Тероризам или предизборна манипулација: Србија пронајде експлозив крај гасоводот Турски тек, Виктор Орбан со порака – ситуацијата е сериозна - Канал 5

Тероризам или предизборна манипулација: Србија пронајде експлозив крај гасоводот Турски тек, Виктор Орбан со порака – ситуацијата е сериозна

Обид за терористички напад или предизборен трик? Наводниот експлозив кој српскиот претседател откри дека бил пронајден во близина на гасоводот кон Унгарија дополнително ја вжешти атмосферата во земјата шест дена пред избори. 

Тероризам или предизборна манипулација: Србија пронајде експлозив крај гасоводот Турски тек, Виктор Орбан со порака – ситуацијата е сериозна

Унгарскиот премиер Орбан обвини дека станува збор за саботажа и најави дека војската ќе го чува гасоводот кој оцени дека е од клучно значење за енергетската стабилност на државата. Од Српско-Унгарската граница каде пристигна рано утринава порача дека не сака да впери прст кон никого, но посочи дека Украинците се единствените кои според него имаат можност и желба да го уништат гасоводот. Ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека станува збор за лажна операција во соработка со Москва и Белград.

-Ако овој гасовод биде уништен унгарската економија ќе застане, а стотици илјади унгарски семејства ќе останат без гас. Затоа ова што се случи во Србија е многу сериозно. / Има обвинувања од опозицијата за соработка на Русите и Србите со вас за изборите? / И марсовците се вклучени секако. / Не би сакал да обвинам некоја земја, како на пример Украина без да ги знам фактите. Додека ги немаме сите факти не можеме да го направиме тоа. Но, нема сомнеж дека Украинците имаат такви способности и сакаат да направат такво нешто,- - Виктор Орбан – Премиер на Унгарија.

На обвинувњата од Орбан експресно реагираа властите во Киев кои отфрлија секаква одговорност. Тврдат дека станува збор за операција организирана од Москва со цел мешање во изборите. Унгарскиот опозициски лидер Петар Маѓар го обвини Орбан дека заедно со Вучиќ го исценирале инцидентот кој го нарече српска провокација. Му порача на политичкиот противник дека нема да ја спречи волјата на унгарските граѓани на изборите во недела.

-Сакам да му се обратам на Виктор Орбан. Треба да знаеш дека нема да можеш да ги спречиш изборите на 12 април со било какви цели. Ако ти или твојата пропаганда ја користите оваа српска провокација за изборни цели, тоа ќе биде отворено признание дека ова е однапред испланирана лажна операција,- - Петар Маѓар – Лидер на „Тиса“.

Срспките власти во меѓувреме, според најавите ги истражуваат сите аспекти на случајот, а претседателот Вучиќ откри дека станувало збор за два ранци со експлозив од како што кажа, разорна природа.

-На неколку стотина метри од гасоводот, турски, јужни или како сакате, балкански тек, пронајдени се колку што сфатив два ранци, два големи пакети со експлозив со фитили. Имаме и некои други траги за време на увидот. Пред малку разговарав со Виктор Орбан бидејќи ако дојдеше до прекин, Унгарија ќе немаше гас, а и ние на северот на Србија не би имале гас,- - Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

Според последните анкети во Унгарија, партијата Фидес на актуелниот премиер Виктор Орбан се соочува со најголемиот предизвик во 16 годишното владеење со земјата. Иако исходот се уште е неизвесен поради големиот број на неопределени гласачи, според анкетите, опозициската партија „Тиса“ на Виктор Маѓар има водство од 56 проценти, за разлика од 37 проценти кои се изјасниле дека ќе гласаат за партијата на Орбан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

На 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која со пригодни активности ја одбележа 82-годишнината од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември 1944 година.

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, делегацијата положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.

13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, ден кој ја симболизира слободата, единството и непокорот на неговите граѓани. Одбележувањето на овој ден претставува потсетник за обврската да го негуваме историското наследство и вредностите врз кои се темели иднината на градот.

Со почит,

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер