Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
ЗдравјеТерапиите со антитела не се ефикасни против заразата со омикрон, тврдат научниците Терапиите кои се користат во лекувањето на инфекцијата Ковид-19 во голема мера ги зголемија шансите за преживување на пациентите од почетокот на пандемијата.Истражувачите сепак веруваат дека клучниот облик на терапија во превенцијата и лекувањето на болеста - моноклоналните антитела - нема да функционира против инфекцијата со новата подваријанта, omicron BQ.1.1. Омикрон BQ.1.1, кој заедно со субваријантата BQ.1 сега претставува најголем дел од инфекциите во Соединетите Држави и брзо се шири во други земји, е отпорен на моментално одобрените терапии со антитела, велат научниците од истражувачкиот институт при германскиот центар. Анализата е објавена во научното списание The Lancet Infectious Diseases во ноември, а нејзините автори ги повикуваат лекарите повеќе да не се потпираат само на третман со антитела во областите каде што подваријантата BQ.1.1 е широко распространета. Кога лекуваат високоризични пациенти заразени со коронавирус, лекарите треба да размислат за воведување други лекови како што е Паксловид, рече водачот на студијата Маркус Хофман. Истражувачите, исто така, веруваат дека во новите околности, ќе треба да се развијат нови терапии со антитела со цел да се одржи здравствениот арсенал наменет за борба против тешките случаи на Ковид-19. Во лабораториските тестови на клеточни култури, истражувачите откриле дека подваријантата BQ.1.1 не може да се неутрализира со единечни антитела или коктели со антитела. Потсетуваат дека BQ.1.1 е најновата подваријанта на Sars-CoV-2, која покажува отпорност на постоечките методи за лекување на инфекцијата со коронавирус. Тие објаснија дека причината за отпорот е мутација на таканаречениот шилест протеин на коронавирусот. „Со оглед на тоа што отпорноста кон варијантите на Sars-CoV-2 расте, неопходно е да се прибегне кон развој на нови третмани со антитела кои се специјално прилагодени на циркулирачките и идните варијанти на вирусот“, рече Стефан Пелман, шеф на Одделот за инфективни болести во Центарот за примати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТраект полн со патници се судри со брод во близина на Крит (ВИДЕО)Ферибот полн со патници се судри со товарен брод во пристаништето на Крит! Камерите го забележаа моментот кога патничкиот траект „Елирос“ и товарниот брод „Јосиф К“ се судрија во пристаништето Суда, објави Прототема. Во моментот на несреќата, фериботот „Елирос“ пловел на редовна линија кон Пиреја со 100 патници, 32 патнички автомобили и 74 камиони. Во исто време, товарниот брод, кој превезувал 84 камиони, изведувал маневар за пристанување во пристаништето. @protothema.gr 🛳️ Η στιγμή που δύο πλοία συγκρούονται στο λιμάνι της Σούδας 🎥 Facebook: flashnews.gr #protothema #news #tiktokgreece #greektiktok ♬ πρωτότυπος ήχος - protothema.gr Видеото ги прикажува драматичните секунди во кои двата брода се приближуваат еден кон друг на неколку метри, по што се случува судир што не можел да се избегне. И покрај силниот удар, во поморската несреќа нема повредени и немало истурање на гориво или загадување на морето. Товарниот брод бил закотвен во пристаништето по инцидентот во присуство на пристанишните власти, кои ги истражуваат точните околности под кои се случил судирот. За двата брода, пловењето е привремено забрането додека не се извршат технички прегледи и не се издаде сертификат за пловидба.Тагови: Крит траект Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
СудбинаОгромна ајкула кружи околу капачите во Калифорнија, меѓу кои и деца (ВИДЕО)Дрон снимил голема бела ајкула долга три метри како плива на само неколку метри од пливачите на плажата Капистрано во Калифорнија.Видеото ја прикажува ајкулата како се приближува кон група луѓе, вклучувајќи деца, кои не биле свесни за нејзиното присуство. Сцената ја снимил фотографот Мет Ларманд, пишува Surfer. Ларманд, кој редовно снима ајкули, рекол дека никогаш не видел ајкула да се приближи толку блиску до луѓето без тие да забележат. Се обидел да ги предупреди од блискиот пристаниште, но тие не го слушнале. Животното си заминало по некое време без инциденти. Снимка од воздух Ваквите средби се вообичаени во Јужна Калифорнија, особено во лето. Крис Лоу, директор на Лабораторијата за истражување на ајкули во Калифорнија Стејт Лонг Бич, објаснува дека областа служи како еден вид „детска градинка“ за млади големи бели ајкули. Тие учат да ловат таму и често се движат околу луѓето. View this post on Instagram A post shared by Carlos Gauna 🦈🐳🌌 (@themalibuartist) Лоу истакнува дека ајкулите генерално не се заинтересирани за луѓето. „Во повеќето случаи, ајкулите едноставно ги игнорираат луѓето. Тие пливаат веднаш до нив, а луѓето дури и не знаат дека се таму. Имаме многу докази што покажуваат дека тие не се вистинска закана, туку само си ја вршат својата работа“, рече тој. Додаде дека однесувањето на животното не треба да се толкува како демнење. „Не е како ајкулата да ги следи или да ги лови. Само ги проверува. Како да шетате по улицата, да гледате нешто ново во соседството и да одите и да го проверувате. Тоа е она што го прават овие ајкули“, објасни Лоу. И покрај честите блиски средби, нападите се исклучително ретки и повеќето ситуации завршуваат мирно.Тагови: ајкула Калифорнија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛукровски со апел до карпошани: Да делуваме локалноГрадоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски со апел да излезат граѓаните на своите улици да ги поттргнат гранките и она што е полесно, а потоа службите ќе ги подигнат.Лукровски рече дека добил повици за паднати дрвја и кровови и дека засега нема повреднео. Вели дека делуваат организирано на ниво на град и дека се на терен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50