3Вработен во тетовскиот универзитет крадел пари од студентите, финансиската полиција му поднесе кривична
Ламин Јамал со девојка му Инес ја прослави победата на СП- снимката веднаш собра 6 милиони лајкови (ФОТО)
1Ламин Јамал со девојка му Инес ја прослави победата на СП- снимката веднаш собра 6 милиони лајкови (ФОТО)
ЗабаваТенисер од светскиот врв се ожени со инфлуенсеркаУште еден познат тенисер стапи во брак летово. По светскиот број пет, Алекс де Минор, кој неодамна се ожени со британската тенисерка Кејти Бултер, овој месец се ожени и Томи Пол (29) – поранешен светски број осум и моментално 24-ти на АТП-листата. Американскиот ас се ожени со својата долгогодишна девојка и позната американска инфлуенсерка Пејџ Лоренс (28), по речиси четиригодишна врска. Свадбата се одржа во луксузните градини на Лонг Ајленд. Пејџ Лоренц е позната како инфлуенсерка и креаторка на содржини, основачка на брендот за мода и животен стил „Dairy Boy“ и поранешна скијачка. Двојката ја започна својата врска во 2022 година откако се запознаа на Инстаграм, а се свршија во јули 2025 година на Нантакет – остров што за Пејџ претставува посебно место од нејзиното детство. Нивната свадба привлече големо внимание бидејќи ги спои световите на тенисот и модата. Меѓу гостите и присутните имаше бројни американски тенисери, вклучувајќи ги Френсис Тиафо, Тејлор Фриц и Рајли Опелка. Подоцна, Тиафо објави хумористично видео во кое ја имитираше емотивната реакција на Томи додека ја гледаше невестата како оди кон олтарот. Томи Пол сè уште нема освоено Гренд слем или АТП Мастерс 1000 турнир, но изгради многу успешна кариера и стигна до осмото место на АТП-листата, што претставува негов најдобар пласман во кариерата. До средината на 2026 година, тој имаше освоено четири АТП-титули во поединечна конкуренција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШумски пожар на француската Ривиера се заканува да го зафати куќите (ВИДЕО)Шумскиот пожар што избувна денес на францускиот медитерански брег во близина на Фрежус се прошири на околните области, загрозувајќи ги домовите и принудувајќи евакуација на неколку села.„Пожарот се прошири екстремно брзо во контекст на топлотен бран, екстремна суша и силни ветрови“, рече локалниот префект Симон Бабре. До вечерва, пожарот зафати околу 180 хектари, објави канцеларијата на префектот. Пламените се приближуваат до куќите Телевизиските снимки покажаа големи пламени како се приближуваат кон домовите на ридовите на Француската ривиера, додека густ црн чад се издигаше над боровите и чемпресите. Железничкиот сообраќај помеѓу медитеранското пристаниште Тулон и Ле Арк е прекинат поради пожарот. СМО предупреди на опасност од пожар Светската метеоролошка организација (СМО) минатиот месец предупреди дека рекордно високите температури што ја погодија Западна Европа на крајот на јуни ќе го зголемат ризикот од шумски пожари поради континуираните високи температури, многу ниската влажност и сува вегетација. Во Ле Аркс, каде што беснееше пожарот, се очекуваше просечна максимална температура од 38 степени Целзиусови, 11,4 степени над вообичаената максимална температура за 19 јули од 1961 до 1990 година, според податоците на „Ројтерс Климат Монитор“.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВикендов се уапсени 58 возачи за безобѕирно возење, направени се 1415 прекршоци Полициските службеници изминатиот викенд констатираа 1415 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 58 лица за безобѕирно управување на возило.Во текот на изминатиот викенд (18/19.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1415 издадени платни налози, 298 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 58 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 28 за возење без возачка дозвола. Во истиот период одземени се 23 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 199 прекршоци за неправилно паркирање, како и 47 санкции за возење под дејство на алкохол. Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 125 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 183 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 18 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 12 заради техничка неисправност. Санкционирани се и тројца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии). Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаВработен во тетовскиот универзитет крадел пари од студентите, финансиската полиција му поднесе кривична Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик на Македонија. Пријавениот А.З., како вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, во периодот од март 2020 година до февруари 2023 година ја злоупотребил својата службена положба и овластувања со намера да прибави противправна имотна корист за себе на начин што, искористувајќи ја својата службена позиција наместо паричните средства што во готовина му биле доверени од студентите на Природно-математичкиот факултет (прв и втор циклус), Факултетот за физичка култура и Факултетот за медицина да ги уплати на сметката на Универзитетот преку веб-апликацијата Е-pay (www.epay.unite.edu.mk), по основ на партиципација, кофинансирање и други трошоци за студирање, тој ги присвоил за себе, при што противправно се стекнал со имотна корист во вкупен износ од 3.362.272 денари, а за истиот износ причинил штета на Буџетот на Универзитетот во Тетово. Со цел да го прикрие присвојувањето на паричните средства и трагите од стореното кривично дело, пријавениот изработувал фалсификувани потврди за наводно извршени уплати преку апликацијата Е-pay, кои им ги предавал на студентите како доказ за извршена уплата. За нивната изработка искористил податоци, вклучително и QR-код, од автентична потврда за извршена уплата преку Е-pay со банкарска картичка на неговата сестра, по што со измена на податоците за уплаќачот, износот и датумот на уплата ја преправал потврдата и така фалсификуваните потврди им ги доставувал на студентите. Студентите, верувајќи дека уплатата е извршена, ги прикачувале потврдите како прилог („attachment“) во електронскиот систем и истовремено ги доставувале до студентската служба како доказ за извршена уплата. Управа за финансиска полицијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook