3Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
ЗдравјеТермини за мамографија во Скопје нема ни за лекСтаро-новите проблеми немаат крај. Повторно во црвено се обоени календарите за мамографија за наредните два до три месеци, па во ниту една од државните болници низ Скопје во кои има таков апарат, нема слободни термини. Ова стои на веб-страницата „Мој термин“ каде секој може да ја провери достапноста за таков преглед. За разлика од Скопје, во внатрешноста има по некој термин во некој град, најкусо за пет до 7, а најмногу за 40-тина дена. Слична е состојбата и со прегледите за ехо на дојка, термини нема. Матичните лекари тврдат дека играат брзи прсти, а за итни случаи невозможна мисија е да се закаже преглед, па голем дел од пациентите одат на приватно. Здравствените власти пак, со ветување - по нова година проблемот ќе се надминел, оти во 12 градови се инсталирала современа дијагностичка опрема, од мамографија, дигитални рентген апарати, до ангиографија и компјутерска томографија. -Се случуваат дефекти и временски застои додека трае сервисирањето и се пореметува листата за опслужување на пациентите. Ова ќе биде решено по Нова година. Распределбата на опремата низ градовите ја правиме врз основа на достапниот кадар. Искуството со опремата која беше купена и држена по магацини нема да се повтори.- Министерство за здравство. Во меѓувреме, од Министерството за здравство потсетуваат дека во моментот се спроведува скрининг програмата, па СМС порака за преглед добиваат жените од 45 до 69 години кои не направиле мамографија во последните две години, а оние од 40 до 44 годишна возраст, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг ризик фактор можат сами да се пријават на телефонот 0800-15444 секој ден од 13 до 15 часот. Радиолозите кои ги контактиравме тврдат дека бесплатните прегледи и скринигот не е причина што сега нема слободни термини за мамографија, иако тие се прават во истите болници и центри. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛавров и Рубио утре на иста маса: Војната во Украина главна тема на разговорРускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретнат утре на маргините на самитот на АСЕАН.Двајцата дипломати претходно изразија подготвеност за одржување на средбата, а Лавров потврди дека ќе разговара со својот американски колега. Според рускиот министер за надворешни работи, главната тема на дискусијата ќе биде војната во Украина. Иако искачувањето на Доналд Трамп на претседателската функција во САД доведе до интензивирање на контактите меѓу Вашингтон и Москва, во последните месеци немаше јавни средби меѓу високи функционери од двете земји. Во меѓувреме, Трамп го поддржа усвојувањето на закон во Конгресот на САД за заострување на санкциите против Русија, но истовремено покажа поголема поддршка за Украина - чие раководство претходно честопати јавно го критикуваше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДесетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЖивотНорвешка нафтена компанија ја удвоила добивката поради војната во ИранНорвешката државна нафтена компанија „Еквинор“ (Equinor) објави дека речиси ја удвоила својата добивка во вториот квартал, достигнувајќи 11,5 милијарди долари. Зголемувањето на заработката се должи на скокот на цените на нафтата и гасот предизвикан од војната против Иран, пренесува „Гардијан“. Скок на цените „Еквинор“ ја искористи ситуацијата преку зголемување на производството на нафта и гас на почетокот на конфликтот. Ова помогна да се надомести дел од недостигот на понудата на пазарот откако сообраќајот низ Ормускиот Теснец запре, прекинувајќи го протокот на нафта од Персискиот Залив. Компанијата исто така профитираше од самиот пораст на цените на нафтата. Поради неизвесноста во врска со глобалните залихи, цената на суровата нафта од типот „Брент“ флуктуираше меѓу 75 и над 100 долари за барел во периодот од април до јуни. За споредба, во истиот период минатата година, цената се движеше меѓу 60 и 70 долари. Цените на нафтата паднаа минатиот месец откако САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање, но повторно почнаа да растат со обновувањето на конфликтот. Во среда наутро (според лондонско време), цената на суровата нафта „Брент“ порасна за околу 3,3 отсто, достигнувајќи околу 94,30 долари за барел.Тагови: нафта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграцииВо Собранието се одржа 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која беа претставени клучните аспекти на процесот на европска интеграција, со акцент на проширувањето на Европската Унија.Во Собранието се одржа 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која беа претставени клучните аспекти на процесот на европска интеграција, со акцент на проширувањето на Европската Унија, реформските процеси и обврските на државата на патот кон членството. Седницата ја отвори претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, кој истакна дека целта е да се отвори конструктивна дискусија за актуелните аспекти на политиката на проширување на Европската Унија и динамичните процеси што се одвиваат во Унијата. Тој нагласи дека проширувањето повторно е меѓу врвните приоритети на ЕУ и се осврна на критериумите што треба да ги исполнат земјите кандидати, како и на досега преземените чекори на државата во евроинтегративниот процес. Пред присутните се обрати и амбасадорот на Европската Унија и шеф на Делегацијата на ЕУ во земјата, Михалис Рокас. Тој ја поздрави способноста на државата да спроведува реформи и ја истакна улогата на Собранието во усвојувањето на реформските закони. Воедно, нагласи дека е неопходен широк политички консензус за клучните закони, меѓу кои и Изборниот законик, како и дека позитивниот извештај од Европската комисија ќе зависи пред сè од напредокот во владеењето на правото. Министерот за европски прашања, Беким Сали, истакна дека интеграцијата во Европската Унија треба да се одвива во два паралелни правци – преку доследно спроведување на суштинските реформи, особено во владеењето на правото и преку искористување на можностите за постепена интеграција пред полноправното членство. Тој нагласи дека Планот за реформи има за цел зајакнување на институциите и постепено усогласување со европските стандарди. Според него, реформите не се спроведуваат само како обврска кон Европската Унија, туку и како потреба на државата за изградба на посилни институции, независно судство, поефикасна борба против корупцијата, слободни медиуми и подобар квалитет на живот за граѓаните. По воведните обраќања следеше отворена дискусија на која пратениците разменија мислења и ставови за тековниот процес на европска интеграција, реформските приоритети и предизвиците што претстојат на патот кон членството во Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook