Тешко се повреди најдобриот шведски играч, ја пропушта завршницата на СП - Канал 5

Тешко се повреди најдобриот шведски играч, ја пропушта завршницата на СП

Џим Готфридсон, еден од најсилните адути на шведската ракометна репрезентација, нема да може да игра во финалето на Светското првенство поради тешката повреда со која се здоби на четвртфиналниот натпревар против Египет.

Тешко се повреди најдобриот шведски играч, ја пропушта завршницата на СП

Еден од двајцата домаќини на Мундијалот до крајот остана без најдобриот играч на минатогодишното ЕП кога Швеѓаните станаа шампиони.

Првично се мислеше дека неговата повреда е од полесна природа и дека ќе може да игра веќе во полуфиналето против Франција, но рендгенската снимка направена во текот на ноќта покажала поинаку. Имал скршеница на раката и Готфридсон ќе мора да паузира најмалку два месеци, официјално соопшти Ракометниот сојуз на Шведска, а пренесува агенцијата Dpa.

„Навистина ми е жал и навистина е фрустрирачки бидејќи го сонував финалето на Светското првенство да го играм дома пред нашите навивачи“, изјави Готфридсон.

Полуфиналето Шведска го игра против Франција во петок од 21 часот пред своите гледачи во Стокхолм, додека во Гдањск истиот ден од 18 часот финалето ќе играат ракометарите на Шпанија и Данска за третото место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени кадровски решенија за претседатели на општинските комитети.

ВМРО-ДПМНЕ: Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети.

ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на животот на граѓаните, на локално и централно ниво.

Во прилог, новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЕ4

1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски

2. Демир Капија – Андон Дрнев

3. Неготино – Павлинче Честојнова

4. Кавадарци – Тони Нешковски

5. Гевгелија – Димитар Вегов

6. Валандово – Јулија Тушевска

7. Богданци – Марјан Пеев

8. Дојран – Илија Тентов

9. Струмица – Методија Пасков

10. Босилово – Мито Андонов

11. Ново Село – Петар Марков

12. Василево – Славе Андонов

13. Конче – Ацо Митев

14. Радовиш – Бојан Митевски

15. Могила – Драганчо Саботковски

16. Кривогаштани – Александар Богданоски

ИЕ5

1. Демир Хисар – Ненад Шундовски

2. Долнени – Сашко Велјановски

3. Крушево – Пеце Стојчески

4. Ресен – Кире Божиновски

5. Охрид – Сашо Донев

6. Дебарца – Златко Силјановски

7. Струга – Ален Деребан

8. Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски

9. Дебар – Афет Амедоски

10. Центар Жупа – Денис Хасан

11. Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери

12. Пласница – Луме Адемоглу

13. Боговиње – Алишериф Синани

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Москва: Побараа средба - ќе добијат средба (ВИДЕО)

Амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија побараа средби со руската страна, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Сергеј Лавров.

Москва: Побараа средба - ќе добијат средба (ВИДЕО)

„Не е тајна дека амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија побараа средба со мојот заменик. Ќе ја одржиме таа средба, ќе ги слушнеме што имаат да кажат. Ќе биде интересно да се чуе дека овие луѓе ќе кажат нешто конструктивно откако нивните лидери, Мерц, Стармер и Макрон, кажаа апсолутно навредливи работи за Руската Федерација“, рече Лавров на прес-конференција по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОДКБ во Казан, објави „RT“.

Дипломатски гледано, Русија ќе седне, но вратата што ја отвора Москва не е онаа низ која се обидува да помине Е3.

Трите земји - заедно Е3, водечката европска дипломатска група за Украина - поминаа месеци составувајќи мировна рамка што ја поддржа Киев, додека Вашингтон остана на дистанца. Сега нивните амбасадори бараат пристап до Москва, која останува неубедена.

Проблемот е што амбасадорите претставуваат влади чии лидери, од перспектива на Москва, имаат акумулирано историја на личен антагонизам кон Русија што само дипломатските љубезности не можат да ја прикријат. Истите европски влади кои сега инсистираат на дипломатски контакти се оние што Русија јавно ги смета за одговорни за она што го опишува како кампања на непријателство.

Лавров не прецизираше кој заменик-министер за надворешни работи ќе ги прими тројцата амбасадори, ниту кога ќе се одржи средбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвото

Д-р Дохчев со поддршка на кампањата, потенцирајќи ја успешната приказна во процесот на трансплантација на бубрези која датира уште од далечната 1977 година.

Д-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвото

„Органодарителството претставува највисок чин на човекољубие, нема поголема вредност за човештвото воопшто. На Клиниката за урологија ние имаме историски успешна приказна во процесот на трансплантација на бубрези. Приказната датира уште од далечната 1977 година, кога е направена првата трансплантација. Досега имаме направено 530 трансплантации, од кои 99 се од кадавер, односно починат пациент. Иако ова се импозантни бројки за Македонија, сепак се недоволни да ги задоволиме потребите на нашие пациенти за органи. Кај линвиг-донор трансплантацијата мотивацијата кај донорите е многу поголема затоа што донираат орган за својот најблизок член на фамилијата. Меѓутоа кога се работи за кадаверична трансплантација, тука имаме недоволен број на регрутирани донори, што зависи од нас самите граѓани. Ние сме потенцијални дарители на органи после нашата смрт. Затоа апелирам до сите граѓани на нашата држава да се подигне свеста за органодарителството, затоа што голем број на пациенти чекаат за добивање на орган за трансплантација. Од еден починат донор може да се спасат четири нови животи, ако се направи успешна трансплантација. Тоа се два пациенти што ќе добијат бубрези, да се спасат и да живеат нормален и убав живот. Еден пациент со црн дроб и еден пациент со трансплантирано срце. Затоа е многу важно да ја подигнеме свеста, да знаеме дека од секој починат човек, нормално, според утврдени критериуми, од националиот координатор биде потенцијален донор и да сите ние ги даруваме нашите органи после нашата смрт. Со тоа ќе спасиме многу животи за да може да профункционираат во иднина“, вели д-р Дохчев, хирург од Универзитетската клиника за урологија.

Д-р Дохчев со поддршка на кампањата, потенцирајќи ја успешната приказна во процесот на трансплантација на бубрези која датира уште од далечната 1977 година.

Министерството за здравство, заедно со сите чинители продолжува со оваа кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер