Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
2МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
МакедонијаТелеком Србија ги превзема НЕТ ТВ и Тотал ТВГрупацијата Телеком Србија го заврши преземањето на НЕТ ТВ Плус од компанијата United Group, која емитува програма за дијаспората, како и на сателитската телевизија Тотал ТВ во Србија и Македонија.Корисниците во дијаспората преку услугата на НЕТ ТВ отсега ќе имаат повеќе од 150 нови канали (вкупно 362 телевизиски канали) со најатрактивни спортски, филмски, сериски, информативни и забавни содржини од портфолиото на Телеком Србија. Гледачите на НЕТ ТВниз Европа и светот, во новата понуда, ќе можат да уживаат во богати спортски содржини во рамките на Arena Sport каналите. На корисниците ќе им бидат достапни и каналите со најнови домашни серии и филмови, како што е каналот Superstar TV, каналите на RTS, како и најпопуларните регионални и локални канали од Србија и регионот. Покрај поголемиот број канали, корисниците на НЕТ ТВ ќе бидат воодушевени и од значително збогатената понуда на домашни серии и филмови во видео клубот, односно услугата VoD. Дополнителна поволност за корисниците на НЕТ ТВ во Германија, Швајцарија и Австрија е и можноста да станат корисници на мобилните услуги на MTEL, под исклучително поволни услови, кои услуги се скроени согласно потребите на нашите луѓе кои живеат во дијаспората. Постоечките корисници на услугата НЕТ ТВ не треба да ја менуваат опремата и начинот на плаќање останува ист како досега. Телеком Србија, како водечка телекомуникациска групација на Западен Балкан, ја зајакна понудата на сателитска телевизија со преземањето на Тотал ТВ. Почнувајки од април корисниците на Тотал ТВ ќе можат да гледаат бројни канали кои што ги нуди Телеком Србија. На овој начин сите домаќинства кои следат телевизиска програма преку Тотал ТВ ќе уживаат во најдобрите спортски содржини ширум светот на Arena Sport каналите,кои отсега ќе ги емитуваат и содржините од Sport Klub, како и најатрактивните домашни серии и филмови кои се прикажуваат на SUPERSTAR TV каналите. „Со аквизицијата на Тотал ТВ и НЕТ ТВ, компанијата Телеком Србија ја потврди својата лидерска позиција во доменот на дистрибуција на мултимедијални содржини како во Србија и регионот, така и во дијаспората“, изјави генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ и додаде: „Отсега, сите корисници кои гледале телевизиски програми преку Тотал ТВ во Србија и Македонија, како и преку НЕТ ТВширум светот, ќе имаат на располагање значително поголем број на ТВ канали, а посебно би ги истакнал оние кои нудат најдобра спортска и сериска содржина, Arena Sport и Superstar TV. Верувам дека сите наши корисници ќе уживаат новите содржини и дека бројот на корисници на нашите услуги во Србија, регионот но и во дијаспората во иднина ќе расте”. Телеком Србија ќе продолжи да инвестира во мултимедијални содржини, да го одржи и подобри квалитетот на своите услуги за да обезбеди беспрекорно корисничко искуство за своите корисници ширум светот.Тагови: МТЕЛ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини повторно се соблече И покрај негативните коментари на социјалните мрежи, холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот. Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување. Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите. Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата: Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки. „Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“. Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните. Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен. Изглед што потсетува на раните 2000-ти. Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПутин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 денаРускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори. „Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите. -Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена. Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија. Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог. „Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков. Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook