Тетка го тужела својот внук бидејќи и ја скршил раката - Канал 5

Тетка го тужела својот внук бидејќи и ја скршил раката

Тужбата била веднаш отфрлена

Тетка го тужела својот внук бидејќи и ја скршил раката
Инцидентот се случил пред 4 години кога нејзниниот внук имал 8 години. Детето се затрчало и се фрлило во нејзина прегратка но таа не успеала да го задржи и паднала на земја при што го скршила зглобот на раката.

„Јас си го сакам својот внук но тој мора да си одговара за своите постапки, изјави тетката Џен во судот.

Нејзиниот живот многу станал потежок бидејќи не можела да си ги однесе своите намирници до станот кој бил на 8-ми спрат поради повредената рака, додала во изјавата Џен.

Судијата је отфрлил тужбата во која таа барала оштета од 125 000 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Белгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. 

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола.

Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години.

Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера.

Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 година

Вашиот глас е важен. Вашите идеи, предлози и барања можат да станат конкретни проекти и активности што ќе го подобрат секојдневието во нашата општина. 

О. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 година

Општина Карпош ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во Форумот за граѓански буџет за 2027 година и заеднички да ги утврдиме приоритетите за развој.

Форумите ќе се одржат во холот на општинската зграда, во периодот од 15:00 до 17:00 часот, според следниот распоред:

I БУЏЕТСКИ ФОРУМ – ВЛАЕ, ЗЛОКУЌАНИ И БАРДОВЦИ • У.З. Влае 1 • У.З. Влае 2 • У.З. Злокуќани • М.З. Бардовци

II БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КАРПОШ И ТАФТАЛИЏЕ • У.З. Карпош 1 • У.З. Карпош 2 • У.З. Карпош 3 • У.З. Карпош 4 • У.З. Тафталиџе 1 • У.З. Тафталиџе

III БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КОЗЛЕ, МЛЕЧЕН И НЕРЕЗИ • У.З. Кузман Јосифовски-Питу (КЈП) • У.З. Пецо Божиновски-Кочо (ПБК) • У.З. Владо Тасевски (Млечен) • У.З. Нерези

Да креираме заедно затоа што најдобриот буџет е оној што ги одразува вистинските потреби на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20-45 часот на арената Тоше Проески во Скопје  против незгодната селекција на Словенија, го игра последниот натпревар од групната фаза во сегментот Б од  Лигата на нации. 

Црвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од  Лигата на нации

Избраниците на Седлоски на дуелот против Словенија ќе се обидат да стигнат до првиот бод освоен сезонава во Лигата на нации.

По гостувањето во Шкотска, македонската репрезентација се враќа пред домашната публика со желба за позитивен резултат и достојно затворање на настапот во групата. Словенија е добро познат противник, а меѓусебните дуели низ годините носат интересна фудбалска приказна.

Македонија и Словенија досега одиграле осум меѓусебни натпревари, а билансот е на страната на нашата репрезентација. Имаме четири победи, два нерешени резултати и два порази, со вкупна гол-разлика 13:9.

Последниот меѓусебен натпревар, одигран на 29 септември во рамките на Б Лигата на нации, заврши со победа на Словенија од 2-0.

Историјата на меѓусебните пресметки започна на 13 октомври 1993 година во Крањ, кога Македонија го одигра својот премиерен меч како национален тим, а тоа воедно беше прв натпревар против Словенија и забележа убедлива победа од 4:1.

Само пет месеци подоцна, на 23 март 1994 година, двете селекции повторно се сретнаа, овојпат во Скопје. Македонија славеше со 2:0 и ја потврди добрата традиција против словенечката репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер