Тесла најави краш-тест на долго најавуваниот Сајбертрак (ВИДЕО)

Cybertruck со години доцни на пазарот, но Tesla очигледно не се откажува од развојот.

Досега, и покрај големите ветувања, Тесла покажа многу малку, а таа практика, се чини, се уште трае. Тесла на својот Твитер профил објави видео од краш-тестот на Cybertruck, но повторно не покажа многу. Видеото е долго 37 секунди, покажува неколку различни тестови, но ниту еден од нив не е со кршење.

Кога сѐ ќе се собере, може само да се заклучи дека Tesla е чекор поблиску до комерцијализација на моделот, како и дека најверојатно наскоро ќе ги објави резултатите од краш тестовите.

Време е, бидејќи Cybertruck беше најавен уште во 2019 година, а и покрај бројните најави и ветувања, до денес на патиштата се забележани повеќе верни копии отколку вистински. Точно, додека Tesla нè „почестува“ во Европа со специјално пиво GigaBier, а во Кина со полнач Cybervault, неодамна во Америка можеа да се видат неколку прототипови со активен 4WS систем за вртење на задните тркала. Дури и Маск најави помал круг на вртење од Model Y, што со оглед на димензиите е извонреден дострел.

Најновите информации сугерираат дека ќе видиме сериски Cybertruck оваа година, додека производството треба да се зголеми во текот на следната година. Судејќи според одличниот успех на Фордовиот F-150 Lightning, пикапот на Tesla би можел да биде новиот бестселер, барем во Северна Америка.

Спасовски: Милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце. 

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце.

„Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат, Македонија треба да гласа ЗА прогрес, за број 1 на 8 мај! Во с. Драгоманце и Младо Нагоричане знаат дека

може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на поголеми плати и пензии.

Ние од СДСМ и коалицијата нудиме милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство, поголем грант од 10.000 евра за жени земјоделки, 100% зголемување на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години!

Сите знаеме како изгледа владеењето на режимот, затоа не се откажуваме од иднината! На 8 мај за број 1!”, рече Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

Дадо Топиќ откри како го добил името Адолф

Познатиот музичар Дадо Топиќ во интервју откри како го добил името Адолф.

„Најдобриот пријател на татко ми, кого исто така го паметам како еден од најдобрите и најквалитетните луѓе што сум ги сретнал во животот, беше Евреин по име Адолф. Тој беше стоматолог по професија, а татко ми, кого Адолф во животот со своите добри дела го задолжи, вети многу пред моето раѓање дека ако има син ќе го крсти детето по него“, рекол своевремено Дадо и изјавил дека овој Адолф му бил и кум на крштевката, пренесува 24сата.хр. .

Топиќ откри и кога го добил прекарот Дадо.

„Прекарот Дадо го добив дури во средно училиште, кога почнаа да се натрупуваат проблемите околу моето име, па со него сум заглавен до ден-денес“, изјавил Дадо.

Ристовски: Ќе поднесеме резолуција за црвените линии на македонскиот национален интерес

„На 8 мај секој пред да го заокружи бројот на гласачкото ливче длабоко да размисли кому ќе ја даде довербата во периодот пред нас. “

Ние како коалиција „Храбро за Македонија“ како ИНТЕГРА македонска конзервативна партија, која е составен дел од таа коалиција, заедно со ГРОМ и со ПЦЕР најавуваме дека веднаш во македонскиот парламент ќе поднесеме резолуција со која ќе се дефинираат црвените линии на македонскиот национален интерес. Во тие црвени линии ќе бараме владеачките партии и сите останати партии во македонскиот парламент вкчучително и партиите на албанската етничка заедница и на останатите малцински етнички групи да го потврдат македонскиот идентитет, да ја потврдат македонската државност, да ја потврдат државотворноста на македонскиот народ во татковината Македонија“, рече од Ѓорче Петров, претседателот на ИНТЕРГА и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија.

„Со таа семакедонска резолуција во парламентот, Брисел ќе мора да сфати и да прифати дека тој македонски пркос, таа македонска ревност за македонското во Македонија ќе мора да биде основата на која ќе се водат идните преговори со Брисел. Дали тоа ќе го прифати Бугарија или не, тоа не зависи од нас. Ќе бараме македонско национално единство по тоа прашање, ќе бараме согласност од сите политички партии кои се прегрупираат за коалиција на власт, ако тие ја сакаат и ја почитуваат татковината Македонија, ако се лојални граѓани на Македонија, тогаш ќе мора да застанат рамо до рамо со македонскиот народ во неговите барања за сочувување на македонскиот национален идентитет во преговиорите со Брисел“, рече Ристовски.

„Нека не ве лажат сите дека доколку не прифатиме промена на уставот ќе запрат преговорите со Брисел. Не. Ние и сме потребни на Европската Унија и Брисел исто толку колку што тие ни се потреби нам. Ако Европа ја донесеме дома, ако го качиме стандардот на населението и квалитетот на животот со сите оние генерални цели и приоритети што ги нуди ИНТЕГРА како дел од Коалицијата Храбро за Македонија, ако сите ги прифатиме мерките и инструментите на владините политики и стратегиите и владините политики кои ги нудиме ние со програмската платформа на овие избори, тогаш Македонија за брзо ќе отвори нов економски инвестициски циклус, ќе го крене стандардот на населението, ќе го крене квалитетот на животот, новосоздадената вредност на ниво на годишен бруто домашен производ ќе биде мултиплицирана во периодот пред нас“, порача Ристовски.

„На 8 мај сакам да размислите длабоко пред да го дадете гласот за било кого. Давајќи го гласот за ИНТЕГРА-македонска конзервативна партија, во Коалицијата Храбро за Македонија, вие гласате за квалитет на живот кој ќе значи богат и просперитетен граѓанин, богата и просперитетна Македонија. Заокружувајќи го бројот 3, вие ние давате нас политичка моќ во парламентот да бидеме бедем и бастион на македонскит национален интерес, да се бориме за татковината Македонија исто така како што се бориме во изминативе пет години на политичката сцена во Македонија. Се што сме кажале „да“ останало „да“ до денес, се што сме кажале „не“ останало „не“ до денес, оттука нашиот збор тежи како планина. И во парламентот ќе се бориме жестоко и ревносно за македонскиот национален интерес без да загрозиме ничиј друг интерес на ниту една душа човечка, независно дали од албанската етничка заедница, или од ромската или од останатите малцински етнички групи. Затоа ве повикувам на 8 мај, гласајте за бројот 3, заокружете број 3 и дадате глас за богата и просперитетна Македонија, настапете храбро за Македонија, уште похрабро на овие избори на 8 мај за да докажеме дека македонскиот народ умее да размислува со своја глава и умее во парламентот да изгласа вистинска опција која што ќе се бори за нивните интереси“, кажа Ристовски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер