Телото на новинарот на Вашингтон Пост било расечено на парчиња и скриено (ВИДЕО)

Турските власти соопштија дека телото на новинарот на Вашингтон Пост , кој исчезна во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул е расечено и скриено.

Новинарот Џамал Кашоги на 2 октовмри влезе во конзулатот во Истанбул и по роа му се губи трагата. По вчерашната истрага на турската полиција во просториите на конзулатот било утврдено дека новинарот е убиен . Саудиска Арабија, по двонеделно негирање , призна дека Кашоги е убиен како резултат на ,,несреќно испитување” .

По девет часовната претрага на конзулатот неименувани турски извори за американските медиуми изјавиле дека новинарот е убиен во конзулатот и неговото тело е расечено на парчиња , а потоа скриено.

Денеска генералниот конзул на Саудиска Арабија ја напушти Турција .

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган , кој уште пред десет дена најави дека лично ќе се заложи во истрагта денеска изјави дека истражителите особено внимателно ги испитувале токсичниот и материјалот за префарбување во конзулатот.

Шефот на турската дипломатија Чавушоглу најави дека истрагата ќе се прошири и на резиденцијата на конзулот Мохамед Отаиби , како и на возилата . Тој Очекува американскиот државен секретар Помпео по посетата на Саудиска Арабија , да пристигне и во Турција.

Македонскиот атлетичар Вандевски собори државен рекорд од 1975

Македонскиот атлетичар Леонид Вандевски го собори националниот рекорд во дисциплината 2.000 метри стиплчес на меѓународен митинг кој изминатиот викенд се одржа во германскиот град Пилхаузен.

Вандевски заврши осмопласиран, истрчувајќи ја патеката со време од 6:00.49 со што го собори претходниот рекорд на Нехат Алуи (6:16.4) од далечната 1975 година.

Нов македонски рекорд изминатиот викенд постигна и Јован Стојоски во дисциплината 400 метри со пречки.

Стојоски на меѓународниот митинг во словенечки Марибор, Словенија ја истрча делницата со време од 53.65. Претходниот рекорд (55.11) датираше од 1980 година и беше во сопственост на Бранко Илиевски. /MИА

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал.

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОЈО: Жител на Мелница имал три полуавтоматски пиштоли без дозвола

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар.

За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, соопштуваат од Обвинителството.

притисни ентер