Тешко се враќа довербата на пациентите по скандалот „Онкологија“ - Канал 5

Тешко се враќа довербата на пациентите по скандалот „Онкологија“

70.000 лица во земјава боледуваат од рак, 42.000 од нив се лекуваат во дневната болница на Клиниката за онкологија, само во последниве девет месеци има 3,500 новодијагностицирани.

Тешко се враќа довербата на пациентите по скандалот „Онкологија“

70.000 лица во земјава боледуваат од рак, 42.000 од нив се лекуваат во дневната болница на Клиниката за онкологија, само во последниве девет месеци има 3,500 новодијагностицирани, бројка која се очекува да биде поголема барем за една третина до крајот на 2023, вели директорката Клисаровска. Горлив проблем остарнува недостатокот на биолошка терапија за сите, бидејќи за истата пари нема и покрај постојаните разговори со надлежните кои треба да обезбедат средства.

-Имаме одредено зголемување на условниот и дел на основниот буџет, но и тоа не е доволно, се надевам дека ќе продолжи соработката. За жал не можеме 100% процентно да ја задоволиме потребата на пациентите со малигна болест со т.н. биолошка терапија со лекови кои не се на позитивната листа, односно се во условниот буџет,- - Виолета Клисаровска – Директорка на Клиника за онкологија.

Од вербални судири до недоверба на пациентите, скандалот со лековите на онкологија отвори голема рана која нема бргу да се залечи, вели Клисаровска. Таа вели дека секојдневно преку дела се обидуваат да ја вратат довербата, а надлежните органи ја имаат целосната нивна соработка во расчистување на случајот онкологија, кој се уште е во предистражна постапка во обвинителството...

Доколку се утврди вина, бараме со име и презиме да биде, да нема поистоветување на сите лекари и на сите сестри. Како резултат на тој скандал кој што настана, битно е да се разреши, за да можеме да почнеме да ја враќаме довербата на пациентите и на целокупната јавност.

Дека има недостасток на терапија тврдат и од здружението ХЕМА-ОНКО, но вината ја гледаат во повисоките инстанци поради бројните процедури за кои пациентите немаат време. Довербата и според нив е разнишана кај пациентите, но сепак верува во професионалноста на персоналот на онкологија.

Секако, очекуваме разрешница на тој случај, но тоа нека си го работат оние органи кои што се задолжени, ние сме тука за пациентите, да дадеме поддршка, бидејќи без нашите доктори кои што се навистина посветени не знам дали би било возможно и лекувањето на карцинотмот како што треба и според светски стандарди.

Од ХЕМА-ОНКО денеска со настан пред клиниката за Онкологија го обележаа светскиот месец за подигнување на свеста за ракот на дојка. Велат свеста кај нас е се уште на ниско ниво, а редовните прегледи и раната детекција се клучни во борбата со овој карцином.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Принцови, принцези, актери, пејачи... Познати личности на финалето на Вимблдон

Финалето на Вимблдон во недела попладне привлече голем број холивудски ѕвезди и британски познати личности од А-листата.

Принцови, принцези, актери, пејачи... Познати личности на финалето на Вимблдон

Сите очи беа насочени кон Централниот терен, каде што Италијанецот Јаник Синер и Германецот Александар Зверев се соочија во напнат судир.

Кралското семејство во преден план

Меѓу многуте познати лица, особено се издвои принцезата од Велс, која блескаше во елегантен зелен фустан.

Таа пристигна на Вимблдон придружувана од своето семејство. Кејт беше придружувана од принцот Вилијам, принцезата Шарлот и принцот Џорџ, додека најмладиот син, принцот Луис, беше отсутен. Принцезата не ја симна насмевката од лицето, навидум невознемирена од моменталниот топлотен бран, додека принцот Џорџ се разладуваше во Кралската ложа со преносен вентилатор.

Принцезата, исто така, го носеше својот „брош Вимблдон“ во препознатливите бои на турнирот.

Мноштво познати лица

На кралското семејство во престижната ложа му се придружија и мноштво други ѕвезди. Актерката Никол Кидман (59) изгледаше шик облечена во бело одело, придружувана од Дама Ана Винтур. Сиена Милер (44) исто така беше видена во Кралската ложа во убав мини-фустан, додека актерите Бен Стилер и Рами Малек се прегрнаа топло по пристигнувањето. Поп-сензацијата Џенифер Лопез (56) ги пленеше погледите во тесна беж-фустан, која го дополни со елегантна шапка и високи потпетици.

Меѓу гламурозните гости беа водителката Тес Дејли (57) со нејзината ќерка Фиби (21), актерките Дејзи Едгар-Џонс (28), Лили Колинс (37) и Мариса Абела, легендарната Твиги (76) и Ники Хилтон (42). Актерот Том Хидлстон (45) избра стилски морнарски костум, Ендру Гарфилд бел костум од Ралф Лорен, а ѕвездата на „Adolescence“ Стивен Греам пристигна со сопругата Хана Волтерс.

Извор: Индекс.хр

Фото: Инстаграм

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BYD“ подготвува нов „ѕвер“ - ќе чини околу 40.000 евра

„BYD“ подготвува нов луксузен седан „Da Han“, кој ќе им се нуди на клиентите како целосно електричен модел или „plug-in“ хибрид.

„BYD“ подготвува нов „ѕвер“ - ќе чини околу 40.000 евра

Станува збор за автомобил кој користи иста платформа како и теренецот „Da Tang (Great Tang)“, и носи импресивни перформанси и многу брзо полнење на батеријата.

Електричната верзија добива батерија „Blade“ од втора генерација, која, според производителот, овозможува полнење од 10 до 97 проценти за само девет минути. Моделот ќе има управување на задните тркала, како и активна суспензија.

Со должина што е 6,6 сантиметри подолга од стандардниот „Mercedes-Benz S-Class“, „Da Han“ е меѓу најголемите луксузни седани на пазарот.

Основната електрична верзија користи еден електричен мотор сместен на задната оска кој развива 496 КС (370 kW), додека помоќната варијанта со погон на сите тркала има вкупна моќност од дури 764 КС (570 kW).

„BYD“ сè уште не го објави капацитетот на батеријата на електричната верзија, но наведува дека моделот со погон на задните тркала може да помине до 1.008 километри според кинескиот циклус на мерење „CLTC“.

Верзијата со погон на сите тркала има деклариран опсег од 880 километри. Треба да се напомене дека стандардот „CLTC“ дава пооптимистички резултати во споредба со европскиот „WLTP“ циклус.

„Plug-in“ хибридот користи 1,5-литарски турбо бензински мотор со 154 КС во комбинација со електричен мотор со 268 КС. Благодарение на „LFP“ батеријата со капацитет од 54 kWh, овој модел може да помине до 470 километри само на електрична енергија според кинеските мерења.

Според првичните информации, „BYD Da Han“ треба да има почетна цена од околу 41.000 евра.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Иранскиот пратеник Алаедин Боруџерди, член на Комитетот за национална безбедност на парламентот, изјави дека Белата куќа „веќе нема да биде безбедна“ за американскиот претседател Доналд Трамп.

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“.

Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и „нивните агенти“ треба да очекуваат „слободните луѓе на светот да ја донесат раката на божествената одмазда“, додавајќи дека „ниту едно место во светот, дури ни Белата куќа, нема да биде безбедно“ за нив.

Тој исто така рече дека одмаздата станала „глобално движење“ наместо „ограничен одговор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер