Терминот за операција во Кина е закажан, а Стојанче се уште ги нема потребните пари - Канал 5

Терминот за операција во Кина е закажан, а Стојанче се уште ги нема потребните пари

И покрај одзивот на хуманите луѓе, 11 - годишниот Стојанче не успева да ги собере потребните средства за операцијата од церебрална парализа во Кина. До тргнувањето во азиската земја преостануваат уште десетина дена, а неговите родители мораа да подигнат и кредит. Во меѓувреме, не сопира надежта на храброто дете дека еден ден ќе застане на цврсти нозе и ќе може да заигра фудбал со другарите.

Терминот за операција во Кина е закажан, а Стојанче се уште ги нема потребните пари
Приказната за големата желба на единаесет годишниот Стојанче Димовски сосема да ја победи болеста церебрална парализа, сам да оди и да заигра фудбал во тимот на велешка Маалска чешма ја видоа многу луѓе. Но, досега малкумина финансиски му помогнаа да ги собере потребните 15 илјади долари за лекувањето во Кина.

За да не пропадне терминот во тамошната болница родителите на детето подигнаа кредит. На осум дена пред поаѓањето на Стојанче во Кина неколку граѓански здруженија повторно иницираат хуманитарни забави со цел да се соберат што повеќе пари.

„Во Македонија има стотици деца болни од церебрална парализа кои токму поради тоа што не можеа да ја соберат потребната сума пари ја пропуштија можноста да се лекуваат и да проодат. Тоа не треба да дозволиме да се повтори и државата мора нешто да стори, велат од Здружението на лица болни од церебрална парализа.

Без разлика што Стојанче на 3 декември ќе биде на лекување во Кина од ова здружение најавија дека на денот на лицата со хендикеп ќе организираат хуманитарна манифестација со цел да соберат средства за лекувањето. Упатија апел до бизнис заедницата и сите хумани луѓе да помогнат за детето да може да потрча и да ја шутне топката во тимот на велешка Маалска чешма.

На Стојанче можат да му помогнат сите граѓани на следниве жиро сметки и мобилни телефони на операторите

ВИП - 077/ 143 705
Т-МОБИЛЕ 070/143 105

Трансакциски сметки во СТОПАНСКА БАНКА на име Димовски Стојан
Денарска - 200002631002093
Девизна - 0026311459

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Некои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш

 Еве што ја прави разликата

Некои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш

Искуството, навиките и темпераментот влијаат на снаоѓањето на мачките, но дури ни доброто познавање на територијата не гарантира дека ќе го пронајдат патот до домот.

Мачките се познати по својата способност да се снајдат во просторот. Додека некои успеваат да го најдат патот до својот дом дури и кога се оддалечени со километри, други се губат и на многу помало растојание. Во што е тогаш тајната на нивниот „внатрешен GPS“?

Јулија Малкова, експерт за однесување на мачките, објаснува дека на способноста за нивна ориентација влијаат искуството, навиките, темпераментот и генетиката на мачките. Затоа сите мачки не се снаоѓаат подеднакво добро, и нивниот инстинкт не е гаранција дека ќе го пронајдат патот до домот.

Искуството и познавањето на територијата

Мачките кои од мали имаат навика да престојуваат надвор обично имаат поголемо искуство да се снајдат во околината. Познатите звуци, мириси им помагаат во полесно препознавање на територијата и полесно пронаоѓање на местата што им се познати.

Од друга страна, мачките кои цел живот го минуваат во затворен простор може да имаат потешко да се снајдат надвор. Непознатите улици, новите мириси, различната околина може да ги збунат, особено ако се исплашени и под стрес.

Зошто некои мачки никогаш не се враќаат дома?

Дури ни мачките кои добро ја познаваат својата околина, не се имуни на опасноста да се изгубат. Големите градови, густиот сообраќај, непознатите подрачја и стресот може да им го отежнат враќањето, додека стравот може да ги натера да се скријат и да останат на едно место. Врз нивната способност да се ориентираат влијаат повеќе фактори, па ни долгогодишното искуство не гарантира дека мачката ќе успее да го најде патот до дома.

Не потпирајте се на мачешкиот инстинкт

Иако мачките се исклучително снаодливи, нивната способност не треба да се преценува. На сопствениците им се советува да обезбедат сигурна околина, како и соодветна идентификација за да ги зголемат шансите за нивно пронаоѓање доколку залутаат.

Многумина прашуваат дали нивната мачка треба да излегува надвор. Нивниот т.н. „внатрешен GPS“ е фасцинантна способност, но не е непогрешлив. Затоа најдобро е да го спречите неконтролираното лутање и да го намалите ризикот миленикот да се изгуби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир Костов

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопруг

Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. 

Кога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопруг

Раздразливост, недостаток на енергија, лош сон и намалена концентрација можат да бидат знаци на „синдром на несреќен сопруг“, што се поврзува со постепено опаѓање на нивото на тестостерон кај мажите.

Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Помалку е познато дека и мажите, со текот на годините, минуваат низ хормонални промени кои влијаат како на телото, така и на расположението. Во науката, оваа фаза се нарекува андропауза – популарно позната како „машка менопауза“ – додека промените во расположението што ја придружуваат, во секојдневниот говор се нарекуваат и „синдром на несреќен сопруг“.

Кај мажите, нивото на тестостерон почнува постепено да опаѓа веќе после триесеттите години. Додека кај жените производството на женски хормони нагло опаѓа за време на менопаузата, кај мажите овој процес се одвива побавно. Тестостеронот не исчезнува целосно, но телото го произведува во сè помали количини.

Намаленото ниво на тестостерон може да предизвика изразени промени во расположението, при што раздразливоста е еден од главните симптоми. Мажот може да стане поимпулсивен и да се вознемирува поради ситници на кои инаку не би реагирал.

Сепак, хормоните не се оправдување. Иако падот на тестостеронот придонесува за лошо расположение, мажот сепак е одговорен за своите емоции и постапки; истурањето на гневот врз партнерката е неприфатливо. Првиот чекор е да се препознаат промените и за нив да се разговара со лекар или специјалист.

Чести симптоми се и губењето на енергијата и ентузијазмот. Ако мажот повеќе не покажува интерес за активности во кои претходно уживал, тоа може да биде знак за депресија, која може да биде поттикната токму од падот на нивото на хормоните. Депресијата може да се развие постепено или да се појави ненадејно. Во двата случаи, таа го нарушува квалитетот на животот – како на лицето што минува низ неа, така и на неговиот партнер, пишува „Your Tango“.

Затоа се важни отворените разговори за менталното здравје, особено за мажите, кои често се учени дека ранливоста е слабост. Напротив, барањето помош е знак на сила и грижа за себе.

Хормоналните промени можат да влијаат и на квалитетот на сонот. Ако мажот ноќе немирно се превртува во креветот, тоа исто така може да биде поврзано со андропаузата. Доволниот сон е неопходен за физичка и емоционална рамнотежа, па затоа е најдобро за промените во сонот да се разговара со лекар. Намаленото ниво на тестостерон може да го отежне концентрирањето, фокусирањето и краткорочното помнење, или пак да го промени начинот на кој мажот ги обработува информациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер