Тест кој открива дали сте попаметни од другите!(фото) - Канал 5

Тест кој открива дали сте попаметни од другите!(фото)

Постојат многу начини да откриете дали некој е поинтелигентен од повеќето луѓе, а еден од посигурните проверки е моќта на перцепција.

Тест кој открива дали сте попаметни од другите!(фото)
На дадената слика се наоѓа еден детаљ кој мал број на луѓе може да го воочат, а одговорот открива дали сте гениј или не. На оваа слика се наоѓа и портрет на уметникот. По ваше мислење каде се сокрил?
На фустанот на дамата?
На уметничкото дело?
Во долниот лев агол на сликата?

Според вашите одговори, проверете дали сте генијалец.

Доколку одговоривте – на фустанот на дамата
Морате уште да работите на себе

Не, портретот на уметникот не се наоѓа на фустанот. Иако делува дека на него има многу силуети кои потсетуваат на човечко лице, тој е скриен на друго место. Некои се родени како попаметни од другите, но за жал, тоа не е случај со вас. Имаме и убави вести за вас: можете многу да напредувате ако константно работите на себе и учите нови работи.
Доколку одговоривте – на уметничкото дело
Вие сте гениј

Вашиот коефициент на интелигенција е многу поголем во однос со просечните луѓе. Уметникот се сокрил на уметничко дело, а го забележавте иако ликот му е свртен наопаку. Ова покажува дека вашата моќ на перцепција е многу силна, дека немате несовладливи пречки. Луѓето за кои можеме да кажеме дека се генијалци обично имаат некој талент, па затоа би требало да го искористите на вистински начин.
Доколку одговоривте во долниот лев агол на сликата
Вие сте изгубен случај

Па добро дали навистина лицето на уметникот ви се причини на ова место? Не само што сте погрешиле, туку не сте ни блиску. Забрзан курс од основно училиште, најверојатно, нема да биде лоша идеја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден

Американските сили  нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден, како одговор на тоа што Техеран двапати гаѓаше американски воен брод, соопшти Централната команда на САД.

Американските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден

Четири ирански танкери за нафта во Оманскиот залив поврзани со корпусот на Иранската револуционерна гарда беа цел на нападот, како и уште еден во близина на островот Харг, голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, додаде централната команда на САД. Техеран одговори со лансирање ракети врз американската база во Јордан - од кои повеќето беа соборени - и соопшти дека нападнале два американски брода и осум танкери за нафта во Ормутскиот теснец. Пресметките меѓу двете земји ескалираа изминатата недела, по повеќе од шест месеци откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Цените на нафтата пораснаа на азиската берза. Референтната сурова нафта „Брент“ поскапе за 1,5% , додека нафтата што се тргува на берзата во САД е повисока за 1,3%.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиника

Нема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.

Се смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиника

Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

Кога СДС зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

ВМРО ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП.

Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи.

Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДС и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година.

Тоа е сметката што ја остави СДС со ДУИ и треба да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари?

Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи.

Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти.

Дека економските политики на Владата се добри говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти.

И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очиглефна. Просечниот раст кај претходната власт на СДС и ДУИ е околу 2,6 проценти.

Затоа наместо СДС да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер