Телото на бизнисмен од Босна е пронајдено во шума во близина на Берлин: Мафијашко убиство - Канал 5

Телото на бизнисмен од Босна е пронајдено во шума во близина на Берлин: Мафијашко убиство

Градежниот претприемач од Берлин, Исмет К., кој беше киднапиран пред еден месец, е пронајден мртов.

Телото на бизнисмен од Босна е пронајдено во шума во близина на Берлин: Мафијашко убиство

Неговото тело е откриено закопано во шума во областа Потсдам во петокот, а сите околности укажуваат на ладнокрвна, професионално извршена ликвидација.

Истражителите го пронајдоа скриениот гроб благодарение на анализата на податоците од мобилните базни станици, пишува германскиот таблоид Билд, чиј наслов гласи „Ладнокрвно мафијашко убиство“.

Откривањето на телото по детално пребарување

По неколку недели пребарување, телото на Исмет К., за кого германските медиуми велат дека е од босанско потекло, беше пронајдено во петокот во оддалечена шумска област. Гробот беше внимателно скриен, а сложените траги ги доведоа истражителите до локацијата.

Клучна улога во откривањето одигра анализата на податоците од базните станици на мобилните телефони, што ѝ овозможи на полицијата да го стесни подрачјето на пребарување. На самата локација, специјално обучено куче за следење на човечки остатоци ги потврди сомнежите и го лоцираше местото каде што е погребан претприемачот.

Реконструкција на злосторството

Исмет К. последен пат беше виден пред околу еден месец, по што му се изгуби секоја трага. Полицијата верува дека прво бил киднапиран, а потоа убиен и закопан.

Начинот на кој е извршено злосторството укажува на внимателно планирање.

Истражителите биле особено збунети од детаљот дека неколку стотици евра биле пронајдени во џебовите од облеката на убиениот бизнисмен, што покренува голем број прашања за вистинскиот мотив.

Трагиите водат до професионалци

Иако мотивот сè уште официјално е под истрага, полицијата не ја исклучува можноста дека станува збор за нарачано убиство поврзано со организиран криминал.

Ладнокрвното извршување и професионалниот пристап укажуваат дека сторителите се професионалци. Истрагата сега е фокусирана на деловните и приватните контакти на Исмет К. со цел да се утврди кој можел да има финансиски или друг мотив за такво злосторство.

Сите докази собрани од местото на злосторството се анализираат во потрага по траги што би можеле да доведат до убијците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село

Оваа година немав многу време за одмор.

Филипче: Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село

Одговор на претседателот на СДСМ Венко Филипче на прашањето на Канал 5 каде го минува летниот одмор.

Оваа година немав многу време за одмор.

Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село, таму каде што беа нападнати младите.

Следната недела планирам да одам и во Гостивар, да видам како се луѓето.

Последниот пат кога бев, состојбата беше многу лоша. Владата испрати само три цистерни вода за цел град.

Во меѓувреме ќе се обидам да поминам неколку дена со моите, а потоа ме чека и работата во болница.

Ако ви требаат информации за реалните проблеми на граѓаните, слободно.

За туристички дестинации, подобро прашајте кај оние што летаат со државен авион.

Поздрав,

Венко Филипче

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Меси се врати на фудбалот по смртта на татко му, дочекан со овации

 Еден од најдобрите фудбалери на светотот во историјата, аргентиснкиот волшебник Лионел Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност и само 5 дсена по смртта на неговиот татко Хорхе  се појавуви во тимот на Интер Мајами. 

Видео: Меси се врати на фудбалот по смртта на татко му, дочекан со овации

Еден од најдобрите фудбалери на светотот во историјата, аргентиснкиот волшебник Лионел Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност исамо 5 дсена по смртта на неговиот татко Хорхе се појавуви во тимот на Интер Мајами на синоќешниот дуел од Лига-купот против Леон, меч што неговиот тим сепак го загуби од мексиканскиот претставник на домашен терен со 2-3.

Меси се уште тагува по смртта на неговиот татко, а вчера објави писмо во кое најави дека сериозно размислува набрзо да ја заврши кариерата.

Тој доби слободни денови од управата да остане со семејството се додека не се почувствува подготвен за камбек на терените, но никој не очекуваше тоа да се случи така брзо.

Неговото излегување на теренот беше проследено со аплауз и воодушевување од публиката. Само неколку часа претходно, Меси објави емотивна порака посветена на својот татко на Инстаграм. Во неа, тој ја опиша длабоката болка од загубата и изрази сомнеж дали ќе може уште долго да игра фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прстен вреден милион евра: Возач на Формула 1 филмски ја запроси девојката

Возачот на Формула 1, Џорџ Расел се сврши со убавата Кармен Монтеро Мундт по шестгодишна врска, а вниманието го привлече раскошниот накит со огромна вредност.

Прстен вреден милион евра: Возач на Формула 1 филмски ја запроси девојката

Летната пауза во Формула 1 донесе големи вести од приватниот живот на Џорџ Расел.

Ѕвездата на „Мерцедес“ ја запроси својата долгогодишна девојка Кармен Монтеро Мундт, а посебно внимание привлече луксузниот веренички прстен, чија вредност се проценува на близу еден милион евра.

Британскиот возач во Формула 1 за чинот на запросување избра романтичен амбиент покрај морето. Бели рози, свеќи и зајдисонце беа позадината на моментот кога Кармен се согласи да стане негова сопруга.

Двојката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на Инстаграм, користејќи едноставни симболи – прстен и бело срце. Сепак, набрзо потоа, прстенот стана една од главните теми на социјалните мрежи.

Кармен покажа голем жолт дијамант со овален рез на својата рака, кој според проценките тежи меѓу осум и десет карати.

Централниот камен е опкружен со помали бели дијаманти од двете страни. Повикувајќи се на стручни проценки објавени во германскиот весник „Билд“, порталот „Спортал“ наведува дека овој накит би можел да вреди околу 900.000 евра.

Љубовната приказна меѓу Џорџ и Кармен трае веќе шест години. Тие се запознале во Лондон во 2020 година преку заеднички пријатели; интересно е што Кармен, наводно, во тоа време дури и не знаела со што се занимава Расел. Тој побарал нејзин телефонски број, ја поканил на вечера и сам го подготвил оброкот.

На 18-годишна возраст, Кармен се преселила од Шпанија во Обединетото Кралство, каде што студирала бизнис-менаџмент и финансии на Универзитетот во Вестминстер, а своето образование го продолжила и во Женева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер