Тесла продолжува со зајакнување на батериите и намалување на цените

Освен што успеа да стане највредна компанија, Тесла успеа да постигне уште неколку работи. Најавите се подеднакво интересни.

Tesla Motors, компанија која никогаш не можела да заклучи позитивна година, успеа во невозможното. Таа ја прегази јапонската Тојота, компанија која произведува околу 30 пати повеќе автомобили и го зазеде врвот на листата на светски производители на автомобили по пазарна капитализација. Благодарение на растот на вредноста на акциите, вредноста на Tesla се искачи на 209 милијарди долари, додека Toyota вреди за 4 милијарди долари помалку. И тоа се случи на 1 јули.

Исто така, има добри вести за постојните сопственици. Tesla ја подигна моќноста на полнење на своите Superchargers на 250 kW, што значи дека, на пример, Model 3 добива опсег од 120 км по пет минути полнење. Моделите S и X неодамна можат да достигнат до 225 kW, а сега границата е зголемена на истите на 250 kW. Тесла ова достигнување го комерцијализира на 1000 км на час, што значи опсег од 1600 км за еден час полнење.

На оние кои неодамна го купиле Tesla Model Y нема да им се допадне ова.Имено, производителот забележително ја намалиле цената на своите модели без никакво соопштение или објаснување. Ова важи и за најновиот модел Y, а истиот, како и моделот 3, падна во цената за 3.000 долари. Сега започнува од 51.190 долари.

Претходно, Model S и Model X веќе беа поевтинети, за дури 5.000 долари, додека Model 3 беше поевтин за 2.000 долари.

Tesla Motors објавува и за батериите. Овој пат станува збор за издржливоста. Тие најавија нова технологија која ќе овозможи една батерија да покрива милион милји, или околу 1,6 милиони километри.

Актуелните батерии во Tesla можат да траат до 800.000 км или до околу две илјади полнења или празнења, во зависност од тоа како се гледа.

Без масовно присуство на протестот за спас на Универзална сала

Вечерва изостана масовноста на протестот  за спас на Универзалната сала, кој преку иницијативата Солидарни за срцето на Скопје се најавуваше последните денови.

Иницијативата на фејсбук, потекна по објавата на конкурсот, за идејно решение за парк со летна сцена кој според замислите на градските власти, би требал да никне на местото на „Универзална сала“.

По бурните реакции во јавноста на иницијативата и се придружија повеќе уметници.. Но вечерва немаше масовна присутност а речиси и никој од присутните не сакаше да зборува пред камерите.. Но тоа го стори еден од поранешните директори на Универзална, Петар Георгиевски.

Павле Трајанов и Љупчо Пренџов во „Само Вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Павле Трајанов и Љупчо Пренџов

Трајанов изнесе оптимизам дека во наредните 2-3 дена Заев ќе успее да обезбеди парламентарно мнозинство врз основа на што би го добил мандатот за формирање влада. Според Трајанов ДУИ уценувале за премиер Албанец во рок од 6 месеци до една година и за повеќе места на извршни функции поради поголемиот број освоени пратенички мандати.
Пренџов истакна дека ако Заев и Ахмети ја сочинуваат повторно идната владејачка коалиција тоа би било погубно за Македонските евроинтеграции зашто дури тогаш ЕУ немало да ни даде датум за преговори , поради големиот криминал и корупција што го направиле овие две партии.

Трајанов и Пренџов спорат на што се должи бројот на освоени гласови во првата изборна единица.Според Трајанов голем број гласови на коалицијата ,,Можеме“ се изгубиле поради уставните измени и промената на името а дека опозицијата не сакала да учествува во процесот а сакала да ги користи бенефитите.

Пренџов ги оцени за измама сите,,прелети“ на пратеници од една во друга партија во Собранието,измама за која треба да се одговара. Иако дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ Пренџов рече дека за ГРОМ системот на меници за пратениците не бил познат и не се применувал.
И Трајанов рече дека е против менување на партискиот дрес. Рече дека бланко поддршка за новата влада нема и дека ако Заев не успее да формира влада, тие како ДС ќе бидат во опозиција.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Шилегов објави видеа од диносаурусите во Зоолошка

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот фејсбук профил објави видеа од неколку диносауруси кои денеска имале проверка пред монтажата на големите праисториски животни во Дино паркот во Зоолошката градина.

Во овој парк ќе има 41 диносаурус во природна големина. „ Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе ги доловиме на посетителите овие праисториски животни.

Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде ќе има толкав број на диносауруси, како и едукативна содржина за секој од нив. Паркот ќе зафаќа површина од 2.000 метри квадратни.

Ќе има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. За Дино паркот ќе се плаќа посебен билет од 50 денари.

За уредување на просторот и набавка на диносаурусите од буџетот на Град Скопје обезбедени се 20 милиони денари (околу 325.000 евра).

притисни ентер