ЖивотТеории на заговор: Исчезнувањето на авионот е дел од промоцијата за римејк на серијата „Lost“Додека светската јавност е во исчекување на некаква новост околу тоа што всушност се случило на летот на Малезија Ерлајнс 370, интернет се покажа како плодна почва за разно – разни претпоставки и теории.Неколку дена по исчезнувањето на авионот со 239 лица, интернет заедницата понуди свои одговори на овој мистериозен случај. Така еден од одговорите кој се нуди вели дека авионот го урнал метеорски дожд. Некои пак тврдат дека го урнале ракети или дека соседните земји се вмешани во овој заговор, што го поткрепува фактот дека записите од воениот радар кој го следел авионот допрва треба да се објават. Во меѓувреме, некои веруваат дека станува збор за киднапирање од вонземјани, слично како во серијата Досие Х. Сепак, најинтригантна теорија на заговор е онаа според која станува збор за холивудска промоција на римејкот на популарната серија „Изгубени“ (Lost). Ова се најчестите теории на заговор кој кружат на Интернет за исчезнувањето на авионот на Малезија ерлајнс Терористички напад: Властите ги демантираа извештаите дека двајца од патниците кои патувале со украдени пасоши се поврзани со кинеската терористичка организација Martys Braigade. Организацијата наводно во неделата испратила шифриран маил до кинеските новинари во кој презема одговорност. И други теории поврзани со украдените пасоши укажуваат на тоа дека терористи го грабнале авионот по што нечепнат го паркирале и ги исклучиле сите радарски системи. Овие претпоставки се поврзани со тоа што мобилните телефони на неколкумина патници се се уште активни, но никој не се јавува на нив. Се распаднал за време на летот Претпоставките за тоа дека мистериозното исчезнување на авионот дошло откако тој се распаднал во летот се засилени, откако еден функционер изјави дека можеби дошло до експлозија по механички проблеми. Сепак, еден експерт за Саут Чајна морнинг пост изјавил дека би била вистинска мистерија авионот да се распадне, а при тоа да не се пронајде ниту еден негов дел. Оваа теорија се повикува на трагедијата на Ер Франс од 2009 година, кога авионот исчезна над Атлантскиот океан. Пет дена им беа потребни на спасувачките екипи за да ги пронајдат деловите од авионот, а уште две години им требаше за пронаоѓање на распрснатите делови. Паднал среде виетнамска џунгла Записот од радарот укажува на тоа дека авионот можеби се свртел за време на летот некаде во близина на Виетнам. Поради тоа се истражува подрачјето на Јужното кинеско море во близина на Виетнам, а таму е пронајден и остаток кој можеби е дел од авионот. Пилотот извршил самоубоство Иако нема докази дека пилотот Захарие Ахмад Шан или неговиот копилот Фарик Абдул Хамид, извршиле самоубиство, сепак се појавија и такви теории. Шефот на ЦИА, Џон Бренан, објави дека се истражува и таа можностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08