Тесла во слободен пад во Европа, купувачите се вртат кон кинеските електрични возила - Канал 5

Тесла во слободен пад во Европа, купувачите се вртат кон кинеските електрични возила

Продажбата на автомобили на „Тесла“ во Европа претрпе сериозен удар во ноември, а податоците од клучните пазари покажуваат дека интересот на клиентите нагло се намалува.

Тесла во слободен пад во Европа, купувачите се вртат кон кинеските електрични возила

Падот не е симболичен, туку драматичен, што дополнително ги алармира аналитичарите кои предупредуваат дека „Тесла“ е во сериозна пазарна криза.

Во Франција, регистрациите се намалија за 58 проценти, во Шведска за 59 проценти, а во Данска за 49 проценти во споредба со истиот период минатата година. Бидејќи регистрациите на нови возила се сметаат за најсигурен индикатор за продажба во автомобилската индустрија, таквиот пад практично значи дека реалната побарувачка за модели на „Тесла“ во овие земји нагло опаѓа.

Единствен исклучок во Европа беше Норвешка, каде што „Тесла“ забележа рекорден месец, но тој резултат не успеа да го прикрие поширокиот негативен тренд што се шири низ целиот континент.

Политика, протести и изгубена доверба на клиентите

Падот на интересот за „Тесла“ во Европа трае од крајот на минатата година, кога извршниот директор Илон Маск јавно поддржа одредени десничарски политичари. Овој потег предизвика протести во неколку европски земји и сериозно го оштети имиџот на брендот, кој со години се сметаше за симбол на технолошкиот напредок и модерното размислување.

Ситуацијата дополнително ја влоши големиот пожар во продавница на Тесла на југот на Франција, по што беше покрената кривична истрага. Иако официјалната причина сè уште се утврдува, целиот случај дополнително го засили негативниот медиумски имиџ и впечатокот за несигурност околу брендот.

Сите овие околности заедно доведоа до тоа голем дел од европските клиенти да се оддалечат од Тесла и да почнат да разгледуваат алтернативи.

Кинеските производители преземаат

Аналитичарите истакнуваат дека Тесла во моментов ја губи својата пазарна предност поради сè поагресивната конкуренција од Кина, која влегува во Европа со посовремени модели, пониски цени и побогата опрема. Покрај тоа, портфолиото на модели на Тесла се смета за ограничено и технолошки сè позастарено во споредба со своите конкуренти.

Анкетата спроведена на петте најголеми европски пазари покажа дека дури 38 проценти од испитаниците веруваат дека новината на Тесла исчезнала, додека сè поголем број клиенти сметаат дека брендот заостанува во дизајнот, квалитетот на изработката и емоционалната привлечност.

Сето ова укажува на сериозен проблем за компанијата што со години го поставува темпото во светот на електричните автомобили. Европа, која беше еден од клучните пазари во раст, сега се претвора во место каде што најјасно се гледа дека Тесла повеќе ја нема својата некогаш недопирлива позиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер