3Петгодишно дете од гостиварско се затруло со лековите на баба му, пренесено на Детската клиника во Скопје
БалканТешка сообраќајна несреќа кај Евзони: Судир на автомобил и камион (ВИДЕО)Сообраќајната несреќа се случила по наплатната рампа Малгара, на раскрсницата Евзони, кон Солун.Според првичните информации, автомобилот се судрил со камион, под околности кои засега не се разјаснети. 70-годишна жена го загубила животот во сообраќајната несреќа, а еден маж е однесен во болница со полесни повреди. Νεκρή 70χρονη από το τροχαίο στα διόδια των Μαλγάρων, αυτοκίνητο συγκρούστηκε με νταλίκα#ingr #news #τροχαιο pic.twitter.com/usZCugtep2 — in.gr/news (@in_gr) June 9, 2026 Што се однесува до околностите на несреќата, според досегашните информации, се чини дека автомобилот се судрил со камионот од задната лева страна. Сили на сообраќајната полиција веднаш излегле на местото на настанот за регулирање на сообраќајот и започнување истрага за причините за инцидентот. ‼️ Εθνική Οδός Θεσσαλονίκης – Αθηνών: Θανατηφόρο τροχαίο σημειώθηκε λίγο μετά τα διόδια των Μαλγάρων, με θύμα μία 70χρονη γυναίκα. 🚛 Σύμφωνα με μαρτυρίες, νταλίκα επιχείρησε να μετακινηθεί στην αριστερή λωρίδα, όταν το ΙΧ στο οποίο επέβαινε το ζευγάρι προσέκρουσε με σφοδρότητα… pic.twitter.com/2Lj7pwEYi9 — TA NEA (@ta_nea) June 9, 2026 Поради сообраќајниот метеж и возилата запрени на патот кај Евзони, веќе се забележуваат застои на овој дел од автопатот.Тагови: евзони сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГреувски демантира дека избегал од Охрид, Маленко го повика да поднесе тужбаЕкс-премиерот Никола Груевски во објава на фејсбук ја демантираше тврдењата на Александар Маленко, дека пред бегството од македонија престојувал во хотел во Охрид...„Никогаш во животот не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко, ниту пак тој бил некаква сериозна тема за било што. Лага е дека последните неколку дена пред моето заминување од Македонија со моите деца и поранешна сопруга сум престојувал во хотелот кој тој го именувал во Охрид, што лесно може да се утврди со нивното присуство во училиштето, односно работното место во тоа време, и големиот број средби кои ги имав во тие денови во Скопје. Во истиот хотел сме престојувале истата година околу седум месеци порано, за време на велигденските празници, од каде јас прв заминав неколку часа порано пред другите заради обврски. – пишува Груевски Во одговор на демантот, Маленко го повика груевски да поднесе тужба за клевета за да ги соочат аргументите. -Дали си бил или не си бил посакувам да поднесеш пријава до надлежна институција во македонија и што побргу да бидам повикан од надлежни институции каде ќе ги соочиме фактите со целокупен доказен материјал. Воедно, се разбира како европски државјанин (Унгарец) имаш потполно право да ме пријавиш и пред надлежна институција во унгарија, каде секако ќе присуствувам на судско рочиште и истата пресуда во целост ќе ја прифатам. – вели Маленко во одговорот на Груевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаМ-НАВ: Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛАпелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на самостојниот синдикат на контролори на летање.Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на самостојниот синдикат на контролори на летање и ја потврди првостепената пресуда на основниот граѓански суд Скопје со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година, соопшти денеска правниот застапник на М-НАВ, адвокатот Горан Николоски.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетгодишно дете од гостиварско се затруло со лековите на баба му, пренесено на Детската клиника во СкопјеЧетири ипол годишно дете од гостиварско Чегране завршило на Клиниката за детски болести, откако испило неколку апчиња против болки. Детето повраќало и имало неконтролирано движење. Во моментот е во стабилна состојба и ќе остане до крајот на неделата во болница, изјави д-р Реџеп Мемеди од клиниката за детски болести. Инцидентот се случил, додека мајката била на работа, детето било оставено кај бабата и дедото. Во еден момент, поради невнимание, дошло до таблети кои биле оставени на лесно достапно место и ги проголтало. Мемеди за Канал 5 објасни дека оваа е многу честа и загрижувачка состојба, кога скоро секој втор ден во неделата имаат пациенти кои се затруле со лекови од членови на нивното семејство, а лековите биле на достапни места за децата. Најчесто станува збор за мали деца кои често лековите ги мешаат со бомбони. Од клиниката за детски болести со апел до семејствата да бидат на недостапно место ставени и средствата со хемикалии кои се користат за чистење и се високо токсични, бидејќи имаат труење кај деца и со овие средства. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter