Пожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот
2Пожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот
БизарноТеории на заговор: Секој втор постар Русин верува во тајна светска владаВо 2022 година, 37 отсто од Русите признале дека веруваат во постоењето на тајна светска влада, додека во 2025 година, тоа го изјавиле веќе 40 отсто од испитаниците. За време на војната против Украина, во Русија пораснал бројот на луѓе кои веруваат во постоењето на тајни организации кои управуваат со настаните во земјата и светот, произлегува од резултатите од анкетата на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (VCIOM), што ги пренесе Москоu тајмс (The Moscow Times). Во 2022 година, 37 отсто од Русите признале дека веруваат во постоењето на тајна светска влада, додека во 2025 година, тоа го изјавиле веќе 40 отсто од испитаниците. Истовремено, 46 отсто од Русите одбиваат да веруваат во оваа теорија на заговор. Пред сè, идејата за тајна влада која управува со светот се проширила меѓу луѓето од постарата возраст и публиката на државната телевизија. Така, меѓу Русите родени од 1948 до 1967 година, во оваа теорија веруваат 50 отсто од испитаниците, додека меѓу младите родени по 1992 година, такви има само 26 отсто. Притоа, како што истакнува VCIOM, вербата во теориите на заговор обично расте во периоди на длабоки општествени пресврти и неизвесност. - Теориите на заговор го пополнуваат информацискиот вакуум и им нудат на луѓето едноставни одговори на сложени прашања — било да станува збор за текот на светските настани, мотивите на политичките одлуки или причините за економските кризи, објаснија социолозите. Како пример, тие ја наведоа анкетата од 1992 година, кога по распадот на СССР, 48 отсто од Русите одговориле дека веруваат во тајни организации, додека 26 отсто изјавиле дека не веруваат. Слично истражување VCIOM спроведе и во 2023 година, кое покажа дека Русите меѓу актерите на светската влада ги вбројуваат: - Олигарси и милијардери: 25 отсто; Претседателот на САД и американската елита: 19 отсто; Масони: 4 отсто; семејството Ротшилд: 3 отсто и семејството Рокфелер: 2 отсто. Социолозите појаснија дека светската влада во претставите на Русите главно се состои од припадници на „англосаксонскиот свет“. Уделот на поддржувачите на ова гледиште порасна по почетокот на инвазијата во Украина. Така, во 2014 година, само 8 отсто од Русите ја вбројувале Америка во „светската влада“, а Британија – еден процент. Во друга анкета спроведена во 2024 година (Rambler&Co), секој десетти Русин изјавил дека е подготвен да поверува во постоењето на вонземски живот доколку за тоа го каже претседателот на Руската Федерација Владимир Путин. Уште 6 отсто би се согласиле да им поверуваат на официјалните медиуми, додека на пријателите во ова прашање би им поверувале само три отсто од испитаниците. Тагови: русија тајна светска влада теорија на заговор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКамерон Дијаз по враќањето на глумата, има нов филм- ќе се појави кон крајот на годината Камерон Дијаз го продолжува своето враќање кон глумата со новата акциона комедија „Лош ден“, која пристигнува на Нетфликс на 11 декември. Заедно со датумот на премиерата, стриминг услугата ги објави и првите фотографии од филмот. Во филмот, Дијаз игра самохрана мајка за која еден обичен ден се претвора во низа проблеми. Додека поминува низ она што може да биде најлошиот ден во нејзиниот живот, таа се обидува по секоја цена да го одржи ветувањето што ѝ го дала на својата ќерка. Филмот е режиран од Џејк Шимански, познат по својата работа во познатата серија „Должност на жирито“, додека сценариото го пишува Лаура Солон. Бо Бауман е продуцент, а Солон и Марк Моран се извршни продуценти. Дијаз ја предводи екипата во која се Даниел Брукс, Рензи Фелиз, Џон Хигинс, Марк Дуплас, Џесика Белкин, Ед О'Нил, Роб Кордри, Ајден Мајери, Бен Шварц, Рета, Ема Пирсон, П.Џ. Бирн, Шери Кола, Еди Патерсон и Бек Бенет. Нетфликс сè уште не откри многу повеќе детали за заплетот, а првите фотографии даваат само краток увид во она што ги очекува гледачите. Продолжува со враќањето по десетгодишна пауза За Дијаз, Лошиот ден е уште еден проект по долго отсуство од Холивуд. Актерката, позната по филмовите „Сите се луди за Мери“, „Маската“, „Одмор“ и серијата „Чарлиевите ангели“, не снимала филмови речиси десет години. Таа се врати на глумата со акционата комедија на Нетфликс „Назад во акција“, во која глумеше заедно со Џејми Фокс. Тоа беше нејзиниот прв филм по „Ени“ од 2014 година. Сепак, 53-годишната актерка не сака однапред да утврди со кое темпо ќе продолжи нејзината кариера. Во интервју за списанието „Емпајр“, таа објасни дека сака да ја задржи слободата да одлучува за секој иден проект. „Тешко е да се објасни. Ако кажам нешто, тоа веднаш станува голема приказна“, рече таа. „Го задржувам правото никогаш повеќе да не снимам филм, но исто така и да прифатам улога доколку сакам. Не однапред одредувам ништо. Отворена сум за она што има смисла за мене и моето семејство во одреден момент“, додаде таа. „Лош ден“ пристигнува на Нетфликс на 11 декември.Тагови: Камерон Дијаз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоИ натаму многу топло време со температура до 38 степени, утре попладне дожд и грмежи Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 23 Попова Шапка, 30 Крушево, 31 Маврови Анови, 32 Берово, 33 Претор, 34 Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп, 35 Тетово, 36 Струмица, Виница, 37 Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, 38 Скопје Зајчев Рид, Скопје Петровец, Штип, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес претпладне беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладнето, во западните и централните делови на Македонија, имаше развој на нестабилност проследена со пороен дожд, град, засилен ветер и грмежи. До крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови временските услови ќе се стабилизираат. ВРЕМЕТО УТРЕ Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот Пожарите во околината на Скопје, го обвија главниот град во густ чад и непријатна миризба...Скопје попладнево се искачи на самиот врв по загаденост во светот.. Афродита Рамос ја имаме во живо.. Афродита, во претходното издание на вестите се јави од скопско Залениково, каде што гори на Китка.. Сега си на Водно.. Како изгледа главниот град доцна попладнево? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter