БалканТешка сообраќајка на автопатот Белград - Ниш, загинале маж и жена од МакедонијаВо тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград - Ниш, загиналее две лица, македонски државјани кој работат во Германија, се сомнева дека возачот заспал на воланот, пренесуваат медиумите во Србија.Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Од сериозно штетениот Сета со германски регистарски таблички биле извлечени телата на маж и жена , а едно лице било пренесено во болница. Според дел од српските медиуми загинатите лица се државјани на Македонија од албанско потекло. Тие биле во возило со германски регистарски таблички и се претпоставува дека транзитирале низ Србија. Полицијата спроведува истрага на местото на несреќата со цел да ги утврди сите точни околности на овој настан.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОчајничка трка со времето во Венецуела, бројот на загинати нагло се зголеми (ВИДЕО)Спасувачките екипи се тркаат со времето додека бараат преживеани низ урнатините откако два силни земјотреси ја погодија Венецуела во близина на главниот град.На социјалните мрежи се појавија нови снимки на кои се гледа моментот кога зграда се сруши за време на силниот земјотрес. Луѓе беа видени како трчаат низ ходници и скали за да избегаат од зградата пред да се сруши. Војската ќе ја пребарува Ла Гваира Војската ќе ја пребарува северната венецуелска држава Ла Гваира по земјотресот, изјави привремената претседателка Делси Родригез. Таа рече дека државата е најтешко погодена од земјотресите. Најмалку 100 згради, вклучувајќи и повеќекатници, се срушија во истоимениот град. 🇻🇪 Seconds from disaster in Venezuela… People frantically scramble to safety moments before the powerful earthquake strikes. A terrifyingly close call. Writer: Valpic.twitter.com/8fywq279x6 — Mario Nawfal (@MarioNawfal) June 26, 2026 Бројот на жртви се искачи на 589 Бројот на жртви од двата разорни земјотреси во Венецуела се искачи на 589, изјави привремената претседателка Делси Родригез. Ова е значително зголемување од вчерашниот број на жртви од 235. Бројот на повредени сега изнесува 2.890. „Ќе ги извлечеме луѓето што се под урнатините“, рече Родригез. Centro comercial costa del sol #laguaira #caraballeda #terremoto #caribe #venezuela pic.twitter.com/uxHo0NMVrk — Anthony Marcano (@itsAnt) June 25, 2026 Жители на крајбрежните градови: „Нема спасувачки служби, ние сме сами“ Областите Ел Палмар и Карибе на венецуелскиот брег се буквално срамнети со земја, јавуваат венецуелските медиуми. Повеќето згради во Пасео Карибе и областа со рестораните се целосно срушени. Во населбата Палмар Есте, најмалку 30 тела се извлечени од урнатините на станбен комплекс. Еден преживеан изјавил дека ги загубил сопругата и децата во земјотресот. Жителите велат дека нема официјални спасувачки екипи или организирана помош на терен, оставајќи ги жителите сами да се грижат за себе и принудени сами да пребаруваат низ урнатините. Патиштата се многу оштетени, што го спречува пристигнувањето на тешка механизација за расчистување на областа. Речиси е невозможно да се воспостави телефонска или интернет-врска, што дополнително го отежнува протокот на информации од погодената област. Utter devastation seen across the Northern Venezuelan coastal city of La Guaira, following tonight’s pair of major earthquakes, measuring 7.2 and 7.5 magnitude with an epicenter just to the west of Caracas. pic.twitter.com/BQv4YixUiB — OSINTdefender (@sentdefender) June 25, 2026 Повеќе од 100 згради се урнаа во Ла Гваира Повеќе од 100 згради се урнаа во државата Ла Гваира, областа најтешко погодена од двојните земјотреси што ја погодија Венецуела во среда, изјави министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело. За време на обраќањето на државната телевизија Venezolana de Televisión (VTV), Кабело рече дека Карабаледа и Катија Ла Мар се најтешко погодените области во сојузната држава. Тој додаде дека 11.500 припадници на безбедносните сили ќе бидат распоредени во Ла Гвар денес за да „гарантираат мир“. Пронајдени вкупно 8000 луѓе Во последните неколку минути, бројот на граѓани кои беа пронајдени откако беа пријавени како исчезнати достигна 8.000. Иако ова е позитивна пресвртница, бројот на луѓе кои сè уште се водат како исчезнати е сè уште значително поголем. Сè уште е нешто под 50.000 и се очекува да расте во наредните часови.Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
СветУкраина повторно таргетираше хемиска фабрика во РусијаВо текот на ноќта, како дел од масовен бран напади со беспилотни летала, Украина таргетираше хемиска фабрика во рускиот тулски регион по втор пат за две недели.Гувернерот на тулскиот регион, Дмитриј Милјаев, објави дека е оштетен индустриски објект во Новомосковск, околу 200 километри јужно од Москва, пренесува Ројтерс. Неколку медиуми објавија дека станува збор за фабриката „азот“, која претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно ја опиша како клучна за руското производство на експлозиви. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедностДенеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици.Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, организиран во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје“, што се одржа во Кампот за обука во Лазарополе. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека современите безбедносни закани се повеќе ги надминуваат националните граници и дека ниту една држава не може самостојно да се справи со предизвиците поврзани со организираниот криминал, нелегалната трговија со оружје и криумчарењето дрога. „Безбедноста мора да остане наша заедничка одговорност, а соработката – наш најсилен инструмент. Овој курс претставува јасен пример за обединување на знаењето, искуството и професионалните капацитети на институции и експерти од различни земји“, нагласи министерот Тошковски. Тој додаде дека проектот за намалување на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје претставува инвестиција во долгорочна безбедност, институционална зрелост и професионални стандарди, при што Министерството за внатрешни работи не настапува само како корисник на поддршката, туку и како активен и рамноправен партнер во неговата реализација. Министерот потенцираше дека организацијата на ваков регионален специјализиран курс претставува важен исчекор во остварувањето на долгорочните стратешки цели на Министерството. „Нашата визија е јасна – континуирано унапредување на капацитетите на К9 единиците и нивно позиционирање како еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност. Стратешка определба е Министерството за внатрешни работи да биде препознаено како регионален центар за експертиза, обуки и активности во областа на развој и примена на К9 капацитетите за откривање оружје, експлозиви и други безбедносни закани“, истакна Тошковски. Тој упати честитки до учесниците за професионалноста, дисциплината и посветеноста, нагласувајќи дека резултатите од обуката уште еднаш ја потврдуваат важноста на специјализираните единици и службените кучиња како незаменлив сегмент во превенцијата и откривањето на нелегални активности. На крајот, министерот Тошковски изрази благодарност до Мисијата на ОБСЕ, проектниот тим, меѓународните партнери и донаторите – САД, Германија, Франција, Белгија, Норвешка, Словачка и Европската Унија – за нивната континуирана поддршка и доверба. „Со заокружувањето на овој курс не само што ги унапредивме професионалните капацитети, туку изградивме и посилна доверба, нови партнерства и цврсти темели за идната регионална и меѓународна соработка. Во време на сложени безбедносни предизвици, нашата најсилна одбрана останува партнерството“, порача министерот Тошковски. Амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал, истакна: „Овој курс е за практична безбедност за регионот и Европа. Подобро обучени полициски сили значат помалку нелегално оружје на улиците и придонес кон безбедноста на сите луѓе.“ Министерот за одбрана Владо Мисајловски изрази благодарност до Мисијата на ОБСЕ за континуираната поддршка за развој на националните безбедносни капацитети и нагласи дека овој курс претставува пример за градење безбедност во современи услови на сложени геополитички предизвици. Тој додаде дека здружувањето на знаењето, ресурсите и капацитетите на повеќе институции е повеќе од неопходно, доколку се сака одржлива безбедност. „Министерството за одбрана и Армијата со задоволство дадоа свој придонес во оваа обука. На курсот учествуваа пет припадници на Армијата, меѓу кои инструктори, водачи на службени кучиња од Воената полиција и специјалисти од Центарот за одгледување и дресура на службени кучиња, заедно со две специјално обучени кучиња за откривање оружје, муниција и минско-експлозивни средства. Нивното учество претставува потврда дека Армијата е не само гарант на одбраната, туку и активен партнер во зајакнувањето на безбедноста преку соработка со сите релевантни институции“, рече Мисајловски, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36