СДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на граница
2СДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на граница
3Цветановски: 2 години Тошковски- распад на безбедносниот систем, партизација, заштита на криминалци и шпионирање на граѓаните
ЗдравјеТемпература до 40 степени – топлотен бран над Македонија Пеколно високите температури деновиве ги испразнија скопски улици, а донесоа и зголемен број пријави за колапси во итната медицинска помош. Од таму велат дека осум пријави во просек дневно имало само во текот на претходната недела, а со покачувањето на температурите кое следи се очекува бројката да расте. Како што велат, најзасегнати се хронично болните, дијабетичарите, но ризик од колапс има кај сите категории граѓани. -За претходната работна недела имавме зголемен број колапси на јавни места, делумно од тие колапси имавме 250 интервенции од коишто 106 беа итни интервенции. Дел од тие хитни интервенции припаѓаат на сообраќајните незгоди коишто се во голем број и секако и колапси на јавни места. Негде околу осум колапси дневно.Хроничните-болни, секако срцевите болни, тие болни што имаат аритмии, исто така и дијабетичарите и малите деца се едни од најзасегнатите категории на луѓе.--Ана Џарева. Од управата за хидро-метеоролошки работи најавуваат покачување на температурите во текот на неделава. Пикот ќе биде во четврток кога ќе достигнат до 40 степени. Незначително освежување ќе има од петок во попладневните часови кога се очекува појава на дожд и грмежи, а од сабота намалување на екстремно високите температури. -Во петок сеуште ќе се задржи топло време со дневна температура во интервал од 31 до 39 степени. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а веќе во деновите од викендот ќе имаме стабилна временска состојба но пад кај дневната температура,-Јулија Фиданоска Мишкоска. Според сезонските прогнози на УХМР, месец јули ќе биде натпросечно топол во однос на изминатите 30 годишен просек. Од институтот за јавно здравје апелираат да се почитуваат препораките кои ги даваат за заштита од топлотниот бран. Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРенџ Ровер е запален во центарот на СкопјеНа 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки.На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б.(54) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
МакедонијаСДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на границаДодека граѓаните стојат по неколку часа во редици на јужната граница, чекајќи да влезат или да излезат од Македонија, Христијан Мицкоски и неговата Влада продолжуваат да ја изолираат државата.Денеска на Богородица се чека со часови, има километарски колони. Ова е директна последица од политиката на изолација што ја спроведува ВМРО. За само две години, Мицкоски успеа да ги влоши односите со соседите, да ја блокира европската интеграција и да ја претвори Македонија во слепо црево на Балканот. Граѓаните сега ја плаќаат цена за тоа секој ден, на границите, во економијата и во изгубените можности за нивните деца. Додека највисоките функционери на ВМРО и нивните семејства си обезбедија бугарско државјанство и пасоши, и слободно и без чекање патуваат низ Европа, обичните граѓани се понижуваат со часови чекање на границите. Оваа изолација не е случајна. Таа е дел од стратегијата на ВМРО-ОКГ да се заштити од одговорност. Со затворање на државата и создавање на наратив за „надворешни непријатели“, Мицкоски се обидува да го скрие економскиот колапс, празниот буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за пензии. СДСМ уште еднаш повторува: Изолацијата на Македонија не е патриотизам!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦветановски: 2 години Тошковски- распад на безбедносниот систем, партизација, заштита на криминалци и шпионирање на граѓанитеПо две години Влада на Мицкоски, резултатот на Панче Тошковски е поразителен: распад на безбедносниот систем, партизација и неказнивост.Тошковски ветуваше правда. Велеше: „Брат да ми е, ќе одговара.“ По две години, никој не одговара. Нема одговорност за криминалните афери и скандали на власта. Две години МВР на Панче Тошковски не го гони криминалот. Го штити криминалот на власта. Пет тони дрога поминаа преку македонската граница. Никој не одговараше. А поминаа цели шест месеци. Две години граѓаните на Македонија се сведоци на убиства, трагедии, вооружени пресметки, криминал, семејно и врсничко насилство, на распад на безбедниот систем. Најголемата болка е трагедијата во Кочани, каде што згаснаа 63 човечки животи, претежно млади луѓе. Но, наместо целосно расветлување на случајот, правда и одговорност, јавноста виде обиди за прикривање на одговорноста и заштита на актуелни функционери. Никој не одговара, правда нема. Одговорност нема. А нема ниту превенција. Во Скопје беа убиени млада жена и дете, покрај повеќе од десет претходни пријави до МВР на Тошковски не се постапувало навреме. Во Велес исто така беше убиена жена и нејзиниот татко, МВР на Тошковски не реагирале. Во Старо Нагоричане сериски убиец со години убивал жени пред МВР конечно да реагира. Семејното насилство стана секојдневие, а МВР на Тошковски сè почесто потфрлаат токму таму каде што треба да ги заштитат граѓаните. Тошковски создаде партиска полиција. Искусни полициски службеници се деградираат и преместуваат, а партиски подобните кадри се наградуваат. Нема одговорност за никој. Нема ниту за Симе, од сликите со Мицкоски, кој јавно пукаше со автоматско оружје. Нема одговорност ниту за бодигардот на Мицкоски кој беше фатен како продава службени информации за пари. Другиот негов бодигард пак доби условна казна за семејно насилство. И наместо да ги штитат граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ОКГ одат чекор понатаму. Воведуваат државен шпионски софтвер за следење на сопствените граѓани - Pegasus. Наместо да се борат против криминалците, тие сакаат да ги шпионираат граѓаните. Тошковски останува министер само затоа што зад него стои Христијан Мицкоски, а тие меѓусебно се штитат од каква било одговорност. Македонија заслужува професионална полиција, функционален безбедносен систем и институции во кои законот важи еднакво за сите, рече Симона Цветановски – членка на ИО на СДСМ.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook