БалканТензично пред и внатре во албанскиот парламентТензично во и надвор од албанскиот парламент, каде се одржува протест организиран од крилото на Демократската партија, на Сали Бериша и Партијата на слободата на Илир Мета, чии привзаници се судрија со полициските службеници распоредени пред зградата.Тензично во и надвор од албанскиот парламент, каде се одржува протест организиран од крилото на Демократската партија, на Сали Бериша и Партијата на слободата на Илир Мета, чии привзаници се судрија со полициските службеници распоредени пред зградата. Во законодавниот дом, пленарната седница почнаа со тензии откако мнозинството го одби барањето на опозицијата да се расправа околу истражувачките стории на италијанската РАИ3 и најтиражниот германски весник „БИЛД“ каде Албанија е нарекувана наркодржава, како и барањето да му се дозволи на Сали Бериша, кој е во куќен притвор, да присуствува на седниците. Најгласен беше Фљамур Нока, поранешен министер за внатрешни работи, кој заедно со дел од колегите од опозицијата ја блокираа говорницата, се судрија со припадниците на Националната гарда, кои се дел од обезбедувањето, по што по неколкуте опомени, претседателката на парламентот, Линдита Никола го исклучи Нока од седницата, обраќајќи му се со зборовите „Не ме плашиш, ти си човек на лице прогласено за нон грата. Срам да ви е“. Поради недостиг на атмосфера за работа, Никола на двапати беше принудена да ја прекине седницата. Многу потензично е пред парламентот каде демонстрантите, откако запалија гуми, фрлаа молотови коктели, камења и шишиња со вода кон полицајците, а започнаа и физички пресметки со полицијата, обидувајќи се да го пробијат кордонот и да влезат во Собранието, по што полицијата употреби и солзавец. Обезбедувањето е засилено со припадниците на единицата за брзи интервенции, а во близина на објектот има и цистерни со вода, во случај на потреба. Бериша, кој од декември е во домашен притвор од кога му беше одземен пратеничкиот имунитет, на крајот од минатиот месец му беа укинати сите финансиски привилегии, вклучително и пратеничката плата. Доколку до 11 месецов не присуствува на седница во парламентот го губи пратеничкиот мандат. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаАнгелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењетоПет активни пожари низ Македонија, се гасне кај месноста рамно на Скопска Црна Гора, кај Струга и во Јасен. Очекувањата од дирекцијата ан заштита и спасување се дека сите ќе бидат изгаснати во текот на денот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПо прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последициПациентите кои прележале тешка форма на нилска треска можно е да имаат невролошки компликации и потребно е да одат редовно на матичен доктор на контроли, вели директорот на клиниката за неврологија Јован Божиновски. Тој објаснува дека на клиниката имало досега двајца пациенти кои дошле на дополнително лекување. Едниот имал вртоглавица, а другиот искривување на едната страна на лицето, што не значи е дека во директна поврзаност со нилската треска. Како најтешка форма на компликација се епилептичните напади, што не значи дека секој пацинет мора да ги има, но во случај на промена веднаш пациентот да побара лекарска помош. На инфективната клиника нема нови приеми на пациенти со нилска треска има шест на болничко лекување. Двајца се во тешка состојба. Досега од компликации со нилска треска починаа осум пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија15 годишниот Михаил не се плашел од брановите – влегол во морето и спасил тричлено семејствоИма само 15 години, но во момент кога три човечки животи биле во опасност, покажал храброст и човечност на која може му се восхитуваат и многу повозрасни од него. Младиот битолчанец Михаил Николовски стана вистински херој на плажите во грчко летувалиште, каде успеал да помогне во спасувањето на тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во Егејското Море. Драмата која за среќа завршила со среќен крај благодарение на младиот Михаил се случила на плажата во Олимпијада, каде силните бранови однеле мајка, татко и нивното дете подалеку од брегот. Иако повиците за спас на тричленото семејсво во морето го привлекле вниманието на луѓето на плажата, додека присутните немо гледале што се случува, петнаесетгодишниот Михаил без размислување за својот живот решил да реагира, влезе во разбрануваното море и ги спаси човечките животи. -Јас бев во плиткото до колена, и наеднаш жена почна панично да бара помош, помош, помош. И јас се врам наоколку низ плажа да видам дали луѓе дали ќе реагираат но видов дека никој не реагира. И така одма скокнав и испливав накај жената да ја спасам да ја однесам накај плиткото. Одма испливав, ја фатив жената видов дека е со перниче и видов дека е со дете и нејзиниот маж таму. И одма ја однесов во плиткото и одма после тоа се вратив накај дететто. Го извадив детето надвор исто како и жената и малце бев уморен и веднаш тргнав накај таткотко – вели Николовски. Кога опасноста конечно поминала, следувала сцена која Михаил веројатно долго ќе ја памети. Присутните на плажата почнале да аплаудираат и да го извикуваат неговото име, објаснува со трепет во својот глас неговата мајка Јасна Николовска. -Многу беше се на брзина, се беше хаотично меѓутоа можеше многу страшно да биде. Јас искрено не можев да се соберам од плачење, од гордост што чуствувам, какво дете сум израснала, какво е солидарно. Тој не промисли во ниту една минута за опасноста што него го демнееше. Ја искористи неговата сила, тој е снажен 185 има 95 кила го искористи тоа за да помогне некому – вели Николовска. Аплаузите од плажата набрзо се преселија и на социјалните мрежи каде приказната за 15-годишниот ученик во СОУ „Ѓорги Наумов“ од Битола се споделува со пофалби за неговата храброст и присебност во момент кога биле загрозени човечки животи. Самиот Михаил, сепак, за својот потег зборува скромно. Вели дека чувствувал страв и дека во првите моменти по спасувањето не бил целосно свесен што направил. -Се уплашив, но не се уплашив доволно за да ме спречи нешто, објаснува младиот битолчанец. Во свој коментар за Канал 5 мајката на Михаил, Јасна откри дека нејзиниот син добил и подарок од семејството од Бугарија – маска за нуркање, која тој со задоволство ја примил и која секогаш ќе го потсеќа на овој надчовечен храбар чин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook