Тешка затворска казна им се заканува на лицата, кои го уценуваа семејството на Мајкл Шумахер - Канал 5

Тешка затворска казна им се заканува на лицата, кои го уценуваа семејството на Мајкл Шумахер

Германското обвинителство покрена обвинение против тројца мажи уапсени оваа година во врска со наводен заговор за уцена насочена кон семејството на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер.

Тешка затворска казна им се заканува на лицата, кои го уценуваа семејството на Мајкл Шумахер

Главниот осомничен, 53-годишен маж од западниот град Вупертал, наводно се заканувал дека ќе објави приватни фотографии и видеа, барајќи 15 милиони евра од семејството на Шумахер. Материјалите, наводно, вклучувале слики од седумкратниот шампион во Формула 1 пред и по несреќата на скијање во 2013 година на француските Алпи, поради која имал сериозна повреда на мозокот.

Михаел Шумахер, кој сега има 55 години, оттогаш не е виден во јавноста.

Фотографиите наводно потекнуваат од друг 53-годишен маж од градот Волфрат, кој работел како обезбедување во семејството Шумахер до 2021 година. Тој е осомничен дека го продал материјалот за „петоцифрена“ сума и сега може да се соочи со значителна затворска казна за соучесништво во обид за уцена и нарушување на приватноста.

Според обвинителството, главниот осомничен во јуни годинава неколку пати се јавил на вработен во семејството Шумахер, барајќи пари и заканувајќи се дека ќе ги објави сликите на таканаречената „дарк веб“ доколку парите не се исплатат.

Осомничениот од Вупертал се соочува со обвинение за обид за изнуда со максимална затворска казна од 15 години, иако обвинителите забележуваат дека казната може да биде намалена бидејќи заканите не биле извршени.

Неговиот 30-годишен син е обвинет за соучесништво во изнуда затоа што, на барање на неговиот татко, создал неоткриен меил, кој бил користен за испраќање примероци од материјал за уцена до семејството Шумахер.

Семејството веднаш ги известило властите во Швајцарија, каде што Михаел Шумахер е згрижен во семејниот дом по несреќата.

Швајцарските истражители го следеле заговорот до Германија преку телефонскиот број што се користел за повикување на семејството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер