„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката
1„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката
Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
2Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
БалканТензично во Црна Гора по приведувањето на српски владика и осуммина свештеници Тензично во Црна Гора по приведувањето на владиката на Јоаникије и осум други свештеници на СПЦ кои одржаа литургија со бројни верници во манастирот Острог, и покрај мерките за заштита од коронавирусот. Ситуацијата ескалираше доцна синоќа, а најголемите немири се случија во Никшиќ каде полицијата се судри со демонстрантите кои бараат ослободување на свештениците. Пред апсењето Владиката Јоаникије пред верниците порача дека според него, тие не сториле никакво кривично дело и повика на смирување на страстите. ,,Ние денеска сите бевме на литургија, но нема тука никаква вина за нас кои сме повикани. Ве молам, ако мислите да ни помогнете, на нас не ни е од помош да правиме било каков инцидент, да одиме мирно во полиција и да дадеме изјава, тоа не е никаков проблем. Ние не бегаме од законите. Црногорското обвинителство пак соопшти дека на приведените им е одреден 3 дневен притвор, а од таму порачаа и дека нема да направат исклучоци кога станува збор за јавното здравје. ,,Обвинителството нема да дозволи извршителите на ова кривично дела да го загрозат здравјето на граѓаните и сите ќе бидат процесиуирани без исклучок, како што до сега беа процесиуирани 224 лица. Нема да има недопирливи, и сите извршители на кривични дела ќе одговараат без разлика на вера, нација, и функцијата која ја вршат За немирите во Црна Гора очекувано, со реакција се јави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој кажа дека за него е не разбирливо приведувањето на Владиката. ,,Не можеме да разбереме и затоа заедно со српскиот патријарх Иринеј, некако ги замолив и изразив уверување дека властите во Црна Гора тоа ќе го разберат. Ние немаме избор, во границите на кои можеме, секогаш ќе бидеме со својот народ и својата Црква, се разбира. Се друго што би коментирал би излегло од овие рамки Инцидентите во Црна Гора доаѓаат по намалувањето на рестриктивните мерки. Сепак, и пред светската пандемија се одржуваа литургии на припадниците на Српската православна црква, на кои свештенството и верниците го изразуваа своето незадоволство поради контроверзниот закон за слобода на вероисповед, кој предвидува дека сите верски објекти изградени до 1918 година, а за кои не постои доказ за сопствеништво да преминат во државна сопственост. Законот предизвика големо негодување во Црна Гора, но и во соседна Србија, која во тоа виде обид да се присвојат црквите на СПЦ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публикатаВиртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ . Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона. Публиката имаше можност да ужива во внимателно одбран репертоар, кој понуди дела од различни стилски периоди и ја истакна виртуозноста и музичката интерпретација на двајцата уметници. Со својата извонредна техника, музикалност и сценска енергија, Патира и Курек ја воодушевија публиката, која нивната изведба ја награди со долги и громогласни аплаузи. Особено внимание предизвика музичката комуникација меѓу двајцата уметници, чии изведби се надополнуваа во впечатлива целина, оставајќи силен впечаток кај присутните. Мариуш Патира во 2001 година ја освои главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал на престижни концертни сцени во Европа, Јапонија, САД и Мексико. Радослав Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на повеќе меѓународни признанија, а неговата концертна кариера опфаќа настапи во Европа, Америка, Азија и Африка. Со овој концерт „Охридско лето“ ја продолжува својата концертна дејност и надвор од редовните фестивалски денови, традиција започната минатата година. Овој концерт се реализираше со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, а влезот за посетителите беше бесплатен како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и како придонес кон создавање достапни и квалитетни културни содржини. По синоќешниот концерт, концертната програма продолжува на 4 декември во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСи Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со ТрампКинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон. 🇷🇺🇨🇳 Putin and Xi continue talks in Shenzhen over working breakfast https://t.co/5PBewbY0ay — Sputnik (@SputnikInt) November 18, 2026 Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашањаСобранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter