Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотТестаментот на принцот Филип ќе остане тајна најрано до 2111 годинаТестаментот на британскиот принц Филип, војводата од Единбург, ќе остане тајна најмалку 90 години за да се заштити „достоинството и положбата“ на кралицата, одлучил судот.Тоа е традиција која трае повеќе од еден век, имајќи предвид дека по смртта на член на британското кралско семејство, од судовите се бара да ги запечатат нивните тестаменти, пишува Би -Би -Си. Ова значи дека, за разлика од повеќето тестаменти, тие не се достапни за јавноста. По 90 години, ќе се одржи приватно судење за да се одлучи дали тестаментот може да се отпечати. Сослушувањето за запечатување на тестаментот во јули се одржа во четири очи,со Сер Ендрју Мекфарлејн, судија на Врховниот суд. Тој ги слушнал аргументите од адвокатите што го претставуваат имотот на починатиот војвода, како и аргументите од државниот обвинител и вчера ја објавил својата одлука. Сер Ендрју објаснил дека тој, како претседател на Семејното одделение на Високиот суд, е чувар на сефот со повеќе од 30 пликови,а во секој од нив има запечатен тестамент на починат член на кралското семејство. И за прв пат по повеќе од сто години, тој иницирал процес што ќе овозможи објавување на тие тестаменти. Принцот Филип почина во април годинава на 99 -годишна возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Промена на времето и пад на температуритеСпоред хидрометеоролозите од денес ќе има значителен пад на температурите, поради што сите малку ќе здивнеме од екстремно тополото време.Ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Граѓаните да пријавуваат ако им се бара мито – зашититени нема да имаВчера беше побаран притовор за помошник директорот во Царинската управа Џевер Имери, кој завчера беше фатен како прима мито. По случаите за примање мито од помошник директорот во Царинската управа Имери и и од возачот на генералниот секретар на Владата, премиерот Христијан Мицкоски откри дека во моментот се следат уште неколку случаи за кои постои соменвање за системска корупција во институциите. Не прецизираше за колку точно случаи станува збор и за кои сектори се работи, но посочи дека ваквите коруптивни дејствија низ иснтитуциите мора да бидат искоренети. Уверува дека случаи на висока корупција нема и порача дека секој кој се огрешил ќе одговара. „Следиме неколку случаи и чекаме тие тоа што го побарале од странките да се дрзнат да го земат. Еве однапред кажувам и ги повикувам сите граѓани кои што ќе бидат жртва на било каква системска корупција да пријават без исклучок секој ќе биде санкциониран. Еве, јавно го кажувам тоа“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада Мицкоски најави и дека наскоро ќе биде отпочнат проект за пријавуавње корупција во соработка со Транспаренси Интернешанал. Граѓаните ќе можат на отворен број да пријавуваат доколку некој им побара мито. Во однос на случаите со барање на мито во Царинската управа и во СОЗР, премиерот вели дека не биле пријавени од граѓани во Обвинителството за оранизиран криминал но не сакаше да коментира за, како што рече, да не влијае на истрагите. Вчера беше побаран притовор за помошник директорот во Царинската управа Џевер Имери, кој завчера беше фатен како прима мито. Според истрагата на ОЈО ГОКК во периодот од април/мај до септември годинава Имери користејќи ја својата службена положба во повеќе наврати побарал и примил вкупно 17.500 евра. Тој по преземањето на парите се обиде да и избега од полицијата, но набрзо беше фатен и успасен. За примање мито пред една недела беше успасен и возачот на генералниот секретар на Владата Д,Ц кој барал поткуп од 1.500 евра за посредување при вработување на пожарникар во Град Скопје. Беше фатен на лице место при примопредавањето на 500 евра обележани пари. Веднаш по настанот, ген.секот на Влдата Јанушев целосно се огради од возачот и посочи дека за неговото незаконско постапување треба да оговара пред надлежните инстутуции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЧестите отоци не се секогаш алергија – апел за навремено откривање на ХАЕ кај децата25 пациенти во Македонија живеат со наследната состојба ХАЕ или наследен ангиодем што предизвикува отоци на различни делови на телото дланки, лице, усни јазик грло, стомак. Оваа состојба се јавува без претходна најава уште во детството, и потсетува и на други заболувања како алергии. Но, честото појавување може да биде аларам за подетални испитувања со цел навреме да се направи редовно земање на терапија и да се има сосема живот без пречки. Наташа Јовановска Поповска има ХАЕ, таа е родена со оваа состојба. Таа е мајка, работи и го живее со полн капциетет. Вели дека во оваа состојба добро е што има лек и контрола на состојбата. Таа е во здржението ХАЕ Македонија. Лекови има редовни и тоа добро скоро 11 години. Она што е загрижувачко е што бројката од 25 дијганостицирани е повиска, но мора родителите навреме да реагираат заедно со матичните лекари доколку нивното дете има често отоци, но и доколку знаат дека во нивната фамилија имало. А отоците пред се во грлото може да се живото загозувачки. Животот со ХАЕ е предизвик таа имало потешка бременост, но се било навремено регулирано, најтежок период бил кога немало терапија, а останале на нозе и се бореле со семејствата. Родиделите на децата со ваква состојба не треба да се плашат само редовно да ја земаат терпијата. Сега е важна едукацијата од градинките и на децата дека ХАЕ е тука, но со зборување и едукација може да се помогне како со малата „Лили во видеото“. Од Здружението се задоволни од лекарскиот тим на детската клиника со докторка хасани и од клиниката за кожни болести каде се зема терапијата, со „апел не секој оток е алерија и навреме да се открие“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter