Тешко е повредена обожувателка на „Guns N' Roses“ – пејачот ја удрил со микрофон (ВИДЕО)

Жена од Аделаид, Австралија има модринки под очите и на носот откако микрофонот фрлен од пејачот на Guns N' Roses, Ексл Роуз, ја удри во лице.

Ребека Хоу се здобила со две виолетови модринки и гребнатинка на носот по инцидентот во Аделаид во вторникот вечерта, пишува Adelaide Advertiser. Роуз го фрлил микрофон во толпата по последната песна на бендот, Рај Сити, но ја погодил Хау во лицето и ѝ го раскрвари носот.

„Бев во делот Diamond Standing, а тоа беше последната песна. Тој се поклони, а потоа го фрли микрофонот во толпата и ме удри право во нос“, рече Хау.

Додека друг обожавател го зграпчил микрофонот, Ребека останала во состојба на шок. Иако полицаец кој не бил на должност ѝ помогнал да се оддалечи од толпата, Хау вели дека инцидентот можел да биде смртоносен.

„Што ако удреше неколку сантиметри десно или лево? Можев да изгубам око. Што ако ме удреше во устата и ми ги скршеше забите? Ако главата ми беше свртена и ме удреше во слепоочницата, можеше да дури и ме уби“, рече таа.

Муцунски: Ветив дека ќе работиме поинаку и на дело го покажуваме тоа

Деновиве заврши реконструкцијата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.

Проект, кој целосно се реализираше со средства првично планирани за кабинетот на градоначалникот, кои беа пренаменети за овoj проект по инацијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски.

“Ветив дека ќе работиме поинаку и на дело го покажуваме тоа. Реализираме проекти кои за дечињата значат многу. Сега родителите веќе не треба да водат грижа, затоа што дечињата ќе учат во модерни и реновирани простории. Откако беше обновена фасадата на училиштето и извршена оваа реконструкција, важно е дека до крајот на оваа година планирано е да започне и доградба на училишната зграда. Со тоа, ќе го зголемиме капацитетот на училиштето и ќе обезбедиме подобри услови за реализација на училишните активности“, истакна градоначалникот при посетата на основното училиште.

Инвестицијата во висина од 30 илјади евра, средства целосно обезбедени од буџетот на Општина Аеродром, опфати санација и реконструкција на дел од училишната зграда, реконструкција на училницата за дневен престој, санација на санитарните јазли, промена на вратите и промена на подот во дел од училниците.

Со овој проект уште еднаш покажавме дека инвестициите во објекти наменети за децата се исклучително важни. Сите механизми на општината се ставени на на располагање за дечињата да спортуваат и рекреираат во модерни објекти каде има соодветни услови за нивен раст и развој. Новиот начин на управување, одговорното и транспарентното работење и пренамената на непродуктивните трошоци кон проекти за нашата иднина се уште еден доказ за нашата намера дс го направиме Аеродром поубава општина за сите генерации.

Влада: Произведени 21.229 MWh електрична енергија

21.229 MWh електрична енергија, целосно се задоволени потребите на домаќинствата и дополнителните снабдувања.

АД ЕСМ на 29.01.2023 година произведe 21.229 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, соопшти владината прес-служба.

Во Термоелектраните произведени се 14.085 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 7.144 MWh.

Магла има на патниот правец Лисец – Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост до 30 метри поради магла има на патниот правец Лисец – Попова Шапка.

Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер