Не основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на Марковски
1Не основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на Марковски
КултураТеракотните икони од Виничкото Кале на едномесечна изложба во Црна Гора Репрезентативна збирка од познатите теракотни икони од Виничкото Кале е претставена на едномесечна изложба во музејот Куслевова куќа во црногорскиот главен град Подгорица, како резултат на воспоставената соработка со музејот „Теракота“ од Виница.Изложбата ја отвори македонскиот амбасадор во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ при што истакна дека се работи за едно од најавтентичните и најзначајни сведоштва за ранохристијанството на балканските простори. Пред црногорската културна јавност се претставени 12 теракотни икони и осум пишани материјали. -Гостувањето на изложбата во Црна Гора се договараше неколку години, но поради објективни причини беше одложувано. Конечно, со многу топлина и во одличен естетски амбиент, теракотните икони се изложени за посетителите. Се работи за простор во музејски објект што е добротворен дар од стоматологот Христо Куслев, алтруист со македонско потекло, кој во минатиот век направил убави хумани дела на црногорско тло. Морам да ја истакнам одличната соработка со кустосот Драган Радовиќ и директорката Ивана Чупиќ од Музеи и галерија на Подгорица, кои дадоа особен придонес во реализацијата на поставката. Поради големиот интерес, наместо до 7 мај, како што првично беше договорено, изложбата ќе трае до крајот на месецот, истакна Сара Даневска, директорка на музејот „Теракота“ – Виница. По гостувањето во Подгорица во тек се договори виничките теракотни икони да бидат претставени и во другите црногорски градови. Поддршка во реализацијата на изложбата даде и Општина Виница. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНе основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на МарковскиНе Основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на бизнисменот и почесен конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски по приложената гаранција од околу 5 милиони евра. Откако одбраната повторно побарала укинување на мерката за одземање на патната исправа, предметот бил рефериран до Вишото обвинителство, кое наложило јавниот обвинител во Струга да даде позитивно мислење за барањето. Првично, на 15 јуни, Основното јавно обвинителство Струга било против враќањето на пасошот. Но, по разгледување на предметот, Вишиот јавен обвинител оценил дека со веќе определената гаранција е отстранета опасноста од бегство на обвинетиот. Основниот суд во Струга му го вратил пасошот на Марковски каде претседател на Кривичниот совет бил судијата и претседател на судот Вулнет Винца кој од денеска заминува во пензија откако Судскиот совет го отфрли неговото барање за продолжување на вршењето на судиската функција бидејќи ненанвремено доставил изјава. -Воедно се прифаќаат аргументите на одбраната дека обвинетиот поседува фирма во Република Србија чие работење е сериозно доведено во прашање и постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку тој во најкраток можен рок не отпатува таму за да потпише документација во врска со работењето на фирмата. ...Велат од битолското обвинителство од каде додаваат дека сите аспекти на ваквата одлука и соодветната аргументација ќе бидат испитани, а во моментов не можело да се смета дека обвинетиот е во бегство и тој има обврска да се јавува пред судот. Според информациите Марковски вчера бил задржан на граничниот премин Табановце но по извршените проверки му било дозволено да ја премине државната граница и да влезе во Србија. На него и на осум други лица им се суди за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“, тендер тежок над 1,7 милиони евра. Освен на Марковски им се суди и на петмина вработени од РЕК „Битола“ и двајца вработени во неговата фирма. Еден од обвинетите е и поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, на кого веќе му се суди и во битолскиот суд за случајот со тендерот за ископ на јаловина со фирмата „Рудкоп“ Битола. Судскиот процес за Марковски почна во Основниот суд Битола за потоа да биде целосно префрлен во судот во Струга а рочиште е закажано за 2 септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши: Нема политичка порака во моето отсуство од Мечкин Камен, ги почитувам сите државни празнициНема политичка порака во моето отсуство од Мечкин Камен – уверува собранискиот спикер Африм Гаши, по реакциите во јавноста дека втора година по ред нема да присуствува на централната прослава за Илинден во Крушево. На брифинг со новинарите тој потсети дека мината година бил спречен поради здравствени проблеми..,а годинава вели иако нема физички да присуствува, како претседател на Собранието директно учествувал во организацијата на илинденските чествувања.. на свеченоста ќе се обрати потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, потврди гаши....Отсуството годинава го објаснува со учеството на меѓународна конференција во Египет, каде како што вели, ќе се дискутира за важни теми како соживотот, толеранцијата, и борбата против говорот на омраза. Порача дека максимално ги почитува државните празници и повика неговото отсуство да не се толкува како политичка порака или тенденција. -Сакам во јавноста и на сите граѓани да им испратам една порака дека Африм Гаши претседателот на Собранието ги почитува сите државни празници и тоа сум го покажал секогаш. Од првиот ден во политиката, особено сега во својство на претседател на Собрание, мислам дека никаков простор за двоумење дали го почитуваме или не, не треба воопшто да има таков простор. Како државен врв одлучивме дека треба да се искористат двете шанси,- Африм Гаши – претседател на Собрание. Повикувајќи се на членот 170 од Деловникот и потсетувајќи дека истата можност била искористена 161 пат во претходниот собраниски состав, Гаши посочи дека самиот ќе одлучи кога Законот за правична застапеност ќе биде ставен на гласање. Повтори дека законот ќе се гласа со мал Бадинтер, откако таквата постапка била утврдена од Комитетот за односи меѓу заедниците. - Јас ќе го искористам тоа право да проценам и одлучам кога е најдобро тој закон да се стави на гласање и нормално сакам да знаат сите и граѓаните и опозицијата дека не планираме скришум да го донесеме. Седницата ќе биде свикана, пратениците ќе бидат повикани и ќе одлучи пленумот. Моја обврска е да одлучам кога е најдобриот и најпригодниот момент за одлучување, а потоа како ќе одлучи пленумот сите тоа ќе го испочитуваме,- Африм Гаши – претседател на Собрание. Собранискиот спикер се осврна и на Предлог-законот поврзан со скопје европска престолнина на културата 2028-ма.. кој вчера беше повлечен од дневниот ред. Гаши вели дека одлуката била донесена за да не се блокира работата на Собранието и да не се доведе во прашање кандидатурата на Скопје, поради како што кажа дилемите околу јавните набавки..поважно е вели градот да не ја загуби оваа титула, отколку таа да остане во сенка на политичките несогласувања .. порача доколку има оправдани забелешки, тие во наредниот период треба да се коригираат, за законот да добие поширока поддршка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница за пратенички прашања во СобраниетоНаместо за пратенички прашања како што беше предвидено, Собранието половина ден го потроши во кавга за непочитување на Деловникот. Пратеничката од партијата на Села, Илире Даути, со процедурални говори ја блокира седницата бидејќи не добила писмен одговор од премиерот кога ќе се гласа законот за правична застапеност за кој е потребен т.н. „мал бадентер“. Опозициските пратеници ја поддржаа, владејачкото мнозинство бараше да продолжи суштинската дебата, а спикерот Гаши побара од Комисијата за деловнички прашања да даде мислење дали таа има право да ја блокира целата седница со ова барање. Пред да почне процедуралната кавга, лидерот на СДСМ Филипче постави пратеничко прашање до премиерот Мицкоски за неколку теми- одговорноста за епидемијата во Гостивар, блокадата на евроинтеграциите, унгарската истрага за кредитите, животниот стандард.. Мицкоски во однос на економијата рече дека споредбено со претходната влада на СДСМ имало значителен раст на БДП и висината на просечната плата и пензија. Покажувајќи документи од собраниската говорница го обвини Филипче дека не презел ништо кога бил министер за здравство иако и тогаш имало неисправна вода за пиење. Ова е последна седница на пратениците пред летните одмори, а според најавата од собранискиот спикер Гаши, ќе се вратат на работа на 21 август. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter