Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија
1Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија
БалканТензии во албанскиот Парламент Тензии во албанскиот Парламент по барањето на опозицијата за расправа за вмешаноста на Рама во случајот „Мекгонигал“.Неприсуството на премиерот Еди Рама на седницата на албанскиот Парламент на која приврзаниците на Сали Бериша побараа измени во дневниот ред и расправа за неговата вмешаност во аферата „Мекгонигал“, предизвикаа тензии со блокирање на собраниската говорница и тешки меѓусебни обвинувања. Барањето го изнесе пратеникот Луачиано Бочи, кој рече дека од интерес на цела Албанија е денеска да има расправа по ова прашање. -Американската правда ги стави под истрага Еди Рама и неговите соработници во обидот да финансираат со готовина погубување на опозицијата во земјата. Да не заборавиме дека премиерот не е сам и случајно со своите соработници. Главна рака што денеска удира во опозицијата е самиот премиер, тој ја корумпираше економијата, парламентот, се во Албанија, само да се елиминира опозицијата. Овој човек денеска го нема, се крие. Ќе ја разоткриеме вистината, а правдата треба веднаш да постапи. Зошто доцни албанската правда? Се соочуваме со криминални дела, а не заем од 225 илјади долари, што е најсмешната изјава на премиерот. Бараме расправата да почне веднаш со присуство на премиерот. Во оваа дебата денеска е интересот на цела Албанија, рече Бочи, јави АБЦ њуз. Тој исто така обвини дека без никаква причина Советот за етика при законодавниот дом, од неговата работа ги исклучил Бериша и уште петмина пратеници, негови приврзаници, во период од десет дена. Координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, во аргументите против, рече дека она што може да се види во парламентот нема врска со прашањето на Мекгонигал, туку е обид да се оттргне вниманието од почетокот на истрагите за случајот „Грдец“. -Имаме барање за промена на дневниот ред. Тоа мора да се направи спротивно на деловникот. Како што објаснивме, ваквите барања не поминуваат на седница. Тие се претставуваат на средба на координаторите. Причината за ваквото појавување на собранието нема врска со истрагата во САД, во истрагата нема албански функционер, туку пред една недела, синот на Сали Бериша беше пред Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК. Истрагата за Грдец и 21 јануари се фундаментални прашања. Секој обид да се сврти вниманието е залуден напор, рече Бала. Барањето беше отфрлено со 39 „за“ и 66 „против“, а собраниската говорница и понатаму останува запоседната од приврзанците на Бериша. Претседателката на парламентот Линдита Никола од седницата го отстрани Газменд Барди, по што демократите продолжија со опсадата на говорницата и со постојано тропање на столчињата. Инаку, обвиненијата против поранешниот висок агент на Федералното биро за истраги (ФБИ) Чарлс Мекгонигал, покрај врските со руски олигарси, укажуваат дека тој имал сомнителни деловни врски со политичари од Албанија и Босна и Херцеговина. Во одделен случај поднесен во Вашингтон, обвинителите навеле дека најмалку од август 2017 година, Мекгонигал не му ја открил на ФБИ неговата врска со поранешен службеник на албанската разузнавачка агенција – опишан во обвинението како „Лице А“. Исто така, според обвинението, тој не откри дека „имал контакти“ со албанскиот премиер Еди Рама. Од своја страна Рама изјави дека наводите против поранешниот функционер на ФБИ немаат никаква врска со него. „Офицер на ФБИ е обвинет во Америка за работи кои немаат врска со мене … а во Албанија процесот против мене почнува на начин на политика, медиумски канали и портали на „Големиот брат“! Навикнат сум на тоа, но неодамна решив да престанам да го вадам секој камен што се фрла во реката секојдневно“, изјави Рама. Кон крајот на 2017 година, според властите, Мекгонигал зел вкупно 225.000 долари од „лицето А“, првиот пат во автомобил паркиран пред ресторан во Њујорк, а следните двапати во домот на лицето во Њу Џерси. Според обвинението, Мекгонигал „му кажал на „Лицето А“ дека парите ќе бидат вратени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во МакедонијаВо текот на вчерашниот ден, претседателот Мицкоски го матираше Венко Филипче. Вистината излезе на виделина околу случајот со Алта банка, односно претседателот Мицкоски јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записник од 194 седница на владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии, Фатмир Бесими, излегува со информација во која бара од Владата да му се одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија. Значи, уште во 2023 година владата на СДС и на ДУИ на владина седница му дале насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура. Денес, ќе ми дозволите да разобличиме уште една лага, а таа е за наводите на Венко Филипче и СДС дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ. Се што кажа СДС за Алта банка е лага. Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ. Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка. Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија. Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ. Осум месеци, откако Алта банка влегла во Македонија, матичната банка од Србија склучува договор со Рајфајзен банка од Виена, која е една од најголемите и најпознатите банки во ЕУ. Алта банка и Рајфајзен банка прават договор дека по преземањето на Адико банка, од страна на Рајфајзен банка истата ќе и ги продаде филијалите на Адико односно на Алта банка во БиХ, Србија и Црна Гора. Еве токму ова е извадoк од нивната веб страница односно од соопштение, а е напишано врз база на одлука на бордот на директори на банката, во кое јасно се гледа, стои во соопштението, Рајфајзен банка на две страни. Оваа одлука е активна се до згаснувањето на Алта банка во Србија, по што истите донесуваат нова одлука по згаснувањето, дека трансакцијата којашто требале да ја направат со Алта банка ја откажуваат, а тоа е токму ова соопштение коешто го изнесуваат, дека Рајфајзен банка ја прекинува соработката со Алта банка. Почитувани граѓани, Со ова, директно се докажува дека македонскиот регулатор и институции, немале апсолутно никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка на токму ЕУ. Ова се многу сериозни докази, кои водат до заклучок дека СДС и Венко Филипче како нејзин претседател, свесно манипулира и креира хистерија со цел да направи потрес на финансискиот пазар, што патем не им успеа, но не ги пере од одговорност. Ова се доволно силни основи ЈО да истражи и поведе постапка против Венко Филипче. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцираКралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет. Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина. Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини. Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗидан: Би сакал да го тренирам ЈувентусПред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“. „Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан. Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации. „Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“. Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите. Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.Тагови: Зинедин Зидан Јувентус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook