Тепачка на векот - Маск vs Закерберг: Двајцата милијардери влегуваат во октагон на 26. август? - Канал 5

Тепачка на векот - Маск vs Закерберг: Двајцата милијардери влегуваат во октагон на 26. август?

Борбата меѓу милијардерите Марк Закерберг и Илон Маск отиде толку далеку што се шпекулира дека сопствениците на социјалните мрежи Facebook и X (поранешен Twitter) ќе влезат во октагонот на 26 август!

Тепачка на векот - Маск vs Закерберг: Двајцата милијардери влегуваат во октагон на 26. август?

Маск минатиот викенд изјави дека неговата социјална мрежа ќе ја пренесува борбата, како и дека сите приходи ќе бидат наменети за хуманитарни цели и помош на воените ветерани.

Марк Закерберг, шефот на компанијата „Мета“, која управува со Фејсбук и Инстаграм, му одговорил дека „не го задржува здивот“, што е израз што се користи кога не очекуваш нешто да се случи иако другата страна упорно сугерира дека ќе дојде дом тоа.

Откако Маск изјави дека има напорен ден и дека тренира за борбата, Закерберг објави:

- Денеска веќе сум подготвен за борба, но тој се уште не потврдил - изјавил тој. Разгорувањето на нетрпеливоста меѓу Маск, чие богатство се проценува на 232,5 милијарди долари и Закерберг, чие богатство се проценува на 110,1 милијарди долари, дојде до израз во јули, кога официјално беше лансирана новата социјална мрежа на Закерберг, Trades, која многу потсетува на Твитер, кој што Маск го купи минатата година за 44 милијарди долари.

Во меѓувреме, Маск го смени името на својата социјална мрежа од Твитер во Х. Се шпекулира дека долгоочекуваниот судир меѓу Маск и Закерберг би можел да се случи на 26 август.

На прашањето на корисник на социјалната мрежа Тредс дали борбата била меѓусебно договорена, Закерберг одговорил дека тоа е повеќе како „обезбедено финансирање“, алузија на изјавата на Маск во 2018 година, кога тој го кажа истото за плановите за набавка на компанија за електрични автомобили. Поради таа изјава Маск платил казна од 20 милиони долари на службата која го надгледува американскиот финансиски пазар.

Маск, како што јави Би-Би-Си, фрли дополнителен сомнеж за датумот на пресметката, велејќи дека „точниот датум сè уште е неизвесен“, бидејќи можеби ќе му треба „операција на вратот и горниот дел од грбот“. На прашањето која е целта на тепачката, Маск одговори:

- Тоа е цивилизирана форма на војна. Мажите сакаат војна. Од друга страна, Закерберг изрази сомнеж дека тепачката би можела да се пренесува во живо на социјалната мрежа Х:

- Зарем не треба да избереме многу посигурна платформа, која навистина може да собира пари за хуманитарни цели - праша тој.

На почетокот на јули, кога почна да работи неговата мрежа Trades, за неколку дена привлече повеќе од сто милиони нови корисници. Сепак, до крајот на месецот, според признанието на Закерберг, повеќе од половина од нив се откажале од користење. Октагонот е затворена арена што се користи за натпреварите на Ultimate Fighting Championship (UFC). Седиштето на оваа организација е во Лас Вегас, а претходно се проценуваше дека борбата меѓу Маск и Закерберг би можела да вреди милијарда долари.

Закерберг против Маск

39 години 52

1,71 m висина 1,80 m

69,8 kg тежина 80,7 kg

110,1 милијарди актива 232,5 милијарди

Американска националност Јужноафриканска

Фејсбук, Инстаграм, Тредс / Сопственик на социјалната мрежа Х (Твитер)

3 деца 9

1 број на компании 9

Бразилска џиу-џицу дисциплина карате, таеквондо, џудо

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер