Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
2Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
3Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)
ФудбалТери доби понуда за продолжување на договор со Челзи за една сезона, но за намелана плата Капитенот на Челзи, Џон Тери доби понуда за продолжувањето на договорот со Челзи за една сезона. Ваква политика „сините“ имаат кога потпишуваат договори со фудбалери кои се повозрасни од 30 години.Според британските медиуми, Тери ќе треба да се согласи да игра за помала плата, најверојатно довојно помала од сегашната од 150.000 фунти неделно. Можно е да се случи Тери да го напушти Челзи и да замине во клуб надвор од Англија. Капитенот на Челзи потекнува од младинската школа и има одиграно 617 натпревари и постигнато 57 голови, а притоа и освоено три титули во Премиер лига, пехар во Лигата на шампионите, Лига Европа, ФА купот и Лига купот на Англија. За репрезентацијата на Англија одиграл 78 натпревари и постигнал 6 голови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМаксим Димитриевски во „Само Интервју”Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите? ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња? Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард? Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот? Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Здравје Ве загрижува ли честото ? Знаци на кои треба да обрнете вниманиеДоколку често се борите со краткотрајно губење на помнењето, збунетост или проблеми со перцепција на просторот, просторна ориентација, можеби е време да посетите специјалист. Ризикот од развој на деменција се зголемува со возраста, особено ако оваа состојба е присутна и во вашето семејство. Но, како да знаете дали вашите повремени тешкотии во размислувањето, помнењето и носењето одлуки се само знаци на стареење или, пак, рани показатели за деменција? „Деменцијата, генерално кажано, претставува состојба при која доаѓа до значително опаѓање на способноста на лицето да размислува, а оваа промена води кон намалена способност за функционирање и грижа за себе“, објаснува невропсихологот Арон Бонер-Џексон, пренесува „Кливленд клиник“ (Cleveland Clinic). Д-р Бонер-Џексон ги наведе 10-те најчести рани знаци на деменција и даде конкретни совети што да преземете доколку сте загрижени дека можеби развивате деменција. Во повеќето случаи, луѓето кај кои се развива деменција, без оглед на нејзиниот тип, првично доживуваат релативно слични симптоми кои со текот на времето се влошуваат. Овие симптоми не влијаат само врз способноста за јасно размислување и дејствување, туку можат да влијаат и врз физичкото, менталното и емоционалното здравје. Честопати, раните знаци на деменција се јавуваат во комбинација со тешкотии при прилагодување на промени во секојдневната рутина, како и со специфични обрасци на однесување и размислување. 1. Проблеми со краткорочната меморија Губењето на краткорочната меморија често е најран знак за деменција и Алцхајмерова болест. Тоа се разликува од повремената заборавеност и се јавува почесто во различни ситуации, при што може да го попречи извршувањето на секојдневните активности. На пример, може да заборавите да завршите одредени задачи, како што се гасење на светлата или ставање на алиштата во машината за перење; може да заборавите што сте правеле среде некоја активност; или, пак, за време на разговор, да заборавите за што сте зборувале или кои биле одговорите на одредени прашања. „Луѓето можат совршено да се сетат на работи од пред многу години“, забележува д-р Бонер-Џексон. „Но, фрустрирачки е тоа што не можат да се сетат што правеле вчера или утрово.“ 2. Промени во расположението или однесувањето „Често гледаме промени во расположението или однесувањето уште во раната фаза на деменцијата“, додава д-р Бонер-Џексон. „Лицето може да покаже помал интерес за работи во кои претходно уживало. Може да стане поповлечено во социјална смисла и да не сака да биде во друштво на луѓе толку често како порано. Можеби веќе не наоѓа задоволство во работите во кои некогаш уживало. Исто така, може да стане пораздразливо, лесно да се фрустрира или да чувствува поголема вознемиреност отколку претходно.“ 3. Губење во познати средини Кога имате деменција, може повремено да заталкате или да се изгубите во познати средини – како што се вашето соседство, вообичаената рута до работа или училиште, па дури и во сопствениот дом. „Мислам дека најмногу загрижува кога луѓето ќе отидат со автомобил до продавница, што е оддалечена само еден километар, а потоа ќе се изгубат на враќање – патување кое инаку би требало да биде сосема едноставно“, вели д-р Бонер-Џексон. 4. Зголемена збунетост Во раните фази, може да се најдете збунети во различни ситуации. Може да имате потешкотии да сфатите каде се наоѓате или кој месец е, и да не бидете во можност сами да ги решите овие или други проблеми. Неможноста да се обрне внимание дури и на најситните детали, како и тешкотиите во расудувањето, дополнително ја влошуваат оваа збунетост. „Ако некој е задолжен за плаќање на сметките за домаќинството, може да почне да заборава да ги плати – или пак, може да плати некоја сметка, да заборави дека веќе го сторил тоа и повторно да ја плати, или едноставно да направи грешка. Слушаме приказни каде што некој прави грешка во износот – на пример, додава една нула повеќе – и одеднаш должи голема сума, или на крајот плаќа многу повеќе отколку што всушност должи“, објаснува тој. 5. Тешкотии при справување со промени Во раните фази на деменцијата, промените можат да бидат исклучително тешки за прифаќање. Може да почувствувате засилен страв, раздразливост или дезориентираност кога ќе се соочите со нови предизвици или пречки, што може да ве наведе цврсто да се држите до познатите рутини. Ако нешто ја наруши вашата рутина, може да ви биде тешко да се прилагодите на промената. „Чест пример е промената во режимот на земање лекови“, појаснува докторот. „Лицето треба да земе нов лек, кој не е дел од неговата вообичаена рутина. Токму тогаш може да почне да заборава дека треба да го земе лекот.“ 6. Промени во рационалното расудување и просторната свесност Лицето со деменција може да доживее суптилни или значителни промени во своите обрасци на однесување или во способностите за расудување. Ненадејните, импулсивни постапки – како што се преминување на улица без да се провери дали доаѓа возило или грубо однесување кон другите може да станат почести, дури и ако таквото однесување претходно не било карактеристично за таа личност. 7. Тешкотии при донесување одлуки Чувството на парализираност пред потребата за носење одлуки може да биде ран знак за деменција, особено ако ви е потребна помош да направите избор. Заморот од носење одлуки може да го отежне извршувањето на секојдневните активности, како што се избирање облека, купување одредени предмети или одлучување помеѓу подготовка на вечера и одење на прошетка. „Ако некој има проблем при донесување одлуки или лесно се збунува во ситуации со кои инаку би можел без проблем да се справи, тоа може да биде причина за загриженост“, истакнува д-р Бонер-Џексон. 8. Тешкотии при извршување нови или познати задачи Еден од раните знаци за деменција е суптилната тешкотија во извршување на секојдневните задачи. На пример, може да ви биде тешко да следите рецепт, да се придржувате до упатствата за составување нов мебел или да управувате со финансиите, сметките и буџетот. Ако имате симптоми на деменција, дури и учењето нови хобија или вклучувањето во нови активности може да ви изгледа покомплицирано отколку порано. „Лицето со деменција веројатно ќе има поголеми тешкотии при учење нови вештини или навики, што го отежнува започнувањето ново хоби или учеството во нова активност. На пример, може да имаат потешкотии да ги запамтат правилата на нова игра со карти или да се сетат на следните чекори во некој проект за шиење“, вели докторката. 9. Чувство дека не сте толку брзи Нормално е да забавите малку како што стареете, но тоа не треба премногу да влијае на вашата способност да функционирате во текот на денот. „Некои забележуваат дека се чувствуваат помалку координирано. Некои чувствуваат како да им се забавило размислувањето и можеби одат побавно“, вели д-р Бонер-Џексон. 10. Тешкотија во следење на разговорите Дел од тоа забавување често влијае на способноста за одржување на комуникација. Можеби ќе имате проблем да ги изразите вашите мисли, да разберете што зборуваат другите или да ги најдете вистинските зборови во тековниот разговор. Други физички симптоми на деменција може да се појават во форма на губење на видот или слухот. „Губењето на слухот е фактор што може да предиспонира за деменција. Ако видот е слаб, ќе биде потешко да се обработат информации“, објаснува тој. Рани знаци кај мажите и жените Познато е дека Алцхајмеровата болест различно ги погодува жените - тие побрзо се влошуваат по дијагнозата, особено ако го имаат генот аполипопротеин Е (APOE)-ε4 (кој е наследен). Всушност, две третини од дијагностицираните случаи на деменција и Алцхајмерова болест во САД се жени. „Не знаеме точно дали овие повисоки стапки се поради тоа што жените живеат подолго од мажите или дали жените имаат поголем ризик на истата возраст. Но, знаеме дека ризикот од Алцхајмерова болест и деменција воопшто се зголемува со стареењето“, вели докторот. Што да се прави? Клучно во дијагностицирањето деменција е прво да побарате стручна помош, а прв чекор е вашиот лекар. Доколку е потребно, тој ќе ве упати кај невролог или друг специјалист за целосна проценка. Пред дијагнозата, лекарите ќе направат неколку тестови кои вклучуваат тестирање на рамнотежа, координација и рефлекс, когнитивно тестирање, невропсихолошко тестирање, скенирање на мозокот и тестови на крвта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЗдравјеЧеста вечерна навика која може да го оштети црниот дробЈадењето доцна навечер придонесува до поголема телесна тежина, но научниците предупредуваат дека ваквата навика може да влијае на црниот дроб.Резултатите од истражувања, објавени во списанието *Clinical Gastroenterology and Hepatology*, покажале дека луѓето кои консумираат дополнителна храна по вечерата или непосредно пред спиење се соочуваат со значително поголем ризик од стеатоза на црниот дроб,заболување поврзано со метаболичка дисфункција (состојба при која во црниот дроб се акумулира масно ткиво) или цироза. „Знаеме дека црниот дроб во голема мера е синхронизиран со циркадијалниот ритам на телото“, вели главниот автор, д-р Роберт Вилечански од Универзитетот за здравје и наука во Орегон (OHSU). „Затоа, нè интересира промената на времето на консумирање храна која би придонела подобро здравје без притоа да се менува составот на она што луѓето го јадат“, додава тој. Пораст на заболувањата на црниот дроб Студија спроведена врз население во САД покажала зголемување на сите форми на заболувања на црниот дроб за 20-30 % кај лица кои изјавиле дека јадат доцна навечер, во споредба со оние кои не го прават тоа. „Важно е да се напомене дека, луѓето кај кои се развива замастен црн дроб, само кај мал дел подоцна се развиваат потешки форми на состојбата, како што е цирозата“, вели д-р Вилечански. „Вреди да се истакне дека ограничувањето на внесување калории неколку часа пред спиење може да биде корисно.“ „Можеме да го потврдиме она што веќе го знаеме: дека обрасците на однесување – без разлика дали се однесуваат на спиењето, исхраната или физичката активност – се навистина важни“, вели д-р Ендрју Мекхил, физиолог специјализиран за спиење и циркадијални ритми на OHSU. „На пример, покажавме дека консумирањето храна навечер – кога внатрешниот биолошки часовник го поттикнува спиењето – ја намалува способноста на телото ефикасно да ја метаболизира храната. Ова, на крајот, може да доведе до дебелина, дијабетес, а според најновите истражувања, и до нарушено здравје на црниот дроб“, изјави тој. Постојат многу видови заболувања на црниот дроб, од кои некои не покажуваат никакви симптоми. Симптомите на цироза вклучуваат постојан замор и слабост, губење на апетитот, намален сексуален нагон, жолтица, чешање на кожата и гадење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter