АвтомобилизамТесла поминал над половина милион километри, колку чини одржувањето (ВИДЕО)Заговорниците на електрични автомобили велат дека нивната најзначајна предност во однос на автомобилите со класичен погон е во драстично пониските трошоци за одржување. Дали верувате во тоа?Уште од кога го освои пазарот со e-Tesla, многумина се прашуваа колку воопшто ќе може да вози и за колку ќе се расипе. И колку ќе чини на крајот. Постојат бројни случаи кои покажале недостатоци во квалитетот на изработката како недостаток на искуство во масовното производство, но информациите за дефекти се скоро непостоечки. Точно, за неколку години откако пристигна Model Ѕ како првиот модел со забележителна популарност, малкумина поминале со завидна километража. Еден од нив е оној на Стив Сасман, кој го купил Model S во 2014 година со приближно 56,000 поминати километри. Тој го возел цели пет години и го продал минатиот август со 344.515 км. За време на тој период, Сасман посетил 48 американски држави и Канада, трошејќи само 5.415 американски долари за одржување. Најголем дел од трошоците паднале на екранот за инфозабава, што го платил 2.215 долари, додека потрошил 790 долари на компонентата на полначот. Тој купил уште два комплети гуми, заменил една рачка и батерија од 12V. Сегашниот сопственик на „Тесла“ ја преминал границата од 300.000 милји, или 482.803 км и потрошил околу 5.000 американски долари за одржување за поминати над 138.403 км, пишува Tesmanian. Математиката вели дека за над половина милион поминати километри биле потрошени нешто повеќе од 10,000 долари. Импресивно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајакнати акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли6.932 прекршоци и 503 кривични пријави.Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 6.932 прекршоци сторени од возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, како и 33 прекршоци сторени од возачи на велосипеди. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 2.146, СВР Битола – 992, СВР Велес – 856, СВР Куманово – 583, СВР Штип – 544, СВР Тетово – 541, СВР Охрид – 420 и СВР Струмица – 327, додека од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 556 прекршоци. Од вкупно констатираните прекршоци, 5.678 се однесуваат на неносење заштитен шлем – кацига при управување со овие видови возила. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во текот на спроведените контроли констатирани се и 15.715 други прекршоци, а против 503 возачи се поднесени кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите акциски контроли на целата територија на државата, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи. Апелираме до сите возачи на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила одговорно да учествуваат во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да користат заштитен шлем – кацига и да не управуваат под дејство на алкохол или други психоактивни супстанции.Тагови: контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометРК Вардар 1961 со нов дрес – златниот сјај на историјата и новите победиМакедонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 го претстави специјалниот јубилеен дрес со кој ќе настапува во новата сезона. Дизајнот е инспириран од големиот јубилеј – 65 години од основањето на клубот, години исполнети со големи победи, европски трофеи и генерации ракометари кои го испишаа името на Вардар во историјата, и на македонскиот и на европскиот ракомет. Во новата сезона, на гостински терен Вардар ќе настапува во дрес со кој тимот потсетува на најсветлите моменти во историјата на клубот и на трофеите кои низ годините ги прославуваа заедно тимот и неговите верни навивачи. Јубилејниот дрес наскоро ќе биде достапен и во официјална продажба, овозможувајќи им на сите вардарци, навивачи и симпатизери да го носат клубот со себе и да бидат дел од новите предизвици во сезоната 2026/27. Вардар денес требаше да го одигра натпреварот против Динамо Панчево, но мечот е официјално одложен. Екипата се соочи со серија повреди и вирусна инфекција која ги погоди ракометарите по завршувањето на меморијалниот турнир во Охрид. Следниот предизвик, доколку здравствената состојба на екипата дозволи, е на 2 септември во Гевгелија, каде Вардар против ГРК Охрид ќе се бори за првиот трофеј во сезоната, Суперкупот на Македонија. Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во тимот, во неговата сила и во победничкиот менталитет кој со децении го препознаваат неговите навивачи. Веруваме во Вардар. Веруваме во победата. И типуваме на нова шампионска титула.Тагови: РК Вардар 1961 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкција за отстранување на хаварисани возила низ КарпошСекторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, вчера спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа.Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка. Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина. Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter