ВЛЕН: Заменик-министрите на ДУИ молчеа кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес ДУИ држи лекции за Албанците
1ВЛЕН: Заменик-министрите на ДУИ молчеа кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес ДУИ држи лекции за Албанците
Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
1Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
2Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
ЗдравјеТешко повреден работник во компанија во Кавадарци Работник бил тешко повреден синоќа во компанија во Кавадарци, информираа денеска од СВР - Велес. - Синоќа во 20:20 часот во ОВР - Кавадарци, од кавадаречката болница било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.И.(45) од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци. Увид бил извршен и за настанот бил известен трудов инспектор, соопштија од СВР - Велес. Раководителот на Итна медицинска помош - Кавадарци, Антоан Паракеов, појасни за МИА дека повредениот бил земен од компанијата со возило на Брза помош и пренесен во кавадаречката болница. Имал тешки повреди на главата и по дадената прва медицинска помош и востановени дијагнози, бил соодветно транспортиран до скопската Клиника за неврохирургија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВЛЕН: Заменик-министрите на ДУИ молчеа кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес ДУИ држи лекции за АлбанцитеДУИ уште еднаш ја активираше својата фабрика за лаги. Кога нема факти, измислува бројки. Кога нема аргументи, создава паника. Кога ќе биде фатена во манипулација, се обидува да ја прикрие со врева. Чиста лага е обидот на ДУИ да го измеша конкурсот за вработување во полицијата со конкурсот за ученици во средното полициско училиште. Станува збор за две целосно различни постапки, а нивното намерно мешање е доказ за политичкиот очај на една партија која се обидува да создаде лажна перцепција во јавноста. Најголемата иронија е што денес ДУИ се претставува како заштитник на Албанците. Но, каде беа заменик-министрите на ДУИ кога стоеја покрај министрите кои ги нарекуваа Албанците „терористи“? Каде беа кога еден министер изјавуваше дека не му дава право на еден Албанец да зборува само затоа што го осудил? Тогаш молчеа. Денес држат лекции. На Албанците не им требаат лекции од оние кои молчеа кога требаше да зборуваат, а денес се гласни само за да ги прикријат сопствените неуспеси. ДУИ нема ниту морален, ниту политички кредибилитет да зборува за застапеноста на Албанците. По 22 години власт, не може да се крие зад пропаганда и клевети. ВЛЕН нема да дозволи лагите на ДУИ да ги заменат фактите. Времето кога Албанците се манипулираа со фабрикувани сценарија заврши, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
ФудбалЦрвена Ѕвезда под истрага на УЕФА поради скандирањето за Ратко Младиќ (ВИДЕО)Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград поради транспаренти што ги истакнаа нејзините навивачи на стадионот Викторија Плзен во Чешка.Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград поради транспаренти што ги истакнаа нејзините навивачи на стадионот Викторија Плзен во Чешка, во спомен на смртта на хашкиот осуденик Ратко Младиќ, објавија белградските медиуми во саботата, повикувајќи се на The Athletic. Младиќ, осуден на доживотен затвор за воени злосторства и геноцид во Сребреница, почина во четврток во притвор на Хашкиот трибунал на 84-годишна возраст, а навивачите на Црвена Ѕвезда „Делије“ го скандираа името на Младиќ заедно со пораките од транспарентите „Генерале, вечна слава и благодарност“ за време на натпреварот со чешката Викторија во Плзен (1:5). Crvena Zvezda fans chant the name of General Ratko Mladić in the match against Viktoria Plzen. #EuropaLeague pic.twitter.com/zWaImWAZOX — Based Serbia (@SerbiaBased) August 27, 2026 Казната може да биде строга Според The Athletic, УЕФА покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград за „расистичко и/или дискриминаторско однесување“, „пренесување порака несоодветна за спортски настан“ и за несоодветно тимско однесување. Сегашните правила на УЕФА предвидуваат доста строги казни, а во случајот со Црвена Ѕвезда, санкциите би можеле да бидат уште построги бидејќи клубот е обвинет за „расистичко и/или дискриминаторско однесување“ поради своите навивачи. Со оглед на тоа што клубот потоа објави фотографии од транспарентите на своите социјални мрежи, УЕФА би можела да го смета ова како отежнувачка околност, според белградскиот портал „Спортињо“.Тагови: Ратко Младиќ УЕФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладата со реакција на ставот на Далибор Китановиќ за Ратко МладиќСтавот на Владата е јасен и се темели на меѓународно утврдените правни факти. Ратко Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства од надлежниот меѓународен суд.Ставот на Далибор Китановиќ е негов личен став и неприфатлив за Владата. Владата ги гради ставовите врз основа на интересот на државата и граѓаните. Кога таквиот став е изграден тогаш истиот се почитува од страна на сите поединци во Владата. Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот. Доколку Китановиќ не се согласува со политиките на Владата очекуваме негово повлекување од позицијата која ја извршува, се наведува во реакцијата на Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook