ЗабаваТенисер кој освојуваше трофеи откри дека ги молел колегите за храна Познат тенисер кој освојуваше трофеи откри дека ги молел колегите за храна зашто останал без париАвстралискиот тенисер Марк Филипусис откри како минувал низ тешките моменти во својот живот и покрај фактот што само на тениските турнири заработуваше по седум милиони долари. Во април 1999 година, Филипусис го имаше најдобриот пласман во својата кариера, тогаш беше осми тенисер во светот, и играше во финалето на УС Опен во 1998 година, а 5 г. подоцна и на Вимблдон. "I've been too comfortable, for too long." Mark Philippoussis is no stranger to being at the top of his game, but there's still more to see from Recruit #11 on the course. #SASAustralia pic.twitter.com/xrSAU1W1TO — SAS Australia on 7 (@sasaustralia) October 2, 2021 На крајот на деведесеттите години на минатиот век, Филипусис беше еден од најдобрите тенисери, имаше 11 АТП титули и беше на самиот врв на „белиот спорт“. И покрај добрите приходи, тој успеал да остане без ништо и да бара пари од колегите за храна. - Семејството ми е сè, мој приоритет и мој свет. Сонував да станам професионален тенисер и моето семејство даде сè за тоа. Татко ми работеше во банка и си даде отказ за да ми помогне да ги исполнам соништата. Добро беше што можев да се грижам за нив без тие да се вратат на работа. Меѓутоа, се најдов во тешка ситуација кога поради повредите запре сè - рече Филипусис и продолжи: -Кога сте професионален спортист, последното нешто за што размислувате се „црните“ денови. Велат дека треба да се чува за таквите денови. Не можев да си дозволам ништо и ги молев пријателите да ми дадат пари за храна. Јадевме тестенини од зелка седум дена, која мајка ми ја нарекуваше храна за сиромашни, додаде Австралиецот. Филипусис рече дека честопати се нарекувал идиот и дека сега му е смешно тоа што го правел. - Менував автомобили од досада или кога гледав филм. Ќе купев „Порше“ само затоа што сум го видел на филмот. Дадов 100.000 долари за „Доџ вајпер“ затоа што не сакав да одам дома со такси, а наредниот ден го продадов, изјави поранешниот тенисер во шоуто „САС Австралија“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата. Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри. Засега нема информации за можни жртви или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook