Тесла веќе има преку 600.000 резервации за Сајбертрак - Канал 5

Тесла веќе има преку 600.000 резервации за Сајбертрак

Судејќи по бројот на досега резервирани возила, електричниот камионет на Тесла ќе се продава одлично.

Тесла веќе има преку 600.000 резервации за Сајбертрак

Иако продажбата на Тесла Сајбертрак ќе започне дури наредната година, има премногу заинтересирани купувачи. Тоа што е фацинантно е дека американскиот произведувач и понатака прима голем број на предвремени нарачки и покрај пандемијата на коронавирусот во САД која нанесува последици и на автомобилската индустрија и економијата генерално.

Како што тврдат од Тесла, таа компанија дневно во просек запишува околу 1.000 резервации од потенцијални купувачи.

Кога се вели „потенцијални“, тоа е затоа што тие резервации се необврзувачки и подразбираат навистина мал депозит од 100 долари, па многу купувачи во меѓувреме можат и да се откажат од набавката на камионетот.

Според податоците кој ги објави клубот на сопственици на Сајбертрак „Cybertruk Owners Club“ ( да такво нешто постои иако до почетокот на производството на овој автомобил има уште најмалку една година), заклучно со 30 март пристгнале околу 622.000 резервации.

Потсетуваме, Тесла почна да прима предвремени нарачки на 21 ноември 2019 година, а неполна недела подоцна Илон Маск на Твитер напиша дека веќе пристигнале повеќе од 250.000 резервации.

За споредба, за Тесла Модел 3 во период од април 2016 до август 2017 биле запишани 518.000 предвремени нарачки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година.

Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан.

Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“.

Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“.

Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Македонија вечерва осум активни пожари

Во Македонија до 18 часот се регистрани осум активни пожари, информираат од ЦУК. Во општина Сарај гори во селото Копаница, каде што е зафатена ниска вегетација.

Во Македонија вечерва осум активни пожари

Пожар е активен и на подрачјето меѓу селото Трново во општина Гостивар и селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Чашка активен е пожарот над селото Нежилово, во месноста Сватови, каде што гори ниска вегетација и поединечни дрвја. Пожар има и во селото Копанце во општина Јегуновце, каде што е зафатена мешана шума. Во прилеп активни се три пожари – над касарната, кај старите гробишта, како и во селото Црнилиште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица на сите православни верници.

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Успението на Пресвета Богородица е празник на верата, надежта, љубовта и семејството. Мајката Божја е вечен пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност - вредности кои не потсетуваат дека силата на едно општество се темели на почитта, солидарноста и грижата за ближниот.

Семејството, традицијата, верата и солидарноста се темелите врз кои градиме силна, достоинствена и просперитетна Македонија. Токму овие вредности не обединуваат и ни даваат сила со заедништво и одговорност да чекориме кон подобра иднина.

Нека овој голем празник донесе мир во домовите, спокој во срцата, здравје и благосостојба, и нека нe обедини во заедништво, почит и љубов кон семејството и татковината.

Нека ни е честит и вековит празникот Успение на Пресвета Богородица!

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер