Фондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги
2Фондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
ЖивотТерапевт: Ако не сакате возрасните деца да ве избегнуваат, престанете со овие навикиОдносите помеѓу родителите и нивните возрасни деца често се менуваат со текот на годинитеНаместо секојдневна блискост и доверба, се почесто доаѓа до тишина, недоразбирање или дури и целосен прекин во комуникацијата. Иако намерите на родителите често се добри, начинот на кој тие пристапуваат кон разговорот може дополнително да го продлабочи јазот. Наместо да го барате виновникот, покорисно е да се запрашате: што во моето однесување можеби несвесно придонесува до ова отуѓување - и што можам да променам? „Многу родители кои ми се обраќаат за помош ја чувствуваат болката од губењето на блискоста со своите возрасни деца. Тие веруваат дека дејствувале со љубов и грижа, но сè почесто наидуваат на тишина или напнатост. Наместо да се поврзат со своите деца, преку своите пораки и коментари предизвикуваат повлекување“, вели терапевтот и психолог Џефри Бернштајн. Кога родителите ќе успеат да го прилагодат својот начин на комуникација - со помалку емоционална реактивност и повеќе слушање – тие ќе ги забележат првите знаци на повторно поврзување. Но, ова бара храброст, искреност и подготвеност да се види и сопственото учество во проблемот. Значи, според Бернштајн, ова се најчестите причини зошто децата го прекинуваат контактот и ги избегнуваат своите родители. 1. Претерани емоционални реакции „Кога реагирате со премногу емоции - со повишен тон, обвинувања или повредување – возрасното дете може да се чувствува под притисок, виновно или осудено, дури и ако тоа не била намерата. Наместо да се обратат кај својот родител, тие често се повлекуваат и се затвораат уште повеќе. Наместо да кажете: „Не гледаш ли што сè сум направил за тебе?“, покорисно е да застанете и да прашате: „Како можам подобро да разберам што функционира помеѓу нас, а што не?“, објаснува Бернштајн за Psychology Today. 2. Наметнување на сопствените вредности Родителите честопати имаат силна желба да го водат своето дете по „вистинскиот пат“, но ако го сторат тоа преку критики, морализирање или совети без прашања, возрасните деца ќе почувствуваат дека се оспорува нивното право на извор. Терапевтот истакнува дека речениците како: „Навистина мислиш да останеш цел живот во оваа работа?“, го затвораат просторот за разговор. Наместо тоа, родителот може да каже: „Ако некогаш сакаш да разговараме за работата и твоите избори, овде сум да те поддржам“. 3. Забораваат дека тие се своја личност Родителите честопати сакаат да ги заштитат своите деца, но кога се обидуваат да донесат одлука наместо нив или не го одобруваат нивниот избор, пораката што децата ја добиваат е: „Не ти верувам дека знаеш што е најдобро за тебе“. Наместо тоа, корисно е да се пристапи со искрен интерес: „Ме интересира, зошто те привлече токму тој град - би сакал/а да разберам“. „Ова покажува почит кон нивната независност, а не отфрлањето на нивните одлуки. Односите помеѓу родителите и нивните возрасни деца често се менуваат со текот на времето, а блискоста може да се замени со тишина и емоционална дистанца. Многу родители потоа бараат начин повторно да се поврзат, честопати не знаејќи дека тие несвесно придонесуваат до тој јаз. Со промена на нивниот пристап и намалување на емоционалната реактивност, можно е односот повторно да се изгради“, заклучува Бернштајн.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на самит во Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашањаПремиерот Христијан Мицкоски учествуваше на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија.„Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот "Отпорност како императив за севкупното општество" истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања. Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка ма ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ, а кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси. Затоа е потребна робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ. Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет. Почнавме пред 26 години, дури и пред Хрватска, којашто сега е земја членка на ЕУ. Се бориме за нашите права, дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ, и така ќе продолжиме.“- објави Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услугиФондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности.Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности при наплата на услуги што се покриени од задолжителното здравствено осигурување. Целта на засилените контроли е да се утврди дали здравствените установи доследно ги почитуваат договорните обврски и законските прописи, особено во делот на евентуална двојна наплата, односно случаи во кои за иста здравствена услуга се наплатуваат средства и од Фондот и од осигуреникот. Фондот потсетува дека за здравствените услуги што се обезбедуваат на негов товар, во здравствените установи со кои има склучено договор, осигурениците немаат обврска да плаќаат дополнителни износи, освен законски утврденото учество со лични средства (партиципација), доколку за конкретната услуга е предвидено такво учество. Ова се однесува на здравствените услуги опфатени со задолжителното здравствено осигурување во примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, согласно утврдените права и услови за нивно остварување. Во рамките на контролите, особено внимание ќе се посвети на усогласеноста меѓу извршените и фактурираните здравствени услуги, износите наплатени од осигурениците и почитувањето на прописите за учество со лични средства. Фондот потсетува дека здравствените установи имаат обврска на видно и достапно место да ги истакнат информациите за висината на партиципацијата, согласно важечките прописи, а за извршените плаќања да издаваат соодветен законски доказ за наплатата. Осигурениците имаат право на јасна информација за здравствените услуги што ги покрива Фондот, како и за износот што евентуално се должни да го платат по основ на партиципација. Доколку при контролите се утврдат неправилности, Фондот ќе преземе соодветни мерки во рамките на своите надлежности, согласно договорите склучени со здравствените установи и важечките законски и подзаконски прописи. Воедно, осигурениците кои располагаат со информации за евентуална неоснована наплата на здравствени услуги можат да се обратат до Секторот за контрола на Фондот, при што нивните пријави ќе бидат разгледани со почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, согласно закон. Со засилените контроли Фондот ја потврдува својата определба за доследно почитување на правата на осигурениците, одговорно користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување и поголема отчетност во работењето на здравствените установи со кои има склучено договор. Заштитата на правата на осигурениците и законитото користење на средствата на Фондот остануваат наш врвен приоритет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПремиера на „Татко“ на НУ Народен театар Битола за Денот на ослободувањето на градотПремиера на “Татко“, 12. издание на Битола Шекспир фестивалот и подготовки на претставата „Ни треба пејачка“ за месец ноември во НУ Народен театар Битола.Народниот театар Битола во текот на месец ноември реализира неколку значајни програмски активности, кои имаат особено значење за културниот живот на градот, но и за меѓународната афирмација на македонското театарско творештво. На 10 и 11 ноември 2026 година, Народниот театар Битола ќе ја има својата најнова премиера – „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски. Претставата е дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот дава свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата работена по делото на Август Стриндберг играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова. Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски. Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост? Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете. Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва? Особено значаен датум за НУ Народен театар Битола е и 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа. Годинашното издание на фестивалот ќе го збогатат театарски продукции и учесници од Италија, Ерменија, Соединетите Американски Држави, Романија, Грузија и Малта. Присуството на театри и уметници од шест држави уште еднаш ја потврдува меѓународната позиционираност на Битола Шекспир фестивалот и неговото значење како релевантна меѓународна театарска платформа, која ја поставува Битола на светската театарска мапа. Воедно се подготвува и претставата „Ни треба пејачка“ во режија на Ненад Витанов. Со овие активности, Народниот театар Битола продолжува да ја исполнува својата мисија во развојот и промоцијата на театарската уметност, негувањето на домашното творештво и воспоставувањето меѓународни културни соработки, истовремено потврдувајќи ја својата улога како значаен културен чинител во земјата и пошироко. НУ Народен театар БитолаТагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00