон користењето на автобусите. Воедно сметам дека ќе се подигне свест на возачите да не паркираат возила пред автобуски постојки. Првите 10 дена ќе бидат промотивен период и беспатно ќе може да се користат услугите, изјави Спировски. На новинарските забелешки дека изостануваат известувања до граѓаните преку информативни гласила, директорот рече дека сето тоа ќе биде овозможено во наредниот период. -Ќе се изработат информативни табли на секоја станица каде ќе се знае во колку часот треба да дојде автобус и колку пати во тек на ден. На секој станица ќе има електронска информативна табла да граѓаните точно да знаат каде се наоѓа автобусот, кој нареден треба да додје и во кој правец ќе се движат. За почеток ќе има хартиени билети, во дуќани ќе може да се купуваат, наскоро на сите можни продажни места да можат да се најдат. Треба да се изработи веб-страница и да се плаќа за билетите електронски преку интернет, рече Спировски. Претставниците на Општина Тетово посочија дека ќе се следат мерките и протоколите кои се препорачани и наложени од здравствените институции при користење на градскиот превоз. -Секој кој влегува треба да има маска и да држи дистанца. Има дезинфекција во автобусите, а се внимава и на капацитетот, рече Спировски. Еден билет за едно возење е 20 денари. Предвидени се повеќе категории на билети за групи на граѓани, а ќе има и месечни и годишни карти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: „Путин, дали прифаќаш?“Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот. „Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски. Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став. „Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски. Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКлучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “Европската унија утврдува што се смета за европски автомобил или компонента.Во Европската унија се водат важни дискусии за идните критериуми за ознаката „ Made in Europe “, одлуката што ќе произлезе од нив би можела значително да влијае врз автомобилската индустрија и конкуренцијата од Кина. Се разгледуваат правила што би им дале предност на европските производи во јавните набавки и во програмите за државна поддршка за стратешките сектори. Клучно прашање е прецизното дефинирање на тоа кога еден автомобил или негова компонента се квалификуваат како европски производ. Исто така, од особена важност е да се утврдат условите под кои производите и деловите од трети земји би можеле да го добијат истиот статус, пренесува „Revija HAK“. Според информативниот портал „Contexte“, предвидено е „Coreper I“ – Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ – да расправа за оваа тема на 7 октомври. ЕУ се соочува со дилема: правилата треба да го поттикнат производството во рамките на Унијата без притоа да ги загрозат меѓународните синџири на снабдување или обврските кон трговските партнери. Последиците за купувачите на автомобили остануваат нејасни. Поширока дефиниција за „ Made in Europe “ би им овозможила на автомобилите со поголем удел на компоненти од партнерски земји да го задржат пристапот до европските програми за поддршка и договорите за јавни набавки. Од друга страна, построгите правила дополнително би го фаворизирале производството лоцирано во ЕУ. Конечната одлука би можела да има долгорочни последици врз потеклото, достапноста и цената на автомобилите што се продаваат на европскиот пазар. Извор: Б92Тагови: автомобили ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомвриВучиќ –кој е носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“ изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ. На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook