Тешко е поврден внукот на Шумахер во авто трката во Хокенхајм (ВИДЕО) - Канал 5

Тешко е поврден внукот на Шумахер во авто трката во Хокенхајм (ВИДЕО)

Дејвид Шумахер, 20-годишниот син на Ралф Шумахер и внук на Михаел Шумахер, доживеал страшна несреќа.

Тешко е поврден внукот на Шумахер во авто трката во Хокенхајм (ВИДЕО)

Несреќата се случила на последната мастерс трка на Дојче Туренваген во Хокенхајм. DTM е најпопуларното натпреварување за трки со болиди во Германија, а сезоната заврши со оваа конкретна трка.

Младиот Шумахер пред еден свиок се судри со Томас Прејнинг, по што и двајцата завршија во заштитната ограда, а се чини дека Шумахер помина многу полошо бидејќи неговиот болид неконтролирано се лизгаше неколку стотици метри. Од нивниот судир излетал друг возач, чиј автомобил се запалил, но тој останал неповреден.

YouTube video

Се верувало дека и Шумахер не е повреден откако бил прегледан од лекар и пуштен дома. Но, тој дома почувствувал болки во грбот и повторно отишол на лекар, по што било откриено дека го повредил рбетот и дека ќе мора да мирува шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Москва собори 60 дронови во раните утрински часови кои накратко ги прекина летовите на аеродромите

Москва собори 60 дронови во раните утрински часови кои накратко ги прекина летовите на аеродромите, соопштија властите во руската престолнина, само неколку дена откако украина повторно ја гаѓаше рафинеријата за нафта во градот.

Москва собори 60 дронови во раните утрински часови кои накратко ги прекина летовите на аеродромите

Украинските власти соопштија дека руски беспилотни летала погодиле цивилни трговски бродови, при што загинал еден египетски член на екипажот, додека нападите со беспилотни летала на други места убиле најмалку пет лица, вклучувајќи три члена на исто семејство во северниот украински Сумски регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,932 ден/кг и сега ќе изнесува 42,291 ден/кг.

Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95  за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216%, кај дизелот за 12,699%, кај екстра лесното масло за 12,354% и кај мазутот намалувањето е за 11,352%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0396%.

Од 23.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 86,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,291 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 7,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,932 ден/кг и сега ќе изнесува 42,291 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.6.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заедничка соработка за зајакнување на предучилишното образование во Карпош

Претставници од Општина Карпош од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита земаа активно учество на  конференцијата насловена – „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“

Заедничка соработка за зајакнување на предучилишното образование во Карпош

Претставници од Општина Карпош од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита земаа активно учество на конференцијата насловена – „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“, која се одржа на 18 јуни 2026 година во салата на хотелоте Холидеј Ин во Скопје.

На оваа панел дискусија беа присутни претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади, УНИЦЕФ, асоцијацијата на приватни градинки, приватниот сектор, како и други релевантни чинители и развојни партнери.

Цел на настанот беше да се претстават клучните наоди и модели за системско зајакнување на предучилишното образование преку партнерство и соработка меѓу јавниот и приватниот сектор ,а беше отворен дијалог за мерките за проширување на пристапот преку различни механизми за финансирање и испорака на услуги, земајќи ги во предвид и најранливите категории

Како заклучок од учесниците на настанот беше потенцирано дека проширувањето на пристапот до образование и грижа во раното детство не е само прашање на инфраструктура, туку бара поширока трансформација на системот. Подобрата координација меѓу централната и локалната власт, градинките и работодавачите, заедно со одржливото инвестирање во квалитет, работна сила и инклузија, ќе бидат пресудни за тоа секое дете да добие најдобра шанса на почетокот на својот живот.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер