Како што е наведено во соопштението кое вчера го пренесе „Ројтерс“, наоружани милитанти во понеделникот влетале во селски пазар во Аламо, каде пукале врз луѓе а потоа го запалиле целиот пазар.
„Овие зачестени напади на недолжни цивили се знак дека е потребна вистинска соработка на одбранбените и безбедносните сили“, се наведува во соопштението од Владата на Буркина Фасо.
Претседателот на Буркина Фасо, Рош Марк Каборе, повика на одбележување дводневна жалост заради нападот, наведува „Ројтерс“, додавајќи дека за сега се уште не е познато кој стои зад немилиот чин.
Британската агенција потсетува и дека исламските групи поврзани со Ал Каида и Исламска држава во време на последните месеци извеле низа напади на цивилни и воени цели, вклучувајќи и минирање на еден конвој во ноември минатата година, кога загинаа скоро 40 луѓе.